- Дожд, град и грмотевици во цел регион – Невреме доаѓа и кон Македонија
- Алиу ќе одржи брифинг по повод една година на чело на Министерството за здравство
- Земјотрес ја стресе Македонија
- Сиљановска се сретна со Јотова: Да продолжиме да разговараме за тешките прашања
- Брза интервенција спречи пожарот да стигне до куќите – Детали за состојбата во Штип
- Најавени исклучувања во Скопје – Ќе нема струја до 16 часот
- Четири точки на дневен ред – ДКСК денеска ќе ја одржи 33-та седница
- Од правосудство до енергетика: Во Собранието денеска седници на седум комисии
Author: Author 03
Поплави, одрони, спасувачка акција и отежнат сообраќај. Влажниот бран што ја зафати Македонија предизвика сериозни проблеми за возачите, пешаците и службите. Повик за спас на две лица заглавени во автомобил рано утрово била првата работна задача за пожарникарите во Старо Нагоричане. Спасувачката акција резултирала успешно. Лицата биле заглавени до бањата во село Стрновац поради излевање на Пчиња. И Скопје осамна под темни облаци. Сител направи обиколка – дел од улиците претворени во вештачки езера. Во Козле, жителите едвај успеаја да ги извадат своите автомобили од поплавените паркинзи. Службите во ЦУК имале полни раце работа. Синоптичарите предупредуваат дека во последните два…
Украина би можела да се соочи со значителни отстапки за да склучи мир со Русија според таен американски план, изјавија за Ројтерс два извори запознаени со ситуацијата. Планот предвидува жртвување на територија, откажување од одредено оружје и намалување на украинската војска. Вашингтон му ставил до знаење на претседателот Володимир Зеленски дека „Украина мора да ја прифати“ рамката на САД за завршување на војната. Според новинарот на „Фајненшел тајмс“, Кристофер Милер, планот вклучува преполовување на украинските вооружени сили, предавање на Донбас под руска контрола и откажување од одредено оружје. „Ова би било еднакво на капитулација на Украина, иако информирани извори велат…
Никој досега нема вршено притисок врз судските власти по однос на Пулс изјави вечерва во Тема на денот обвинителот Љупчо Коцевски. Дали при формирањето на предметот со обвиненија во изминатиот период е вршен притисок врз ЈО, државниот обвинител одговори дека немало да има толку осомничени па потоа и обвинети опфатени со постапката ако имало притисоци. -Од она што го знам од тимот на јавните обвинители, никој досега на никого нема вршено притисок, ниту на мене, ниту на нив. Морам да нагласам дека во двете постапки е постапувано по кривична пријава на Министерството за внатрешни работи, тоа е дополнителен факт кој…
Прашан за мислење за иницијативите на пратениците за формирање анкетна комисија во Собранието за трагедијата во „Пулс“, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во вечерашното гостување во Тема на денот на Сител ТВ порача дека „политиката да ги тргне рацете од оваа постапка затоа што се води судска постапка“. Тој додаде дека лично смета дека во овој момент формирање на таква комисија не би било целисходно и потребно. Лично мисли, рече, дека тоа не би било целисходно и потребно во овој момент, а по судската постапка може да се формира таква комисија за да се бара политичка одговорност.
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска истакна дека Обвинителството очекува транспарентна постапка за судењето за пожарот во „Пулс“ во Кочани, кое почна денеска. „Очекуваме транспарентна постапка, динамиката на судење ја определува судот. Од наша страна се исполнети сите услови, ангажирав дополнително уште неколку обвинители за да не се одолговлекува постапката од ЈО“, изјави Коцевски одговарајќи на прашање за неговите лични очекувања за судскиот процес. Во интервју за Дневникот на ТВ Сител, тој додаде дека не верува дека периодот до првостепената одлука ќе биде долг, бидејќи постојат определени рокови. Коцевски нагласи дека погрешно било гледањето оти Обвинителството оставило простор за одолговлекување…
Средба Муцунски-Кос во Брисел: Потврдена силната посветеност на Македонија на евроинтегративниот пат
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево, во рамки на работната посета во Брисел, оствари средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос. На средбата беше потврдена силната посветеност на државата на евроинтегративниот пат, континуитетот во реформските процеси, како и носењето на законите што се составен дел од овој процес. Разговорот беше насочен и кон заедничките безбедносни предизвици и продлабочувањето на соработката во областа на безбедноста и одбраната. Еврокомесарката Кос ја изрази поддршката за европскиот пат на Република Македонија и го поздрави континуитетот во реформите и фокусот на Владата по локалните избори.
Вистински хаос се случува со ваучерите за електонски уреди коишто власта им ги вети на студентите од првиот циклус на студии. Аплицирањето започна во понеделникот, кога практично беше и отворен и повикот за аплицирање. Но, поради големиот наплив на студенти Националниот портал за е-услуги, падна неколку часа по отворањето на повикот. Од Министерството за дигитална трансформација тогаш изјавија дека се покренува дополнителна инфраструктура за да се подели оптоварувањето и да може да се опслужат повеќе апликации. -Напоменуваме дека не се работи за проблем во софтверската апликација, туку за капацитет за опслужување на големиот обем на апликации, соопштија од ресорното министерство…
На 19 ноември 2025 година, околу 04:20 часот, во Полициската управа Гевгелија е пријавено дека на регионалниот пат Валандово – Дојран, камион „Мерцедес“ со полуприколка и српски регистарски ознаки, управуван од С.М. (52) од Србија, излетал од патот. Жена мигрантка од Кина починала на местото на настанот од повредите, според наодот на лекар од Итна помош. По наредба на јавниот обвинител, телото е испратено на обдукција. Повредени се уште седум имигранти од Кина. Возачот С.М. е однесен во Јавната здравствена установа Гевгелија за укажана лекарска помош. Полициска екипа од Гевгелија извршила увид на местото на настанот во присуство на јавен…
Сергеј Попов, пратеник во македонското Собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, денес гостуваше во емисијата „Само вистини“ на телевизија Канал 5, каде се осврна на темата за младински политики, и ја нагласи улогата на УМС на ВМРО-ДПМНЕ како мост меѓу раководството на партијата и младите. Според него, враќањето на довербата на младите во институциите не зависи исклучиво од евроинтегративниот процес, иако евроинтеграцијата останува важен приоритет. „УМС на ВМРО-ДПМНЕ е практично мостот или линкот меѓу постарите раководства во ВМРО-ДПМНЕ и младиот човек во Република Македонија“, посочи Попов. Тој вели дека довербата на младите…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Анкара изрази надеж дека размената на затвореници со Русија би можела да биде обновена до крајот на годината. „Се надеваме дека ќе ја воспоставиме размената до крајот на годината, со цел да се вратат значителен број затвореници. Турција многу ни помага во овој процес“, изјави Зеленски за новинарите по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Зеленски денеска престојуваше во Турција со цел да ги оживее мировните преговори со Москва. Претседателот Ердоган повика на продолжување на преговорите во Истанбул меѓу Русија и Украина, со цел да се стави крај на војната со „разорни“ последици.…
