- Клековски: Директори на јавни здравствени установи вратија 1,5 милион денари земени преку неправилни пресметки на плати
- Страшна сообраќајка во Ѓорче Петров: Мотоциклист и сопатник повредени при судир со автомобил
- Апсења на повеќе локации во Скопје: Приведени шест лица
- Инцидент во Центар: Мотоциклист нападна малолетник откако децата го погодиле со балонче со вода
- Тешка сообраќајка на експресниот пат с.Петралица – општина Ранковце: 32-годишна жена тешко повредена откако возилото излетало и се превртело
- Кривична пријава за управителка од Крива Паланка: Ги кршела работничките права и го злоупотребила матичниот број на вработен
- Двојна загуба за медиумската сцена: Почина и новинарката Лилјана Алтипармакова
- Во Охрид одржана третата седница на УО на ЗЕЛС: Соработката со Владата влева надеж за брза имплементација на европските стандарди во општините
Author: Author 03
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е „бизнисмен кој се обидува да го принуди светот да купува скапа американска нафта и течен гас“. – Претседателот Трамп никогаш не ја криел својата намера да ги обезбеди економските интереси на Америка. Најлесен начин е да го принуди целиот свет да купува американска нафта и течен природен гас по повисоки цени, изјави Песков во интервју за руската радио станица РБК. Тој тврди, како што пренесува Анадолија, дека Трамп ги остварува своите цели избегнувајќи комплицирани дипломатски тактики, а наместо тоа користи директен економски притисок. Песков, исто така, тврди…
Мајли Сајрус отворено зборуваше за својата страст кон градинарството и како тоа ѝ помага да одржува здрави навики во животот. Во разговор со Памела Андерсон за новото издание на CR Fashion Book, Сајрус откри како процесот на грижа за градината ѝ помогнал да остане трезна. -Градинарството е нешто што го правите за себе. Кога ги поминувам тие мали драгоцени моменти со нешто едноставно како ставање семе во земјата и негово негување, тоа станува многу личен процес, рече Сајрус. Таа откри дека градинарството имало позитивен ефект врз неа и, како што тврди, станало лек за нејзиното патување до трезност, пишува People.…
„Само ние можеме да ја гарантираме сопствената безбедност. Нема безбедносни гаранции, освен пријатели со оружје“, изјави претседателот на Украина, Зеленски, додавајќи оти Русија одбива примирје. Според него рускиот претседател нема да застане и ќе ја турка војната „понапред, пошироко и подлабоко“. „Украина е само првата. Руски беспилотни летала веќе летаат низ цела Европа. Запирањето на Путин сега е поевтино отколку обидот да се заштити секое пристаниште од терористи со морски беспилотни летала. Запирањето на Русија сега е поевтино отколку да се прашувате кој ќе биде туристот што ќе создаде беспилотно летало со нуклеарна боева глава. Запрете го Путин сега или…
Крв, паника и крик среде објект за имиграција се сцените од напад со снајпер во средата наутро во Далас во САД. Од истрелите биле погодени вработени во безбедносна зона на Американската служба за имиграција и царина. Тројца загинале, меѓу нив и напаѓачот кој се самоубил. Меѓу загинатите, најверојатно, има и еден припадник на службата. – Имаме повеќе повредени и загинати лица. Иако не го знаеме мотивот, знаеме дека ваквото насилство станува секојдневие. Ова мора да престане – изјави секретарката за внатрешна безбедност на САД Кристи Ноем. Првичните анализи сугерираат дека напаѓачот пукал однадвор. – Погодени се луѓе што биле во…
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска имаше работна средба со вишиот специјалист за енергетика при Светска банка, Редон Беголи. На средбата, како што соопшти нејизниот кабинет, се разговараше за тековната и идната соработка помеѓу Македонија и Светска банка во областа на енергетиката, со акцент на проекти кои ќе придонесат за зголемување на енергетската безбедност, ефикасност и одржливост. Во октомври, на Годишното собрание на Светска банка во Вашингтон, државите ќе имаат можност да поднесуваат предлог-проекти за кои се бара финансиска и стратешка поддршка. Македонија ќе аплицира со неколку проекти, но како најзначаен се издвојува проектот за изградба…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцуснски, денеска во Њујорк учествуваше на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите од САД – Јадранската Повелба (А5), што се одржа на маргините на 80. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации. Муцунски, какако што јави известувачот на МИА, ја истакна значајната улога на САД и поддршката што ја даваат за оваа регионална иницијатива повеќе од две децении, нагласувајќи дека нејзиното продолжување е од клучно значење за зајакнување на безбедноста, стабилноста и просперитетот на регионот. Тој посочи дека е неопходно постојано да се одговара на предизвиците и заеднички да се наоѓаат…
Цената на златото достигна историски максимум од 3184 евра по унца. Пазарот реагира на најновото намалување на каматните стапки од страна на Федералните резерви на САД. Цената на златото утрово достигна историски максимум од 3184 евра (3755 долари) по унца во 9:30 часот по средноевропско време, јавува агенцијата Анадолу Ајанси.Според податоците од пазарите, цената се зголемила за 0,22 проценти во однос на претходниот ден, продолжувајќи го нагорниот тренд што трае веќе неколку месеци. Историски раст од 42,8% за една година Во последните 12 месеци, цената на златото се движела меѓу 2150 евра (2536,91 долари) и денешните 3184 евра, што претставува…
Гувернерот Трајко Слевски во објава на Фејсбук им појаснува на граѓаните дека регулацијата и контролата на финансиските друштва што издаваат т.н. „брзи кредити“ не е во надлежност на Народната банка (НБ), туку на Министерството за финансии. -Често поставувано прашање (на погрешна адреса): регулацијата и контролата на финансиските друштва, познати кај граѓаните најмногу по одобрувањето т.н. „брзи кредити“, не се во надлежност на Народната банка, туку на Министерството за финансии, напиша Славески на својот пост на Фејсбук.
Во вториот квартал годинава нето надворешниот долг изнесува 4.595 милиони евра, покажуваат податоците од објавеното редовно статистичко соопштение на Народната Банка за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција. -На 30 јуни 2025 година, нето надворешниот долг изнесува 4.595 милиони евра (или 28,2% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во вториот квартал од 2025 година, е зголемен за 44 милиони евра, или за 1%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 67,1%, се вели во соопштението. Во текот на вториот квартал од 2025 година, негативната нето меѓународна инвестициска…
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава, изнесува 45 276 денари и е за 10.5 отсто повискока од истиот месец лани, соопшти Државнииот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 16.5 %, Образование за 15.0 % и Дејности на здравствена и социјална заштита за 14.8 %. Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 4.0 %, Рударство и вадење на камен за 3.3…
