- Една земја воведува ригорозен закон: Се забрануваат социјалните мрежи за млади под 16 години
- Воена ескалација: Иран нападна 18 американски воени цели и го блокираше Ормутскиот теснец
- Летаа казни во Сарај и Ѓорче – Засилена сообраќајна контрола
- СДСМ: Мицкоски и бандата не градат за Македонија, туку за странски интереси
- Помалку одобренија и пониска вредност на градежни проекти во април
- Трагедија во Кина: Најмалку седум лица загинаа во силна експлозија, десетици се повредени
- ФОТО: „Спремни за средно“ – Кисела Вода организираше бесплатна полуматурска прослава
- Портокалов метео-аларм во Србија: Се очекуваат силни бури со град
Author: Author 03
На 21 ноември православните христијани го одбележуваат празникот посветен на Свети Архангел Михаил, кој во верата се смета за заштитник, чувар и водич на душите. Традицијата го претставува како небесен бранител што се појавува со меч или сфера – знак на сила, ред и духовна власт. Во народното верување, луѓето му се обраќаат не само за заштита од видливи опасности, туку и кога се соочуваат со страв, немир или внатрешни искушенија. Според преданијата, молитвата кон него на овој ден особено силно се слуша и носи мир и охрабрување. Една од познатите молитви гласи: „Господи, испрати го Твојот архангел Михаил да…
Руската војска соопшти дека го освоила градот Купјанск, важно украинско упориште на североистокот на земјата, каде што во последните недели руските сили напредуваа. Командантот на Западната група трупи, Сергеј Кузовљев, му кажал на претседателот Владимир Путин дека „руските сили го завршија ослободувањето на градот Купјанск“. Купјанск, со предвоено население од околу 55.000 жители, беше под руска контрола неколку месеци во 2022 година, но Украина го ослободи во септември истата година. Путин изјави дека жестоки борби продолжуваат и во Костјантинивка, клучно украинско упориште во регионот Донецк, додавајќи дека главната задача на руските сили е „безусловно да ги постигнат целите на Специјалната…
Обавен е мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп кој содржи 28 точки, пренесува Новости. Тие вклучуваат одредби што се однесуваат на територијални прашања, реконструкција и политички статус на Украина, објави украинскиот пратеник Олексиј Гончаренко. Ова се 28 точки: 1. Суверенитетот на Украина ќе биде потврден. 2. Русија, Украина и Европа ќе склучат сеопфатен пакт за ненапаѓање; сите спорови од последните 30 години ќе се сметаат за решени. 3. Русија се обврзува да не ги напаѓа соседните земји, а НАТО се обврзува да не се шири понатаму. 4. САД ќе дејствуваат како посредник во дијалогот меѓу Русија и НАТО за прашања…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва повтори дека Израел нема да прифати формирање палестинска држава, велејќи дека таквата држава би претставувала „егзистенцијална закана за Израел“. „Нема да има палестинска држава. Многу е едноставно: таа нема да биде воспоставена“, изјави Нетанјаху. Тој нагласи дека овој став важи дури и по цена на забавување или спречување на нормализирањето на односите со Саудиска Арабија. На новинарско прашање што го попречило процесот на нормализација, Нетанјаху рече дека војната во Газа го отежнала напредокот, но дека „условите сега можат да се развијат како што војната се смирува“. „Но, условите мора да бидат прифатливи за двете страни…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вечерва се огласи на Телеграм. „Денес, за време на средбата со американскиот секретар за армија, Даниел Дрискол, разговаравме за опциите за постигнување вистински мир, фазите на работата и форматите за дијалог, како и за новите импулси за дипломатијата. Нашите тимови – Украина и САД – ќе работат на точките од планот за завршување на војната. Подготвени сме за конструктивна, искрена и оперативна работа“, напиша Зеленски. „Одделно го информирав за стравичниот руски напад врз Тернопиљ. Ракетата Х-101, со која руската војска вчера погоди обична станбена зграда, е произведена во 2025 година. Таа содржи 175 странски компоненти…
Денес избувна пожар во делови од локацијата каде што се одржува самитот за климата COP30 во бразилскиот град Белем, по што луѓето беа евакуирани. Бразилскиот министер за туризам, Селсо Сабино, им изјави на новинарите дека пожарот е под контрола и дека никој не е повреден, објави Ројтерс. Безбедносните служби соопштија дека алармот потекнува од делот од местото каде што земјите и организациите имаат свои штандови свртени кон јавноста, познати како павилјони.
Немам лошто мислење за ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа ако имате раководство како Груевски и Мицкоски, како да бидам мирен, погледнете го извештајот, се враќаме назад, истакна членот на ИО на СДСМ Андреј Жерновски, во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија. -Видете ја изјавата на претседателката на државата дека не е време за реформи, бидејќи се случуваат војни, идентичниот став претходно кажан од Груевски, тоа не може да биде случајно, рече Жерновски. Тој додаде дека тоа е вадење на демиџ контрол од „извештајчето“, кое е катастрофално и потоа се случува уште понагласено влијание на Груевски, кое беше намалено. -Така да на конгресот…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, на состанокот со секретарот на американската армија Даниел Дрискол, ја изразил подготвеноста да соработува со администрацијата на Доналд Трамп на нов мировен план. Според изворите, страните се договориле документот да се изготви „во краток временски рок“. Од Кабинетот на украинскиот претседател соопштија дека Зеленски ги нагласил „фундаменталните принципи што се важни за народот на Украина“, и дека договориле заедничка работа на план кој треба „да доведе до достоинствен крај на војната“. Во соопштението се додава:„Од почетокот на оваа година, Украина ги поддржува предлозите на претседателот Доналд Трамп за прекин на крвопролевањето. Подготвени сме да продолжиме конструктивно…
Австрија планира од следната година да воведе забрана за носење шамија за девојчиња под 14 години во училиштата, соопшти министерката за интеграција Клаудија Плаколм. Предлог-законот наскоро ќе се најде на расправа во Парламентот и треба да стапи во сила од учебната 2026/2027 година. Плаколм изјави дека носењето шамија не е верски ритуал и дека ги учи девојчињата да „развијат чувства на срам“, што доведува до „нарушена слика за телото“ и „нестабилна самодоверба“. Во 2019 година највисокиот суд ја поништи претходната забрана, но актуелната владина коалиција – ОВП, Социјалдемократите и НЕОС – верува дека овој пат има основа таа да биде…
Тешко е да се најдат вистинските зборови да се простиш засекогаш кога ќе си замине млад човек што само со своето тивко присуство, посветеност и работна етика придонесе толку многу за организацијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ објавувајќи тажна вест за смртта на младиот Филип. -Денес се простуваме од наш сопартиец, пријател и човек кој беше пример за добрина, чесност и посветеност. Филип ќе остане запаметен по неговата искреност, неговата насмевка и начинот на кој секогаш знаеше да даде сила и кога самиот беше уморен, се наведува во соопштението. „Филип, ќе ни недостасуваш – како човек, како соработник, како пријател. Нека е…
