Close Menu
Press24
    Најново

    Ограбена црква во кривопаланечко: Однесени пари и бакарен котел

    03.08.2026 во 15:55

    Приведен полицаец во Стар Дојран: Претепал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син

    03.08.2026 во 15:39

    „Колапс“ на ГП Богородица: Се чека по три часа за излез од Македонија

    03.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ограбена црква во кривопаланечко: Однесени пари и бакарен котел
    • Приведен полицаец во Стар Дојран: Претепал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син
    • „Колапс“ на ГП Богородица: Се чека по три часа за излез од Македонија
    • Гаши во Каиро: Македонија е пример за меѓурелигиски и мултиетнички соживот
    • Избегната трагедија: Приведен пијан пешак на автопатот Гостивар–Тетово, шетал по коловозот и навредувал полицајци
    • УХМР со најнови податоци: Гевгелија и Велес ги соборија денешните температурни рекорди
    • Приведен 52-годишен стружанец: Навредливо се однесувал кон службени лица на прославата за 2 Август во Ташмаруништа
    • Тешко повредено 4-годишно дете од Скопје: Во него удрило возило со швајцарски таблички
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Огњеновиќ: Додека власта троши на тендери, студентите во „Гоце Делчев“ живеат со глувци и без топла вода

    (ВИДЕО) Огњеновиќ: Додека власта троши на тендери, студентите во „Гоце Делчев“ живеат со глувци и без топла вода

    13.05.2026 во 13:261 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Петар Огњеновиќ, денеска од пред студентскиот дом „Гоце Делчев“ упати остри критики до власта, обвинувајќи за негрижа и распад на студентскиот стандард. Според него, студентите се соочуваат со понижувачки услови додека парите се трошат на други намени.

    Огњеновиќ истакна дека симболот на студентскиот живот е претворен во симбол на распад на системот.

    „Додека криминалците на власт лапаат пари од криминални тендери, за младите студенти се оставени без основни услови, немаат топла вода, немаат соодветна храна, глувци им се шетаат по собите. Ова е понижување а не достоинствен живот“, изјави Огњеновиќ.

    Тој ја обвини владата на Мицкоски дека намерно ги блокира европските процеси, што според него директно влијае врз иднината на младите и ги принудува на иселување.

    „Наместо европски студентски стандард, модерни кампуси и услови какви што имаат младите во Европа, македонските студенти добиваат мувла, студени соби, мувла и распаднати тоалети. Ова е последица на една криминална власт“, истакна претставникот на СДСМ.

    Опозициската партија порача дека младите не прифаќаат чекање со децении за влез во ЕУ и бараат парите од буџетот да одат за студентскиот стандард наместо за бизнис интереси.

    Прочитај повеќе

    Гаши во Каиро: Македонија е пример за меѓурелигиски и мултиетнички соживот

    03.08.2026 во 15:06

    СДСМ: Што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа

    03.08.2026 во 10:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.