Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • На продажба станови, деловен простор и возила – УЈП денеска со онлајн аукција
    • Николоски, Рокас и Дрекслер на дебата во Скопје
    • Над 120 амандмани на маса – Расправа за вториот ребаланс на Буџетот
    • Ќе нема струја 5 ипол часа – Исклучувања во повеќе скопски населби
    • Мицкоски во Црна Гора – Самит за економијата, безбедноста и ЕУ-интеграцијата
    • Јаневска во Брисел на министерски состанок за истражување и иновации
    • Свеченост во Скопје: Заклетва на новата генерација питомци на Воената академија
    • УХМР најавува невреме – Од недела заладување
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » На продажба станови, деловен простор и возила – УЈП денеска со онлајн аукција

    На продажба станови, деловен простор и возила – УЈП денеска со онлајн аукција

    22.10.2026 во 08:201 Min Read
    Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Управата за јавни приходи објави нов оглас за продажба на движен и недвижен имот преку електронска јавна аукција. Во понудата се вклучени деловни простори, дел од стан, патнички и товарни возила, како и различни видови индустриска и градежна опрема.

    Според огласот број 09/2026, на продажба се нудат деловен простор од 31 квадратен метар во Прилеп, деловен простор од 108 квадратни метри во Струмица, како и идеална половина од стан со вкупна површина од 89 квадратни метри, односно 44,5 квадратни метри, во Битола.

    На аукцијата ќе се продаваат и шивачки и текстилни машини, индустриска опрема, опрема за гориво, градежна механизација и вилушкари.

    Заинтересираните лица што сакаат да учествуваат треба да креираат кориснички профил на официјалниот портал за електронски аукции на Управата за јавни приходи. Услов за учество е и уплата на депозит во висина од 10 проценти од утврдената вредност на предметот што се продава.

    Крајниот рок за уплата на депозитот беше 15 октомври 2026 година, додека електронското јавно наддавање е закажано за 22 октомври 2026 година, од 11 до 13 часот.

    Сите детали за условите за учество, предметите што се продаваат и можностите за нивен увид се достапни на официјалниот портал e-aukcii.ujp.gov.mk.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Николоски, Рокас и Дрекслер на дебата во Скопје

    22.10.2026 во 08:13

    Над 120 амандмани на маса – Расправа за вториот ребаланс на Буџетот

    22.10.2026 во 08:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.