Author: Author 03

Во поројните дождови и одрони на земјиште што го зафатија Виетнам минатиот викенд досега загинаа најмалку 43 лица, соопштија локалните власти. Уште девет лица се водат како исчезнати, информира Агенцијата за управување со катастрофи во земјата. Речиси 70.000 куќи сè уште се поплавени, принудувајќи илјадници луѓе да се евакуираат. Многу жители беа принудени да избегаат од надојдените води качувајќи се на покриви. Во поплавите загинаа и десетици илјади животни. Локалните медиуми ја опишаа ситуацијата како „историска поплава“. Најтешко погодени области се градот Куј Нон, популарното крајбрежно одморалиште Ња Чанг и други делови на централен Виетнам. Многу патишта беа блокирани од…

Повеќе

Белгиската полиција соопшти дека привела медицинска сестра ангажирана за домашна нега, под сомнение за измама на Националниот фонд за здравствено и инвалидско осигурување (ИНАМИ/РИЗИВ) за „повеќе милиони евра“. Истрагата утврдила дека приведената сестра, Стефани Сандер, пријавувала фиктивни случаи на медицинска нега, врз основа на кои ѝ биле исплаќани средства од Фондот. Од 2017 година до денес, Сандер пријавила најмалку 524 фиктивни случаи, за што Фондот ѝ исплатил 1,7 милиони евра. По обелоденувањето на скандалот, белгискиот вицепремиер и министер за здравство и социјални работи, Франк Ванденбруке, најави воведување нов правилник со кој ќе се ограничи бројот на пациенти што една медицинска…

Повеќе

Кремљ соопшти дека сè уште не е информиран дека Украина е подготвена за преговори околу мировниот план за ставање крај на војната што го предложи американскиот претседател Доналд Трамп, пренесе БТА. Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека разговарал со секретарот на Армијата на САД, Ден Дрискол, за начините за постигнување мир и вети дека двете страни ќе работат на точките од планот. Кабинетот на Зеленски претходно официјално соопшти дека тој добил нацрт-план од САД за дипломатско решение на конфликтот во Украина, кој почна со инвазијата на Русија на 24 февруари 2022 година. ТАСС денеска прецизира дека портпаролот на Кремљ,…

Повеќе

Цените на недвижностите во Србија во првата половина од 2025 година достигнале рекордни износи, покажуваат податоците на Републичкиот геодетски завод. Најскапиот квадрат станбен простор е продаден за 9.805 евра на локацијата „Белград на вода“, додека најскапото гаражно место – исто така на „Савски венац“ – чини 66.000 евра, речиси како цена на стан во некои делови од земјата. Најскапата куќа е продадена за 3,8 милиони евра, а најскапото земјоделско земјиште – за 1,2 милиони евра во општината Кула. Во Крагуевац, пак, најскапиот деловен простор достигнал вредност од 2,4 милиони евра. Во „Белград на вода“ е забележана и најголемата трансакција –…

Повеќе

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) предупреди дека сезоната на грип годинава започнала три до четири недели порано од вообичаеното, поради појавата на нова варијанта на вирусот. Според ЕЦДЦ, станува збор за подваријанта на сојот H3N2, која се шири побрзо и веќе предизвика зголемување на бројот на заболени во неколку европски земји. Центарот истакнува дека оваа нова варијанта не е вклучена во овогодишната вакцина против грип, затоа што составот на вакцините бил утврден во февруари, кога варијантата сè уште не била присутна. Поради тоа, бројот на заболени оваа сезона би можел да биде поголем од вообичаениот, особено…

Повеќе

Долгорочната прогноза за крајот на 2025 и почетокот на 2026 година покажува дека претстојната зима ќе биде релативно блага, но со неколку периоди на студ и повремени врнежи од снег, особено во втората половина на декември и во текот на јануари. Ноември 2025 – потопол од просекот, со малку врнежи Во ноември ќе преовладуваат високи температури за овој период, кои најчесто ќе се движат меѓу 16 и 22 степени. Врнежите ќе бидат поретки, со кратки дождливи денови околу 19–21 ноември и кон крајот на месецот. Снег не се очекува. Декември 2025 – стабилно, суво и релативно топло Декември ќе донесе…

Повеќе

Европските претставници ја одбија последната понуда на американскиот претседател Доналд Трамп за мировен договор кој е во корист на Москва, предупредувајќи дека попуштањето пред Русија само ќе го охрабри претседателот Владимир Путин да ја нападне и таа членка на НАТО, јави „Политико“. Шефицата за надворешна политика на Европската Унија, Каја Калас, му порачала на тимот на Трамп дека нацрт-договорот за прекин на огнот од 28 точки нема да успее без поддршка од Киев и европските влади. Американскиот предлог предизвикал загриженост во европските престолнини, особено поради тоа што тие биле исклучени од неговото изготвување. Според еден европски функционер, договорот „не претставува…

Повеќе

Грчката полиција со поддршка на албанските власти уапси осум лица поврзани со криминална организација која краделе облека од продавници во Атина и ја препродавале во Тирана. Меѓу уапсените се 54-годишна странска државјанка, водач и координатор на групата, двајца членови на нејзиното семејство и уште пет лица, по кои се трага. Возраста на уапсените се движи од 33 до 63 години. Полицијата запленила голема количина украдена облека и 71.420 евра. Организацијата користела девет возила за извршување на кражбите, а дел од операцијата била паралелна во поширокиот регион на Атика и во Тирана. Според истрагата, криминалната група била составена од две подгрупи:…

Повеќе

Високите европски дипломати порачаа дека Европа мора да биде вклучена во секој обид за мировен договор меѓу Украина и Русија, откако се појавија информации за наводен американско-руски план кој би му одел во прилог на Москва. Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, нагласи дека без согласност од Украина и европските држави не може да има валиден мировен план. Таа истакна дека мирот мора да биде „праведен и траен“ и дека ЕУ ќе продолжи со санкции и со силна поддршка за Киев. Сличен став изнесе и германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, кој порача дека секоја дискусија за примирје мора…

Повеќе

Силното невреме со обилни врнежи од дожд, грмотевици и силен ветер предизвика сериозни штети на грчкиот остров Крф, во областа Епир, како и во градовите Јанина, Арта, Парга и Игуменица. Лизгања на земјиштето, паднати карпи, блокирани патишта и поплави ги погодија западните и северозападните делови на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. На Крф, обилните дождови направија големи проблеми во северниот дел на островот, при што многу области останаа непроодни. Слична е ситуацијата и во поширокиот регион на Епир, каде што реката Каламас се излеа и поплави земјоделски површини. Според Националната опсерваторија во Атина, времето во Грција во периодот…

Повеќе