Close Menu
Press24
    Најново

    Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност

    28.10.2026 во 19:29

    „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва

    28.10.2026 во 19:25

    Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари

    28.10.2026 во 19:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Мицкоски го спаси својот министер и застана против македонските земјоделци

    СДСМ: Мицкоски го спаси својот министер и застана против македонските земјоделци

    11.06.2026 во 08:522 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Христијан Мицкоски повторно застана против македонските земјоделци и уште еднаш го спаси својот министер Цветан Трипуновски, се наведува во соопштението од СДСМ.

    Текстот ви го пренесуваме во целост:

    По директен налог на Мицкоски, пратениците на ВМРО и владејачкото мнозинство во Собранието гласаа против интерпелацијата за Трипуновски.

    Со тоа Мицкоски уште еднаш застана против илјадниците земјоделци низ државата кои гласно бараа оставка од најеспособниот министер во историјата.

    Сега на сите земјоделци им е кристиално јасно дека зад катастрофалната состојба во земјоделството, намалените субвенции, неисплатените субвенции, корупциските скандали стои Христијан Мицкоски.

    За само 2 години македонското земјоделство е на колена, земјоделците едвај преживуваат. Субвенциите се намалени за дури 40 милиони евра и не се исплаќаат, намалена е поддршката за тутунот од 100 на 80 денари за прва класа, укинати се низа мерки за малите земјоделци, лозарите, оризопроизводителите, намалени се субвенциите за говеда од 12.000 денари на само 8.000 денари.

    Сточарството е доведено на раб на колапс, бројот на грла се намалува, а сточарите секојдневно се жалат на намалените откупни цени на млекото. Во време кога цените во маркетите растат откупната цена на млекото се намалува. Па каде завршува разликата?

    Откупните цени се понижувачки, а производствените трошоци постојано растат. Лозарите, овоштарите, тутунарите и градинарите се оставени без никаква поддршка.

    Тоа го потврдуваат и бројките, откупот од малите земјоделци падна за 46,2 проценти, директен показател за колапсот на земјоделското производство и пласманот.

    Додека нема пари за земјоделците оргомни корупциски скандали се случија, како скандалот со ИПАРД програмата, митото од 50 илјади евра и многу други. 

    Затоа денес е јасно зошто Трипуновски остана, само затоа што зад себе ја има заштита од Мицкоски.

    Прво го спасија од корупциски скандали, после го спасија и од политичка одговорност.  До кога? Дали поради бизнис интереси, тендери, провизии?  Јавноста ќе дознае, вистината не може да се сокрие.

    Featured
    Прочитај повеќе

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.