Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски, Рокас и Дрекслер на дебата во Скопје
    • Над 120 амандмани на маса – Расправа за вториот ребаланс на Буџетот
    • Ќе нема струја 5 ипол часа – Исклучувања во повеќе скопски населби
    • Мицкоски во Црна Гора – Самит за економијата, безбедноста и ЕУ-интеграцијата
    • Јаневска во Брисел на министерски состанок за истражување и иновации
    • Свеченост во Скопје: Заклетва на новата генерација питомци на Воената академија
    • УХМР најавува невреме – Од недела заладување
    • Во речиси сите европски градови расте бројот на смртни случаи поради жештините
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски, Рокас и Дрекслер на дебата во Скопје

    Николоски, Рокас и Дрекслер на дебата во Скопје

    22.10.2026 во 08:131 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје и фондацијата „Конрад Аденауер“ денеска организираат панел-дискусија посветена на стратешките односи меѓу Европската Унија и Северна Македонија во услови на променета геополитичка реалност.

    Настанот, насловен „Стратешка поврзаност за стабилност: ЕУ и Северна Македонија во новата геополитичка реалност“, ќе започне со поздравни обраќања на Даниел Браун, претставник на фондацијата „Конрад Аденауер“, и Марко Трошановски, претседател на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје.

    На панелот ќе учествуваат вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, германската амбасадорка Петра Дрекслер, евроамбасадорот Михалис Рокас, Флориан К. Фајерабенд, заменик-раководител на одделот Европа/Северна Америка при фондацијата „Конрад Аденауер“, како и професорот Иван Дамјановски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

    Дискусијата ќе биде насочена кон улогата на соработката меѓу ЕУ и Северна Македонија во зајакнувањето на стабилноста, отпорноста и развојот на земјата и регионот, во услови на актуелните геополитички предизвици и промени во европската безбедносна архитектура.

    Посебен акцент ќе биде ставен на политичките, економските и инфраструктурните аспекти на европската интеграција и нивното значење за Северна Македонија во контекст на актуелните меѓународни случувања, најавуваат организаторите.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Над 120 амандмани на маса – Расправа за вториот ребаланс на Буџетот

    22.10.2026 во 08:12

    Ќе нема струја 5 ипол часа – Исклучувања во повеќе скопски населби

    22.10.2026 во 08:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.