Author: Author 03

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска од Аеродром изјави дека премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го доведоа Скопје до пропаст и го оставија главниот град во државата да тоне во хаос, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го објавува интегрално. „Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со својата неспособност и себичност ги оставија скопјани да тонат во ѓубре и хаос. Градот е вратен назад во развојот. Четири години, Мицкоски и неговата партија го блокираат Град Скопје, а денес се обидуваат да се оправдаат“, рече Филипче. Во изјавата тој посочи дека за тоа што денес се случува со Скопје…

Повеќе

Министерот за здравство Азир Алиу вечерва рече дека утре Стручна комисија ќе оди во тетовската болница и во приватната здравствена установа каде почнало лекувањето на починатото седумгодишно девојче, за да утврди што се случило. Според него, уште е рано да се излезе со информации во јавноста зашто се чекаат резултати и од обдукцијата. Како што информира Алиу, веќе е добиен наод од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, каде е опишан целиот протокол на лекување на девојчето. -Дознавме дека е почнато со лекување во приватна здравствена установа од каде детето завршило на Клиниката во Тетово. Утре Стручна комисија ќе оди во…

Повеќе

Руски воен авион прелета над германска воена фрегата во Балтичкото Море, изјави денеска германскиот министер за одбрана Борис Писториус. – Навлегувањата на руски дронови и воени авиони длабоко во полскиот и естонскиот воздушен простор, како и прелетот над германска фрегата во Балтичкото Море во рок од неколку дена, јасно покажуваат дека Русија буквално ги тестира границите, вклучително и на земјите-членки на НАТО, со сè поголема фреквенција и интензитет, рече Писториус. Прелетите над бродови се сметаат за непотребна провокација. Според извори на ДПА, станува збор за фрегатата „Хамбург“, која моментално учествува во тековните вежби на НАТО под името „Нептун страјк“. Двата прелета се случиле непосредно…

Повеќе

Осум предмети од „кардиолошките случаи“ се завршени, уште пет нови се пристигнати во Фондот за здравство, но очекуваме да ни бидат доставени и други од институции и граѓани, рече вечерва министерот за здравство Азир Алиу. Во гостување на ТВ Сител, Алиу напомена дека резултатите од целиот овој процес ќе бидат соопштени на крај, кога ќе се изготви завршниот извештај. Нема да се оди со делумни информации во јавноста поради сензитивноста на случајот и пред се, за да се поштедат пациентите и нивните семејства. Во експертизата се вклучени Стручна комисија од Министерството за здравство, тим од Лекарската комора по барање на…

Повеќе

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“, вечерва гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска, која дискутираше на повеќе теми како правосудство, и актуелни политички случувања, меѓу кои беше и темата за случувањата околу пожарите и притоа потенцираше дека овие настани не се во корист на Владата, а за тоа доказ се директорите на Дрисла и комунална хигиена кои се токму од опозициската ДУИ. „Очигледно е дека она што го гледаме и со депониите и со ѓубрето дека потребни се казни, мора и казни да постојат за некој којшто го уништува јавното добро. Во времето кога беше СДС…

Повеќе

Миле Лефков, пратеник во Собранието и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа. Тој зборуваше на темата за правосудството во земјава и истакна дека граѓаните имаат јасен и цврст став, а ги спомена и истражувањата на „Транспаренси интернешнл“ кои покажуваат дека корупцијата не се манифестира само во големите случаи, кои се и медиумски експонирани туку и во секојдневните постапки во основните судови, каде ја чувствуваат неправдата. Лефков додаде дека СДС со години ги блокира промените во правосудниот систем, и јак користи политиката како алатка за манипулација со човечката болка. „Кога се обидувате…

Повеќе

Хрватската полиција уапси најмалку тројца осомничени во истрагата за убиството на хрватскиот политичар Зоран Гргиќ во Славонски Брод, јавуваат хрватските медиуми. Според првичните информации, жртвата најпрво била удрена со автомобил, по што врз неа било пукано со огнено оружје. Полицијата потврди дека е приведено лице осомничено за убиството, а локалните извештаи додаваат дека бројот на уапсени изнесува тројца, во координирана акција на повеќе локации. Инцидентот се случил на подрачјето на Славонски Брод. Истражителите работат на реконструкција на настаните и на утврдување на мотивите, додека балистичките и трасолошките вештачења се во тек. Очекувањата се дека по криминалистичката обработка осомничените ќе бидат…

Повеќе

Во една од најчудните и најконтроверзните одлуки донесени од италијанските затворски власти, беше стопирана иницијативата за поделба на кондоми на затворениците во затворот во Павија. Официјалното образложение не е поврзано со морал или религија, туку со безбедносен ризик: властите стравуваат дека затворениците би можеле да ги користат кондомите за да кријат и да шверцуваат дрога, вклучително и со нивно голтање. Иницијативата, која била предложена од локалните здравствени власти како „терапевтска“ мерка за спречување на ширењето на сексуално преносливи болести, предвидувала поделба на 720 кондоми. Сепак, централната Управа за затвори (ДАП) итно ја блокирала одлуката, наведувајќи дека таа претставува „ризик по…

Повеќе

Знаци кои ги привлекуваат парите како магнет овие денови – проверете дали сте меѓу нив! Ако сте родени во еден од следниве знаци, подгответе се за неочекуван прилив на пари. Ѕвездите се порамнија, а космосот ви испраќа сигнал дека е време за финансиски скок. Бик – пари преку труд кои конечно се наградени Бик, вашата работа од изминатите месеци се остварува. Можно е да ве контактира клиент, поранешен работодавач или можност за дополнителен приход. Не ги игнорирајте поканите – зад нив стои профит. Водолија – идеја што носи пари Водолија, вашата креативност е на врвот. Ако имате проект на ум,…

Повеќе

Изградбата на брза пруга на коридор 10, зелени коридори на граничните премини, регионална соработка, поефикасен транспорт на стока и патници, се дел од темите на кои заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска ги отвори на две одвоени средби со министерот за инфраструктура и транспорт на Грција, Христос Димас, како и со алтернативниот министер за инфраструктура и член на Парламентот, Константинос Киранакис. Во рамки на меѓусебната соработка, унапредувањето на патниот и железничкиот транспорт се областите каде двете земји имаат заеднички интерес во насока на регионален развој, беше потврдено на средбите. Заменик претседателот на Владата, Николоски…

Повеќе