Author: Author 03

Ѕвездата на „OnlyFans“, Лили Филипс, откри дека е бисексуалка, а потоа истакна дека дефинитивно ќе „се смири покрај жена бидејќи се разбираат на подлабоко ниво“. Лили Филипс откри дека е бисексуалка и дека може да се замисли себеси како се сместува со жена. Креаторката на содржини за возрасни, позната по своите смели онлајн акробации, досега ретко зборуваше за својот љубовен живот. Но, додека претходно се појавуваше исклучиво на екраните во сексуални односи со мажи, фановите сега ќе ја видат и нејзината друга страна. „Мислам дека сега, во 2025 година, не е толку различно од излегувањето со стрејт луѓе“, изјави таа за…

Повеќе

Бројот на загинатите во катастрофалните поплави што го зафатија јужниот дел на Тајланд се искачи на 33 лица, соопшти портпаролот на Владата, Сирипонг Ангкасакулкиат. Минатонеделните поројни дождови предизвикаа надоаѓање на водите во десет јужни провинции, оставајќи зад себе уништена инфраструктура и илјадници евакуирани жители. Најтешко погоден е градот Хат Јаи, каде што е регистрирана рекордна количина врнежи во последните 300 години – само за еден ден паднале 335 милиметри дожд. Властите распоредиле воени бродови, хеликоптери и спасувачки тимови за да стигнат до отсечените заедници. Медицинските екипи се подготвуваат еден носач на авиони да го претворат во пловечка болница, поради огромниот…

Повеќе

Не се лутам на тие што нема да веруваат Имам секојдневна вечерна рута за пешачење. Вечерва на рутата покрај булеварот Х. Т Карпош на местото каде што почна да се гради мега парк, забележав поголема група на луѓе. Се доближив и етего градоначалникот на Скопје-Орце Георѓиевски, неговиот тим и директорот на улици и патишта вршат увид на проектот во 21 часот, напиша градоначалникот на Бутел Дарко Костовски. Следат и други големи проекти за Бутел во соработка со градот Скопје. Најдоброто допрва доаѓа !Браво Орце !, стои во објавата на Костовски на ФБ.

Повеќе

Мачу Пикчу, најпознатото археолошко богатство на Перу и светско наследство на УНЕСКО, последните месеци се соочува со сериозни тензии поради спор меѓу автобуски оператори кои ја опслужуваат единствената рута од Агуас Калиентес до објектот. Како што јавува Би-Би-Си, околу 1.400 туристи неодамна беа евакуирани по блокади поврзани со конфликтот. Главната причина е промената на концесионерот за автобуската линија – долгогодишниот оператор Консетур ја изгуби лиценцата во корист на новата компанија Сан Антонио де Торонтој. Поради правни постапки, новиот оператор сè уште не започнал со работа, а Консетур продолжува да ги превезува посетителите. Локалните заедници се длабоко поделени: дел сметаат дека…

Повеќе

Патријарх Цариградски. Роден е во Антиохија во 354 година, од татко Секунд, војвода, и мајка Антуса. Изучувајќи ја грчакта философија Јован се згнаси од грчкото незнабоштво и ја усвои христијанската вера како едиствена и целосна вистина. Крштение прими од Мелетиј, патријархот Антиохиски, а потоа примија Крштение и неговите родители. По смртта на родителите се замонаши и почна строго да се подвизува. Тогаш ја напиша книгата „За свештенството“ и тогаш му се јавија Светите апостоли Петар и Јован и му прорекоа голема служба, голема благодат, но и големо страдање. Кога требаше да биде посветен за свештеник се јави ангел Божји: истовремено…

Повеќе

Жртва на семејно насилство ставила евтина спирала и стасала до операција – АФЖ Левица предлага државата да субвенционира квалитетни контрацептивни средства за жртвите, се наведува во соопштението од Левица, што МИА го пренесува интегрално. ,,Со тоа што ставив евтина спирала, почнав да отекувам… Спиралата ја ставив поради тоа што физичкото насилство беше пропратено со сексуално насилство… Спиралата ја ставив пред 4 – 5 години, за пред некој ден да видам дека прснала, сè околу неа загноило и целата сум отечена. Од сето тоа се соочив со сериозни последици и морав итно да одам на операција”, ова е сведоштво на жртва…

Повеќе

Предлог-измените на Законот за данокот на додадена вредност денеска во второ читање ќе се најдат пред членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Со предложените измени се предвидува бришење на ослободувањето од ДДВ за увоз на пратки со мала вредност (до 22 евра) испорачани од странство кон приматели во земјата. Наместо тоа, ќе се воведе ново ослободување – но само за мали, некомерцијални пратки испратени од физичко лице до физичко лице, чија вредност не надминува 22 евра. Ова ослободување нема да важи за алкохол и алкохолни пијалаци, парфеми, тоалетни води, како и за тутун и преработки од тутун. На…

Повеќе

Општинската зграда синоќа светна во портокалова боја, а градоначалникот Петар Јанков на жените и девојчињата коишто се соочуваат со насилство им порача дека не се сами. Вака во Струмица започна Кампањата 16 дена активизам за борба против секаков вид насилство, со фокус на дигиталното насилство врз жените и девојчињата. Градоначалникот Петар Јанков рече дека борбата против насилството мора да биде постојана, одлучна и заедничка. -Портокаловата светлина го означува нашиот колективен став: дека Струмица е град кој не го свртува погледот од проблемот, туку стои цврсто на страната на жртвите и во одбрана на нивните права. Во наредните 16 дена ќе…

Повеќе

Власта на Христијан Мицкоски продолжи каде што застана Груевски, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на работилница на Форумот на жени на СДСМ. -Нашите граѓани секој ден по различни фокус групи сфаќаат што губат со власта на ВМРО-ДПМНЕ. Гледаме како кога на власт ќе дојде еден авторитарен режим кој што не се грижи за ништо друго, освен за своите сопствени, тесни, теснопартиски интереси, се друго паѓа во втор план. Како беа гласни работниците за своите права, за своите плати, а каков притисок сега им прават на дневно ниво, на дневна основа. Што прават докторите сега? Ние во првите години за 40%…

Повеќе

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на работилница организирана од Форумот на жени на СДСМ во рамките на кампањата „16 дена активизам за борба против насилството врз жените и девојчињата“-„Гласни за живот без страв“, истакна дека СДСМ е партијата која системски ја постави борбата против родово базираното насилство како државен приоритет. Тој нагласи дека преку воспоставување закони, институционални реформи и услуги за заштита на жените и девојките, СДСМ создаде основи за долгорочни и одржливи политики за заштита на жените од насилство. „Тоа што се направи во изминатиот период треба да продолжиме да го промовираме и преку сите инструменти…

Повеќе