Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО: Струмичката општинска зграда светна во портокалова боја

    ФОТО: Струмичката општинска зграда светна во портокалова боја

    26.11.2025 во 09:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општинската зграда синоќа светна во портокалова боја, а градоначалникот Петар Јанков на жените и девојчињата коишто се соочуваат со насилство им порача дека не се сами.

    Вака во Струмица започна Кампањата 16 дена активизам за борба против секаков вид насилство, со фокус на дигиталното насилство врз жените и девојчињата.

    Градоначалникот Петар Јанков рече дека борбата против насилството мора да биде постојана, одлучна и заедничка.

    -Портокаловата светлина го означува нашиот колективен став: дека Струмица е град кој не го свртува погледот од проблемот, туку стои цврсто на страната на жртвите и во одбрана на нивните права.

    Во наредните 16 дена ќе спроведеме низа активности: едукативни настани, информативни кампањи, трибини и работилници, со јасна цел да ги подигнеме свеста и знаењето за тоа што е дигитално насилство, како да го препознаеме и како да се заштитиме. Но и уште поважно, како општество да изградиме мрежа на солидарност, каде жртвите не се осудени на тишина, туку на поддршка.

    Дозволете ми вечерва да упатам порака:

    До жените и девојчињата кои се соочуваат со насилство — не сте сами.

    До граѓаните — не молчете кога гледате неправда.

    До институциите — да бидеме уште побрзи, уште похрабри и уште почувствителни во заштитата на секој човек.

    Струмица отсекогаш била град на солидарност и напредок. Нека портокаловата светлина што светка од нашата општина биде потсетник дека тука секоја жена и секое девојче има право на живот без насилство, и дека тоа право ќе го браниме секој ден, не само во овие 16 дена, туку 365 дена во годината, рече градоначалникот Јанков.

    Градоначалникот Јанков му се заблагодари на здружението ,,Скај Плус” за вложениот труд и хуманоста во борбата против насилството врз жените и најави продолжување на партнерството кое досега им помогна на многу жени.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.