- Една земја воведува ригорозен закон: Се забрануваат социјалните мрежи за млади под 16 години
- Воена ескалација: Иран нападна 18 американски воени цели и го блокираше Ормутскиот теснец
- Летаа казни во Сарај и Ѓорче – Засилена сообраќајна контрола
- СДСМ: Мицкоски и бандата не градат за Македонија, туку за странски интереси
- Помалку одобренија и пониска вредност на градежни проекти во април
- Трагедија во Кина: Најмалку седум лица загинаа во силна експлозија, десетици се повредени
- ФОТО: „Спремни за средно“ – Кисела Вода организираше бесплатна полуматурска прослава
- Портокалов метео-аларм во Србија: Се очекуваат силни бури со град
Author: Author 03
Многу е значајно што во ЕУ постои сериозен импетус за проширување кон целиот регион на Западниот Балкан, изјави за МИА министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на крајот на неговата дводневна работна посета на Брисел. -Постојат повеќе иницијативи. Една од тие иницијативи е онаа за гласање со квалификувано мнозинство во Советот кога се во прашање одредени фази од проширувањето. Факт е дека големо мнозинство од земјите членки и европските институции во целост го делат ставот дека проширувањето треба да биде засновано на принципот на постигнувања, изјави Муцунски. Сепак, според него, факт е и тоа што ни случува…
„Расправата за буџетот би требало да биде конструктивна, но за жал имаме една опозиција која што самата одлучи да стои во свој свет. Со жалење констатирам дека иако би требало ова да биде еден наш свет во кој што ќе ги дефинираме работите како ќе се движат во 2026-та година, тие упорно сакаат да стојат од страна, да нема суштинска расправа и да се свижат по нивната неразбирлива патека“. Ова во НАТКАСТ со Љупчо Цветановски го истакна пратеникот Тони Јаревски. -Во таа одлука тие се осамени. Ние наместо да говориме за проекти, за реализација, за можности за подобрување, на зголемување на…
Државниот пазарен инспекторат на 17 и 18 ноември 2025 година, спроведе инспекциски надзори на територијата на градовите Скопјe, Тетово, Гостивар, Кичево и Струга во 23 правни лица кои вршат малопродажба на тутун и тутунски производи. Инспекторатот информира дека „при извршени инспекциски надзори во 16 правни лица, пронајдени се количини на тутунски производи за кои правните лица не поседуваат документи за снабдување од добавувач и немаат потребни ознаки – акцизни маркички“. „Согласно законските надлежности, пронајдените производи во количина од над 3000 пакувања со вредност од над 1.000.000,00 денари се привремено одземени и предадени на Агенцијата за управување со запленет имот на…
Капиталните издатоци за 2026 година се предвидени на реално ниво, базирано врз досегашното остварување и очекувањата за идната година. При анализа на реализацијата на капиталните инвестиции, целата вина не може да се префрли само на Владата, бидејќи честопати одложувањата произлегуваат од компаниите-изведувачи кои се соочуваат со недостиг на работна сила и други пречки, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. “Реалноста е дека сме ги проектирале капиталните расходи на едно реално ниво. Ако ја погледнеме реализацијата на капиталнтие расходи низ годините наназад ќе видиме дека никогаш реализацијата не била согласно тоа што било проектирано. Ќе видите дека трансфери до јавните претпријатија…
Од ВМРО-ДПМНЕ да не се прават на Тошо. Ако денес го признаваат хаосот во проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“, тогаш нека кажат и кој го создаде тој хаос. Муцунски, Орце Ѓорѓиевски и Љутков се на власт. Тие го заглавија проектот, го водеа спротивно на закони, без транспарентност, без консултации и без вклучување на културниот сектор. Денес сами признаваат дека бил блокиран, а од кого, од нив, реагираат вечерва од СДСМ. Со својот МИЛОШЕВИЧКО–ОРБАНИСТИЧКИ пристап кон невладиниот и независниот културен сектор, оваа власт не само што го загрози кредибилитетот на проектот, туку ги руши и неговите темели:- плурализам, уметничка слобода…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик против 30-годишен скопјанец. Тој на 14 ноември на булеварот “Партизански одреди” и околните улици, со општоопасно средство, предизвикал значителна опасност за животот и телото на италијански државјанин. Оштетениот управувал автомобил „Алфа Ромео Тонале“, со италијанска регистарска ознака, во кое била и неговата девојка. Кога се обидел да се престрои во левата коловозна лента, осомничениот, управувајќи возило „Алфа Ромео 147“ со скопски ознаки, ги претекнал со голема брзина, па неколку пати нагло кочел и застанувал.…
Денес, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и Елена Симоновска, претседателка на здружението отвораме канцеларија на Здружението на граѓани ВМРО-ДПМНЕ во Тирана, информира генералниот секретар на владејачката партија, Ѓорѓија Сајкоски. -Горди сме што нашиот глас, идеи и активности продолжуваат да се шират и надвор од границите. Ова е уште еден чекор кон посилно поврзување со нашите граѓани, поддржувачи и пријатели. Заедно создаваме поцврста иднина и силна поддршка за сите наши граѓани каде и да се, истакна тој.
Европската унија има „многу јасен план“ заснован на две цели – ослабнување на Русија и континуирана поддршка за Украина, изјави високата претставничка за надворешна политика и безбедност Кaja Калас по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ. Таа порача дека притисокот мора да биде насочен „кон агресорот, а не кон жртвата“, алудирајќи на информациите дека САД наводно разговараат со Москва за план кој би барал Украина да се откаже од дел од својата територија и да ги намали вооружените сили. Според Калас, министрите биле смирени во однос на написите, потсетувајќи дека „во изминатите години се појавија повеќе мировни предлози…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.Е.(58) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“. На 27.05.2025 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата 49-годишна сопруга.
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска соопшти дека Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година, по успешните средби во Брисел. Заедно со министрите Тимчо Муцунски и Зоран Љутков, Ѓорѓиевски оствари значајна средба со еврокомесарот Глен Микалеф, каде ја претстави подготвеноста на градот да влезе во нова ера на европски стандарди и трансформација. Градоначалникот најави историска трансформација на градот преку деблокирање на процесот, воведување транспарентно управување и инвестиција од над 55 милиони евра во клучна инфраструктура. Оваа визија предвидува модерно, отворено и европско Скопје, кое го вклучува целиот систем од општините до граѓаните. „Деновиве, заедно со министерот Тимчо…
