Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    ВИДЕО+ФОТО: Нови мотоцикли за полицијата од РСБСП – Вложувања до побезбедни патишта и спасени човечки животи

    08.10.2026 во 11:31

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Утре неколку скопски населби ќе останат без струја – проверете дали сте на списокот
    • Шасивари – Ѓурлек: Зајакнување на соработката меѓу Македонија и Турција во областа на правдата
    • Литванија распоредува војници на границата со Русија
    • Муцунски на средба со бугарската министерка за надворешни работи: Позициите остануваат оддалечени, прашањата за идентитетот не смеат да бидат пречка
    • Николоски: Македонските аеродроми годинава ќе достигнат рекордни 4 милиони патници
    • Кривични пријави за четворица вработени во „Национални шуми“ во Демир Капија: Дозволиле кражба од службен плац
    • Три пакувања дрога пронајдени на прозор во Затвор Идризово
    • Жена ме нападна и ми ги зеде парите, а маж и се закани со нож – разбојништво на кеј во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновски: Со новата стратегија SMART/MK 2030 градиме дигитална економија и обезбедуваме 10-ина милиони евра од eвропските фондови

    Андоновски: Со новата стратегија SMART/MK 2030 градиме дигитална економија и обезбедуваме 10-ина милиони евра од eвропските фондови

    20.10.2025 во 22:231 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Технолошките иновации се срцето на развојот на модерната држава. Во Подгорица, на министерскиот самит на Европската комисија за стартапи, истражување и иновации, ја претставив македонската визија: иновација што создава можности, задржува таленти и гради конкурентност дома, а не во странство, објави на својот ФБ профил министерот за дигитална транформација Стефан Андоновски.

    Тој посочува дека со INNOFEIT EDIH – првиот Европски дигитален иновациски хаб во Македонија, се поврзуваат универзитетите, стартапите, Владата и индустријата, а Везилка – Националниот центар за вештачка интелигенција, вреден речиси шест милиони евра, го позиционира Скопје во европската мрежа на иновациски центри.

    Со новата стратегија SMART/MK 2030 и европското законодавство (NIS2, е-идентитет, е-архива, заштита на податоци) градиме дигитална економија која ја поврзува науката, индустријата и граѓаните и обезбедуваме десетина милиони евра од Европските фондови. Иднината треба да се создава тука, дома – со Европа како партнер и со европски вредности како водилка, стои во објавата на ФБ на Андоновски.

    Прочитај повеќе

    Шасивари – Ѓурлек: Зајакнување на соработката меѓу Македонија и Турција во областа на правдата

    08.10.2026 во 18:16

    Муцунски на средба со бугарската министерка за надворешни работи: Позициите остануваат оддалечени, прашањата за идентитетот не смеат да бидат пречка

    08.10.2026 во 17:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.