Close Menu
Press24
    Најново

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сиљановска-Давкова: Не смееме да заборавиме дека секој што напишал барем неколку реченици во недовршената македонска армиска приказна, оставил трага во нашата воена историја
    • Клековски: Утре детални резултати од контролата на прскањето против комарци
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС, кои не однесоа ниту едно шише вода во Гостивар, заедно со Лимани се дел од локалната власт и имаат заедничка одговорност
    • Клековски: ПЕТ-скенот не е расипан, проблем е циклотронот, се прави сè што е можно побрзо да се набават суровини за него
    • Граната од Првата светска војна пронајдена во рудник „Суводол“
    • Ангелов: Пожарот во Мариово повторно се активира
    • Почнаа уписите на УКИМ
    • Малолетник падна в рацете на полицијата – го фатија со марихуана
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Законот за Судски совет доби зелено светло од Владата, ќе патува до Брисел пред да добие амин од пратениците

    Законот за Судски совет доби зелено светло од Владата, ќе патува до Брисел пред да добие амин од пратениците

    20.11.2025 во 17:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Законот за Судски совет, кој е дел од сетот реформи во правосудниот систем, поминал на Влада.  Сега Муртезани има задача да го испрати во Брисел, за Европската Комисија да напише евентуални забелешки. Кога истиот ќе се врати дома, следува процес на имплементација на забелешките, пред официјално да биде испратен во Собрание, за да добие амин од пратениците.

    „Законот ја помина целата владина процедура и на последната седница на владата е донесен законот. Очекуваме во брз период откако ќе биде пратен во ЕК, да биде доставен до нас заедно со одредени евентуални забелешки, кои повторно ќе бидат надоградени законските решенија со истите и веднаш ќе биде испратен во собраниска процедура“, изјави Ален Деберан, заменик министер за правда.

    Првично овој закон требаше да биде донесен до јуни, но добивме грејс период до јуни 2026-та година. Иако се подготвува нов, актуелниот мора да се почитува. Па, почитувајки го актуелниот, денеска Собранието распиша оглас за нов член на Судски совет, бидејќи за кратко истекува мандатот на Селим Адеми.

    „Во моментов, сите органи и институции се должни да ги почитуваат важечките закони, без разлика во која фаза на донесување се оние од дел од пакетот од реформаската агенда. Меѓутоа не облигаторно, очекувам да ги имаат критериумите кои се во новото законско решение, а кои се дел од препораките на Оценската мисија“, дополни заменик-министерот за правда.

    Од Правда велат дека работат и на другите закони  кои се дел од пакетот реформи во правосдуството. Меѓу нив и измената на Кривичниот законик.

    Во меѓувреме, премиерот уште еднаш повтори дека не гледа причина да се зголеми буџетот за судството бидејќи Македонија како држава одвојува од буџетот пари за правосудниот систем, повеќе од 75% од земји -членки на ЕУ.

    Јас мислам дека 0,25 проценти е нешто кое што е прифатливо за судовите и 0,1 процент за обвинителите или се вкупно 0,35 проценти од нашиот БДП. Ќе повторам има претседатели на судови кои што имаат месечни примања од околу 180.000 денари, отприлика 3.000 евра месечно. Јас како премиер мојата плата заедно со стажот со годините кои што ги имам од претходно е 155.000 денари, значи од прилика 2.500 евра. Не мора да е многу подолу, иста нека биде на претседател на суд, изјави премиерот Мицкоски. 

    Дополни дека нема да се мешаат во плановите за вработување и унапредување, но како Влада се одговорни за трошењето на секој денар народни пари

    Прочитај повеќе

    Сиљановска-Давкова: Не смееме да заборавиме дека секој што напишал барем неколку реченици во недовршената македонска армиска приказна, оставил трага во нашата воена историја

    18.08.2026 во 21:56

    Клековски: Утре детални резултати од контролата на прскањето против комарци

    18.08.2026 во 21:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.