Author: Author 03

Министерот за спорт Борко Ристовски најави формирање на фонд од кој министерството ќе ги помага спортските клубови. Фондот ќе биде формиран после локалните избори, по што до крајот на годината средствата ќе бидат поделени таму кај што се најпотребни. Ристовски ова го кажа во Кочани, на градскиот стадион „Никола Мантов“, каде што се сретна со претставниците на спортските клубови од градот, со спортските работници и наставниците по физичко образование од основните и средните училишта. „Откако сум јас министер поделивме 20 милиони евра, директно за спортот, настрана од капиталните инвестиции. Доколку мене ме прашате, тоа се многу средства. Првата година понекаде…

Повеќе

Рубио изјави дека Москва треба да преземе чекори кон трајно решение на конфликтот во Украина. „Рубио го повтори повикот на американскиот претседател Доналд Трамп за запирање на убиствата и потребата Москва да преземе значајни чекори кон трајно решение на руско-украинската војна“, се вели во соопштението на Стејт департментот. Претходно, руските медиуми објавија дека средбата меѓу рускиот министер за надворешни работи и американскиот државен секретар во Њујорк завршила. Разговорите се одржале зад затворени врати и траеле еден час. Пред тоа, Лавров се сретнал со претседателката на Меѓународниот комитет на Црвениот крст Мирјана Сполјариќ-Егер, со која разговарал за хуманитарните активности во клучните…

Повеќе

Економските показатели во одредени сектори конечно покажуваат позитивни резултати. Ме радува тоа што после долго време податоците за Бруто домашниот производ (БДП) покажуваат дека приватниот сектор е главниот двигател на економскиот раст во нашата земја, со особено значајно учество на градежништвото и земјоделството. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во своето гостување во Бизнис 21 на ТВ21, нагласувајќи дека растот денес не зависи од јавната потрошувачка, туку од активностите и инвестициите на приватните компании. „Она што посебно ме радува и охрабрува е фактот дека приватниот сектор создава нови можности, инвестира во развој и ја стимулира продуктивноста на економијата. Градежништвото бележи…

Повеќе

Американскиот актер Чарли Шин, за време на гостувањето во емисијата „60 минути“, ја запрепасти водителката Амелија Адамс велејќи дека мексиканскиот картел одбил да му продаде дрога поради неговата огромна консумација на кокаин. „Дали картелот ве одбил?“, праша Адамс, на што тој одговори: „Да, ме одбија. Никогаш не виделе некој што нарачал таква количина. Единствените други луѓе на кои им ја снабдувале таа количина биле дилери. Мислеа дека се занимавам со трговија од страна“, рече тој. Таа продолжи да го прашува дали е вистина дека пушел пакувања крек од седум грама. „Никогаш не го извадивме и не го ставивме на вагата,…

Повеќе

Државниот секретар на САД Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, се сретнаа денеска, еден ден откако претседателот Доналд Трамп ја нарече Москва „хартиен тигар“ и изјави дека Украина може да ја врати својата окупирана територија. Рубио и Лавров, заедно со своите делегации, се сретнаа на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. На состанокот присуствуваше и амбасадорот на САД во Обединетите нации, Мајк Валц. Средбата траеше околу 50 минути. Лавров не одговори на прашањата додека си заминуваше, вклучувајќи ги и оние за тоа дали е загрижен за промената на тонот од страна на Трамп…

Повеќе

Експертите од компанијата „Linkee“, која се занимава со софтвер за автоматизација на згради, идентификуваа 10 работни места што ќе станат излишни во наредната деценија. Сè повеќе сме свесни дека вештачката интелигенција го менува начинот на кој живееме и работиме, често преземајќи задачи кои порано ги извршувале луѓето. Тоа се однесува и на многу професии, каде што автоматизацијата и паметните алгоритми ги заменуваат рутинските или репетитивните работи, поттикнувајќи дебати за иднината на трудот и потребните вештини, пишува „danas.rs“. Поради незапирливиот подем на вештачката интелигенција, многу професии се соочуваат со мрачна иднина кога станува збор за човечката работна сила. Анкетата ги земала…

Повеќе

Германската влада денеска изјави дека пресвртот на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со конфликтот во Украина ги зголемува надежите за притисок врз Русија. -Изјавите на Трамп ни даваат причина да се надеваме дека можеме повторно интензивно да разговараме за ова прашање и да го продолжиме притисокот врз Русија, изјави портпаролот на германската влада Стефан Корнелиус. Претседателот на САД, кој нагло го промени својот пристап кон решавањето на конфликтот во Украина, вчера изјави дека Киев би можел да ја врати својата територија во нејзината оригинална форма, а можеби дури и да оди подалеку против Русија. -Русија води војна три и…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, изразувајќи почит кон неговата улога како глас на разумот и правдата во време на големи глобални предизвици и тектонски промени во меѓународниот поредок. Според неа, водството на Гутереш отвора простор за спроведување на потребните реформи на светската организација, а одличното партнерство со тимот на ОН во земјава, резултира со значајна поддршка на реформите за владеење на правото, борбата против корупцијата и доброто управување – приоритети кои се клучни за македонската европска интеграција. Сиљановска-Давкова му се заблагодари на Генералниот секретар на ОН за безрезервната поддршка на македонскиот пат…

Повеќе

Најмалку 84 лица се убиени денеска во израелски напади во Појасот Газа, јави ДПА, повикувајќи се на палестински медицински извори. Повеќето од жртвите се во градот Газа. Израелската армија соопшти дека била подложена на масовен оган од зградата на болницата „Аш Шифа“ и ја обвини исламската група Хамас за нападот. Израелската војска објави снимки кои, според нив, биле направени во последните неколку дена и покажуваат борци кои пукаат од „Аш Шифа“. Израел повеќепати го обвинува Хамас дека користи здравствени установи за воени цели, а и претходно изведуваше операции во „Аш Шифа“. Меѓународната хуманитарна организација КЕАР (Cooperative for Assistance and Relief Everywhere) соопшти дека…

Повеќе

Четири лица загинаа во пад на мал авион во близина на бразилскиот град Акидауан, во регионот Пантанал, објавија денес локалните медиуми. Меѓу загинатите се кинескиот архитект Конѓијан Ју и бразилскиот режисер Луиз Ферез Куња Фераз, објави Си-Ен-Ен Бразил. Според противпожарната служба, сите четири жртви биле мажи кои починале на самото место.

Повеќе