Close Menu
Press24
    Најново

    Нема повеќе заминување од Армијата на 45 години – Војниците добиваат нова можност

    29.10.2026 во 11:22

    ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот

    29.10.2026 во 11:06

    Полицијата нема да признава лична карта и возачка дозвола на телефон – граѓаните мора да ги носат пластичните

    29.10.2026 во 11:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нема повеќе заминување од Армијата на 45 години – Војниците добиваат нова можност
    • ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот
    • Полицијата нема да признава лична карта и возачка дозвола на телефон – граѓаните мора да ги носат пластичните
    • На едно место постудено, на друго потопло – УХМР ги измери температурите, најавува „потоп”
    • Нови детали: За операции на очи наплаќале и од пациентите и од Фондот – под сомнение екс директорот на ФЗОМ Ден Дончев
    • Акција на „Таск форс“ во Македонија: Приведени две лица
    • Уште време за аплицирање: Продолжени конкурсите за финансирање проекти во културата
    • Ревизија со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Манасиевски: Мирен и демократски изборен ден, граѓаните со поддршка на вистинскиот избор

    (ВИДЕО) Манасиевски: Мирен и демократски изборен ден, граѓаните со поддршка на вистинскиот избор

    19.10.2025 во 19:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ се заблагодарува за излезеноста и за искористувањето на демократското право за гласање на овие избори!, изјави на прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Правото на избор е демократски загарантирано право, со кое секој од вас одлучува за својата иднина и за иднината на Македонија.

    Во однос на информациите од ДИК излезеноста до 15ч е 31,33%! Благодариме на сите кои досега излеговте да гласате.

    Денот поминува во фер, мирна и демократска атмосфера без никакви посериозни проблеми и очекуваме одличен резултат на локалните избори. Народот сака да одиме напред, а наша обврска е да ја оправдаме довербата која вие ни ја давате.

    Ги повикуваме граѓаните до завршување на изборниот процес, масовно да го искористат своето право на глас, да излезат и да гласаат. Воедно, им се заблагодаруваме на сите граѓани кои што досега  го искористија своето право за глас.

    Да се заблагодариме и на сите оние коишто го водат овој изборен процес на едно високо ниво, без никакви проблеми, демократски и како што доликува на една држава кандидат за членство во ЕУ.

    Продолжуваме посветено, чесно и со почит кон довербата дадена за вистинскиот избор.

    Во текот на следните часови очекувајте повторно да излеземе со нови информации токму тука од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ“, додаде Манасиевски.

    Прочитај повеќе

    Валандово со проекти вредни милиони денари, финансиска поддршка и за учениците

    29.10.2026 во 09:31

    ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ

    29.10.2026 во 09:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.