- Вучиќ најави оставка – размислува за да се кандидира за премиер
- Една година мандат: Алиу најавува дигитално и поефикасно здравство
- ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се впушти во романса со Бугарија да ги истурка уставните измени за власт
- На повидок се рекордни горештини и суши – Започна нов циклус на Ел Нињо
- Дневен хороскоп: Лавот под притисок во кариерата, Шкорпијата пред љубовен предизвик
- Одлуки за кадровски промени на седницата на Советот на јавните обвинители
- СДСМ: Мицкоски го спаси својот министер и застана против македонските земјоделци
- Собранието со обемна агенда: Именувања, закони и измени
Author: Author 03
Денеска во Тирана во присуство на голем број Македонци од Албанија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата Христијан Мицкоски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоргија Сајкоски и претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска, на покана на Македонско здружение “ВМРО-ДПМНЕ Албанија” присуствуваа на отворање на новата канцеларија на ова здружение. Мицкоски во обраќањето пред присутните ја нагласи и можноста на Македонците во Албанија да имаат свој клуб, можност за здружување, можност слободно да работат на зачувување на својата култура, идентитет, јазик и традиција, можност што ја немаат Македонците во Пиринскиот дел на Бугарија. -Македонците во Пиринскиот дел ја…
Амбасадата на Народна Република Кина во Македонија упати силна реакција до пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, откако тој заедно со двајца пратеници остварил средба со делегација на „Претставништвото на Тајпеј во Италија“ во парламентот. „Тајван е во сржта на основните интереси на Кина и претставува црвена линија што не смее да се премине. Принципот „една Кина“ е универзално признат меѓународен консензус и свечена обврска преземена од страна на Владата на Република Македонија за воспоставување дипломатски односи со Кина. Силно се спротивставуваме на средбата на потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, со претставниците на таканареченото „Претставништво на Тајпеј во Италија“ во зградата…
Пријатели, колеги и обожаватели веќе се простуваат со неа на социјалните мрежи. Тења Додева напиша: „Мила, каде побрза и ти… Се гледавме често и навистина убави спомени имам со тебе. Почивај во мир, душо мила, ти благодарам за убавите песни.“
Следниот вторник на седница на Владата ќе бидат назначени повереници во 4-те општини, каде што поради немање цензус од 1/3 излезност во првиот круг изборите не беа успешни. Во Гостивар, Центар Жупа, Врапчиште и Маврово и Ростуше изборите ќе се повторат на почетокот на следната година. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” во Скопје. Мицкоски најави дека следната недела ќе се знаат и новите имиња на министри од Вреди, а евентуалната реконструкција на министри од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде по Конгресот на партијата што е закажан за 6-ти декември…
Општина Бутел ќе блесне во досега најубаво новогодишно руво, напиша на социјалните мрежи градоналникот Дарко Костовски.И оваа година новогодишната бајка повторно ќе пристигне во општина Бутел.Оваа година ќе го имаме најубавото украсување и најубавата новогодишна бајка.Активностите за новогодишно украсување се во тек и наскоро нашата општина ќе блесне во новогодишно руво, стои во објавата на градоначалникот на ФБ.
Во текот на вчерашниот ден, во Европскиот парламент учествував на Европската лидерска конференција и свое обраќање имав на панелот посветен на стабилноста на Балканот и Европска безбедност, информираше на ФБ портпаролката на Владата, Марија Митева. „Недвосмислено истакнав дека европска безбедносна иднина не може да биде комплетна без Западниот Балкан. Македонија, но и регионот, имаат долг пат зад себе, исполнет со предизвици, неуспеси и моменти на сомнеж, но, покажавме упорност, храброст и силна верба во европската идеја темелена на вредности, не на непринципиелни барања“, истакна Митева во објавата на ФБ.
