Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    Герасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение

    17.08.2026 во 10:22

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Божиновска и германскиот државен секретар Вирмер разговараа за енергетската транзиција и соработката со ЕУ
    • Малолетник фатен зад волан во Батинци: 15-годишник возел „тојота“ без возачка дозвола
    • Скопјанец пронајден починат во двор од семејна куќа
    • Сиљановска-Давкова се сретна со Мацинка: Европската интеграција на Западниот Балкан е и безбедносно прашање
    • Николоски и Баша на средба во Скопје: Фокус на патот Тетово-Призрен и автопатот Скопје-Блаце
    • Воведена нова автобуска линија 37: Радишани и Бутел се поврзуваат со Карпош 3
    • Расчистени измами во Охрид и Струга за 5.500 евра: Полицијата пронајде лажни пари, златници и накит во Велес
    • Кривична пријава за тројца скопјани: Претепале 28-годишник и му се заканувале на семејството
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Зеленски подготвен да работи со Трамп на нов мировен план

    Зеленски подготвен да работи со Трамп на нов мировен план

    20.11.2025 во 22:09Updated:20.11.2025 во 22:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски, на состанокот со секретарот на американската армија Даниел Дрискол, ја изразил подготвеноста да соработува со администрацијата на Доналд Трамп на нов мировен план. Според изворите, страните се договориле документот да се изготви „во краток временски рок“.

    Од Кабинетот на украинскиот претседател соопштија дека Зеленски ги нагласил „фундаменталните принципи што се важни за народот на Украина“, и дека договориле заедничка работа на план кој треба „да доведе до достоинствен крај на војната“. Во соопштението се додава:
    „Од почетокот на оваа година, Украина ги поддржува предлозите на претседателот Доналд Трамп за прекин на крвопролевањето. Подготвени сме да продолжиме конструктивно да соработуваме… за да обезбедиме мир.“

    Според извори, Зеленски овојпат зазел „попопустлив став“, откако претходната средба со пратеникот на Трамп, Стив Виткоф, пропадна. Американски официјал лица тврдат дека е постигнат договор за „агресивна временска рамка“ за финализирање на планот.

    Неофицијалниот документ, изготвен од американскиот и рускиот пратеник, предвидува низа контроверзни точки: префрлање на Донбас под руска контрола, забрана за распоредување странски мировници во Украина, амнестија за воени злосторства, укинување на санкциите против Русија, ограничување на украинската армија и откажување од одредени видови западно оружје. Украина би требало да ги отстрани и упатувањата за членство во НАТО од Уставот.

    Извори од европските престолнини велат дека планот предизвикал „шок“, додека аналитичари предупредуваат дека политичката слабост на Киев може да биде искористена за наметнување неповолни услови. Други, пак, сметаат дека Зеленски нема политички простор да прифати отстапки што би личеле на капитулација.

    Прочитај повеќе

    Скандал во француското Министерство за култура: Службеник дрогирал жени за време на интервјуа за работа

    19.08.2026 во 15:39

    ВИДЕО: Ајкула подолга од три метри снимена во Јадранското Море

    19.08.2026 во 11:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.