Author: Author 03

Во гостувањето на ТВ Сител говорев за случувањата во Собранието, за актуелните политички процеси и за тоа кога ја поднесов оставката од местото координатор на пратеничката група, како и со кого сум се среќавал. Важно е јавноста да добива точни и проверени информации, а не сензационализам и шпекулации, пишува на ФБ екс министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. „СДСМ може да се врати на победнички курс со мобилизација на искусните, посветени и силни кадри што ги имаме во партијата. Потребни се енергија, активност и обединетост за идните политички предизвици. Секако мислам на оние што се моментално пасивни и треба повторно…

Повеќе

Актуелниот пратеник и поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски , во госрување во ТВ Сител откри дека одамна побарал да биде разрешен од функцијата координатор на пратеничката група на СДСМ. Тој истакна дека неговото барање не било поврзано со слабите резултати на локалните избори, туку со сосема друга ситуација во партијата. Спасовски објасни дека решил да се повлече во периодот кога во јавноста се подготвуваше резолуцијата за односите со Бугарија. Според неговите зборови, веднаш кога документот требало да се достави во Собранието, тој изразил несогласување со стратегијата што ја туркал дел од раководството — особено со идејата за таканаречените…

Повеќе

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчеравечер во Македонскиот културно-информативен центар во Белград ја отвори изложбата „Откритија“, прва од серијата изложби посветени на македонски ликовни уметници чии дела се чуваат во приватни белградски колекции. Во присуство на многубројни гости, министерот Љутков во своето обраќање истакна дека изложбата на која се претставени дела од реномирани македонски уметници, меѓу кои и дела од основоположниците на современата македонска ликовна уметност во сопственост на познатиот белградски колекционер Игор Станковиќ, претставува топол културен мост меѓу Македонија и Србија. „Делата на Папрадишки, Личеноски, Мартиноски, Чемерски, Мазев, Георгиевски, Коџоман, Корубин, Луловски, Бајалска… вечерва нѐ обединуваат во…

Повеќе

Во Прилеп синоќа повторно дрвокрадци камикази и повторно намерно судар со службено возило на шумската полиција, информираше на социјалните мрежи заменик-директорот на Национални шуми, Кире Михаилов. Две лица се приведени на лице место, по останати две кои се познати се трага, а двете возила и огревното дрво се одземени и предадени во ПШС „Црн Бор“ – Прилеп. На местото доцна во ноќта извршила увид и фотографирање увидна екипа од МВР. Инаку се работи за добро познати дрвокрадци за кои и претходно има поднесувано пријави за дела поврзани со дрвокрадството. Нема да отстапиме од оваа битка, не знам како повеќе треба…

Повеќе

На Комисијата за финансирање и буџет, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, го образложи амандманот на пратеничката група со кој се бараше зголемување на ставката за трансфери кон Фондот за здравствено осигурување, а со цел да се создадат услови породилното отсуство да се продолжи од сегашните 9 на 12 месеци. „Ова е и препорака на Светската здравствена организација. Првата година од животот на детето е клучна за неговото здравје и неговиот понатамошен развој,“ истакна пратеникот од Левица. Тој посочи дека продолжувањето на породилното има силно позитивно влијание и врз здравјето на мајките. „Истражувањата покажуваат дека колку е подолго породилното отсуство, толку…

Повеќе

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, од една страна и претседателот на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, Блаж Бродњак и членот на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, Антонио Аргир, од друга, потпишаа договор за меѓусебна соработка којшто ѝ овозможува на Народната банка да започне со плаќања преку СЕПА. Од 9 декември 2025 година, државата и државните институции ќе можат да плаќаат и да примаат средства во евра, согласно стандардите на СЕПА, побрзо, побезбедно и со пониски и фиксни надоместоци. Наместо досегашните просечни трошоци од 14 евра за плаќање преку кореспондентните банки, плаќањата преку СЕПА ќе чинат 3 евра…

Повеќе

Ѕвездата на „OnlyFans“, Лили Филипс, откри дека е бисексуалка, а потоа истакна дека дефинитивно ќе „се смири покрај жена бидејќи се разбираат на подлабоко ниво“. Лили Филипс откри дека е бисексуалка и дека може да се замисли себеси како се сместува со жена. Креаторката на содржини за возрасни, позната по своите смели онлајн акробации, досега ретко зборуваше за својот љубовен живот. Но, додека претходно се појавуваше исклучиво на екраните во сексуални односи со мажи, фановите сега ќе ја видат и нејзината друга страна. „Мислам дека сега, во 2025 година, не е толку различно од излегувањето со стрејт луѓе“, изјави таа за…

Повеќе

Бројот на загинатите во катастрофалните поплави што го зафатија јужниот дел на Тајланд се искачи на 33 лица, соопшти портпаролот на Владата, Сирипонг Ангкасакулкиат. Минатонеделните поројни дождови предизвикаа надоаѓање на водите во десет јужни провинции, оставајќи зад себе уништена инфраструктура и илјадници евакуирани жители. Најтешко погоден е градот Хат Јаи, каде што е регистрирана рекордна количина врнежи во последните 300 години – само за еден ден паднале 335 милиметри дожд. Властите распоредиле воени бродови, хеликоптери и спасувачки тимови за да стигнат до отсечените заедници. Медицинските екипи се подготвуваат еден носач на авиони да го претворат во пловечка болница, поради огромниот…

Повеќе

Не се лутам на тие што нема да веруваат Имам секојдневна вечерна рута за пешачење. Вечерва на рутата покрај булеварот Х. Т Карпош на местото каде што почна да се гради мега парк, забележав поголема група на луѓе. Се доближив и етего градоначалникот на Скопје-Орце Георѓиевски, неговиот тим и директорот на улици и патишта вршат увид на проектот во 21 часот, напиша градоначалникот на Бутел Дарко Костовски. Следат и други големи проекти за Бутел во соработка со градот Скопје. Најдоброто допрва доаѓа !Браво Орце !, стои во објавата на Костовски на ФБ.

Повеќе

Мачу Пикчу, најпознатото археолошко богатство на Перу и светско наследство на УНЕСКО, последните месеци се соочува со сериозни тензии поради спор меѓу автобуски оператори кои ја опслужуваат единствената рута од Агуас Калиентес до објектот. Како што јавува Би-Би-Си, околу 1.400 туристи неодамна беа евакуирани по блокади поврзани со конфликтот. Главната причина е промената на концесионерот за автобуската линија – долгогодишниот оператор Консетур ја изгуби лиценцата во корист на новата компанија Сан Антонио де Торонтој. Поради правни постапки, новиот оператор сè уште не започнал со работа, а Консетур продолжува да ги превезува посетителите. Локалните заедници се длабоко поделени: дел сметаат дека…

Повеќе