СДСМ преку Кацарска тргнаа во директен напад за укинување на линеарното зголемување на пензиите. Замислете, според нив, „дискриминирани“ биле оние со најголемите пензии?!А уште побезобразно, предлагат парите што им следуваат на пензионерите со минимални пензии да завршат во фирмите на Филипче и Заев, обвинува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на социјалната мрежа ФБ. „Тоа е нивната логика. Тоа е нивниот „модел“. Јас секогаш ќе бидам на страна на достоинството и правдата за секој македонски граѓанин, во оваа ситуација, за секој наш пензионер. Ќе се обидат, но нема да им успее“, напиша пратеникот на ФБ.
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска во Брисел остварија работна средба со еврокомесарот за меѓугенерациска правичност, млади, култура и спорт, Глен Микалеф. Главна тема на средбата беше проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“, при што делегацијата го информираше еврокомесарот Микалеф за моменталната состојба, предизвиците и неопходните чекори за негово понатамошно унапредување. Министрите Љутков и Муцунски, заедно со градоначалникот Ѓорѓиевски, ги презентираа позициите на Владата и на Градот, за што добија јасна поддршка и разбирање од претставниците на Европската Унија. „Сакаме да ја информираме македонската јавност дека проектот, за жал, досега беше целосно блокиран и управуван спротивно на законските прописи, особено во делот на програмата содржана во апликациската книга – т.н. ’Bid Book‘. Наместо да се следат транспарентни и инклузивни процедури, проектот беше воден без консултации со релевантните институции, без усогласување со националните културни политики и без суштинско вклучување на културниот сектор. Ова сериозно го наруши кредибилитетот на апликацијата и ја загрози можноста Скопје да се позиционира како вистински европски културен центар“, истакна министерот Љутков. По денешната средба и воспоставената институционална координација, процесите поврзани со проектот се целосно одблокирани и вратени во законски и професионални рамки. Владата и Град Скопје остануваат цврсто посветени на неговата реализација и ќе ги обезбедат предвидените средства од 40 милиони евра во период од четири години. Проектот претставува можност за темелна трансформација на Скопје – преку развој на културната инфраструктура, зајакнување на заедништвото, поддршка на иновации и промовирање европски вредности. Реализацијата ќе се спроведува со целосна транспарентност, отчетност и активно учество на сите релевантни чинители на национално и на меѓународно ниво. „Скопје – Европска престолнина на културата“ е визија за отворен, модерен и динамичен град кој ја вклучува заедницата, ги охрабрува младите, ги поддржува уметниците и создава простор за силна културна размена и соработка. Нашата престолнина ќе биде достоен претставник на Македонија на европската културна сцена
Актуелниот генерален секретар на Антикорупциска, Адем Чучуљ, поранешниот ревизор Бранко Смилевски и деканот Кимо Чавдар се трите имиња кои би требало да влезат во потесниот круг за избор на наследник на Татјана Димитровска. Сител дојде до неофицијалните средните оценки кои ги добија 10мината кандидати за нов претседател на Антикорупциска. Највисока оценка, 96,5 доби ген-секот Чучуљ, а потоа следуваат Бранко Смилевски и Кимо Чавдар. Најниски оценки добија правникот Владимир Наумоски и адвокатката Тодоровска. 10мината кандидати за претседател на Антикорупциска минатите два дена беа на интервјуа во Собранието пред претставниците на Комисијата за селекција. 30 минути се претставува и одговараа на прашања…
Законот за Судски совет, кој е дел од сетот реформи во правосудниот систем, поминал на Влада. Сега Муртезани има задача да го испрати во Брисел, за Европската Комисија да напише евентуални забелешки. Кога истиот ќе се врати дома, следува процес на имплементација на забелешките, пред официјално да биде испратен во Собрание, за да добие амин од пратениците. „Законот ја помина целата владина процедура и на последната седница на владата е донесен законот. Очекуваме во брз период откако ќе биде пратен во ЕК, да биде доставен до нас заедно со одредени евентуални забелешки, кои повторно ќе бидат надоградени законските решенија со…
