Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54

    Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања

    29.10.2026 во 19:52

    Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада

    29.10.2026 во 19:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата
    • Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања
    • Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада
    • Сали во Даблин: Охридскиот договор е трајна обврска, а не само историски документ
    • Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси
    • Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните
    • Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години ќе можат да избираат меѓу останување во Армијата, трансфер или отпремнина
    • ДЗС: Над старата касарна во Битола отстранети се 1.700 рачни бомби и мини
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Брза интервенција спречи пожарот да стигне до куќите – Детали за состојбата во Штип

    Брза интервенција спречи пожарот да стигне до куќите – Детали за состојбата во Штип

    11.06.2026 во 07:581 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Благодарение на брзата реакција на припадниците на Територијалната противпожарна единица и доброволните пожарникари од Доброволното противпожарно друштво – Штип, спречено е ширењето на пожарот кој беснееше, кон првите куќи во штипската населба Кадидаре.

    Пожарот избувнал вчера попладне, откако удар од гром запалил сува трева и грмушки. Поради силниот ветер, огнот брзо се проширил кон ридовите Клисебаир и Кумлак.

    Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, на вонредна прес-конференција изјави дека пожарот зафатил непристапен терен, а огнените јазици биле видливи од повисоките делови на градот, приближувајќи се кон населбата Кадидаре.

    „Поради силниот ветер и непристапниот терен, пожарот зафати ридови кои се во непосредна близина на неколку штипски населби. Екипите на ТППЕ и членовите на Доброволното противпожарно друштво веднаш излегоа на терен, заедно со целокупната логистика, ресурси и механизација на јавните претпријатија, со цел да го локализираат пожарот“, изјави Јорданов.

    Доброволниот пожарникар од ДПД – Штип, Зоран Младеновски, посочи дека пожарот е ставен под контрола.

    Во интервенцијата учествувале 12 доброволни пожарникари со сопствени теренски возила.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Ученик допирал соученичка за време на голем одмор во училиште во Центар – мајка пријавила во полиција

    29.10.2026 во 17:47

    Физички нападнат скопјанец во Карпош: Напаѓачот му удирал по возилото, па го нападнал на пешачки премин

    29.10.2026 во 17:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.