- Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности
- Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани
- На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани
- ЦУК со детали: Беснее пожар во Штип – поради ветрот широко се проширил
- ВИДЕО од големиот пожар во Штип
- Голем пожар над Штип – градоначалникот свика итна прес-конференција
- Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат
- Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Author: Author 03
Васка Лазарова, мајката на трагично загинатиот млад фудбалер Андреј Лазаров, по првото судско рочиште за несреќата во дискотеката „Пулс“ зборуваше за болката, разочарувањето и револтот што ја следат откако ја загубила својата единствена радост. Таа со тешко срце раскажа дека не успеала да го прегрне синот во миговите пред трагедијата, иако штотуку се вратил од странство каде тренирал фудбал. „Си дојде во девет и пол вечерта, излезе… Јас бев во Турција и не можев ни да го видам. Толку беше“, вели Лазарова, потсетувајќи дека последен пат го видела пред два месеци поради интензивните негови тренинзи и обврски. Таа говори и…
Едно лице загина, а повеќе од 170 објекти беа оштетени во големиот пожар што синоќа ја зафати станбената населба во јапонскиот град Оита. Полицијата соопшти дека е пронајдено телото на 76-годишен маж, кој се водеше како исчезнат во текот на интервенцијата. Пожарот зафати површина од околу 48.900 квадратни метри, а неговото гаснење траеше речиси 12 часа. Властите очекуваат огнот целосно да биде ставен под контрола во текот на денот. Поради пожарот, околу 350 домаќинства останаа без електрична енергија, а екипите на енергетските компании работат на нормализирање на снабдувањето. Премиерката на Јапонија, Санае Такачи, се огласи на платформата Икс, каде порача…
Делегација на Собранието и претставници на Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор, присуствува на дводневна студиска посета во Бундестагот во Берлин, Германија. Во состав на делегација се претставници на собраниска служба предводени од генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска и заменик-генералниот секретар Бобан Стојаноски. Предмет на студиската посета се институциите кои се дел од надзорот над безбедносно- разузнавачкиот сектор во Германија. Делегацијата имаше можност да слушне како функционира парламентарниот надзор во Германија, земја која обезбедува посебно релевантни примери, со оглед на нивната воспоставена и повеќеслојна рамка за надзор на разузнавањето, вклучувајќи ги парламентарните механизми и механизмите за заштита на…
На 17/18.11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ш.К.(23) од с.Арачиново, скопско, Е.С.(18), С.Д.(36), А.Б.(26) и Ф.Р.(20), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
Македонската фудбалска репрезентација претрпе пораз на гостувањето во Кардиф од Велс со 7:1 и со тоа е прекината серијата од 14 натпревари без пораз на официјални натпревари (без пријателски). Домаќинот со овој триумф успеа да го освои второто место во групата зад Белгија, додека нашата репрезентација која до овој натпревар беше без пораз заврши на третото место. Македонската репрезентација ќе игра во баражот за Светското првенство, благодарение на пласманот во Лигата на Нациите. Репрезентативците на Велс од самиот почеток имаа иницијатива, а во водство дојдоа со голот на капитенот Хари Вилсон од пенал во 18.минута. Три минути подоцна веќе беше…
Пејачот Саша Матиќ, кој беше гостин во емисијата „Амиџи шоу“, откри зошто неговата колешка, познатата пејачка Јелена Карлеуша, не доби покана за големата прослава на 18-тиот роденден на неговата ќерка, каде што собра половина од естрадата. Јелена јавно го изрази своето незадоволство од овој потег на Саша, па дури и го нарече погрдно. -Која е вистинската причина што Јелена Карлеуша не беше поканета на полнолетството на вашата ќерка? – беше прашањето за Саша, а во таа прилика откри дека имало недоразбирање, а потоа јавно ѝ се извини на Карлеуша. -Нема причина. И дадов на екипата список и Јелена беше на…
Сите хороскопски знаци имаат уникатни особини и карактеристики, па затоа е тешко да се каже дека само одредени знаци сакаат драма. Но, според астролошките карактеристики, некои знаци се склони кон подраматични и поемотивни изразувања од другите. По својата склоност кон драматизирање се познати Лавовите, Скорпиите, Рибите и Вагите. Лавовите се склони кон барање внимание. Тие сакаат да бидат во центарот на вниманието и често се истакнуваат со својот стил, харизма и самоувереност. Кога се чувствуваат занемарено, можат да станат многу драматични – со тоа се надеваат дека ќе го привлечат вниманието на другите кон себе. Рибите се еден од најчувствителните хороскопски знаци.…
Во текот на вечерта, дождот што врнеше цел ден во Златиборската област се претвори во лапавица и снег. Со послаб интензитет падна и во Ужице, додека посилни налети беа регистрирани во областа на Златибор и Нова Варош. „Врне повеќе од половина час, а главните градски улици веќе побелеа. Ако продолжи да врне со ова темпо до утрото, тоа ќе биде сериозна снежна покривка“, вели Бранко од Нова Варош. На возачите кои се движат низ Борова глава и Златибор во текот на вечерта и ноќта им се препорачува да бидат дополнително внимателни и да имаат зимска опрема на своите возила.
Најмладиот син на Дејвид и Викторија Бекам, 20-годишниот Круз, ја изгубил возачката дозвола откако добил две казни за пребрзо возење. Според извори за Дејли Меил, Круз добил казни за пребрзо возење во зони со дозволена брзина од 32 км/ч. -Денес е лесно да се добие казна во такви зони, што може да биде многу фрустрирачко, истакнува изворот. Една од казните му била издадена на 2 септември оваа година, за што самиот Круз ги информирал своите следбеници на Инстаграм, признавајќи дека возел со 38 км на час во зона со ограничување од 32 км на час. За да може повторно да…
Партијата Алијанса на Албанците, крилото под раководство на Зијадин Села, ја напушта коалицијата Национална алијанса за интеграција, чиј предводник е ДУИ. Партијата ќе делува самостојно, а нејзините пратеници во Собранието ќе бидат независна група. Претседателството на Алијансата за Албанците одржа состанок на кој се дискутираше за актуелната политичка состојба, процесот и епилогот од локалните избори, како и следните чекори, соопшти вечерва партијата. „На последните локални избори, коалицијата со која учествувавме излезе како победник на национално ниво, со бројот на освоени гласови на листите за советници и бројот на освоени советници, но сме незадоволни од епилогот во градоначалничката трка, каде што…
