Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Градежни активности во велешката приградска населба Превалец

    Градежни активности во велешката приградска населба Превалец

    21.10.2025 во 18:471 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Велес започна со изведување градежни активности за реконструкција на дел од регионалниот пат кој минува низ приградската велешка населба Превалец, од кај рампата на железничката пруга до излезот од населбата, кај „Макпетрол“.

    Општина Велес дел од работите од првата фаза која е во тек  ги изведува со средства од општинскиот буџет, а во втората фаза ќе ги изведува со финансиска поддршка со Јавното претпријатие за државни патишта и ЈП „Македонија пат“ како изведувач на работите.

    Како што денеска информираат од Општина Велес, во првата фаза која е во тек се поставуваат рабници на дел регионалниот пат кој минува низ населбата Превалец од кај рампата на железничката пруга до излезот од населбата кај „Макпетрол“, а во должина од 400 метри, а по што ќе следи поплочување на дел од тротоарот.

    По завршување на овој дел од градежните зафати на истиот потег од кај преминот на железничката пруга низ населбата до излезот од населбата кај „Макпетрол“ Општина Велес  во соработка со ЈП за државни патишта како финансиер и ЈП „Македонија пат“ како изведувач во втората фаза – следната недела ќе се изврши гребење на стариот асфалтен слој и постилање на нов асфалт. 

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.