- Дожд, град и грмотевици во цел регион – Невреме доаѓа и кон Македонија
- Алиу ќе одржи брифинг по повод една година на чело на Министерството за здравство
- Земјотрес ја стресе Македонија
- Сиљановска се сретна со Јотова: Да продолжиме да разговараме за тешките прашања
- Брза интервенција спречи пожарот да стигне до куќите – Детали за состојбата во Штип
- Најавени исклучувања во Скопје – Ќе нема струја до 16 часот
- Четири точки на дневен ред – ДКСК денеска ќе ја одржи 33-та седница
- Од правосудство до енергетика: Во Собранието денеска седници на седум комисии
Author: Author 03
На 18.11.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје, Р.К.(40) пријави дека на 15.11.2025 околу 15:00 часот во двор од основно училиште во с.Љубош, општина Студеничани, неговиот 13-годишен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавал. Тие го тепале додека друг малолетник го снимал настанот со мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Агенцијата за храна и веринарство (АХВ) и „Лајка“ во координирана акција направи инспекција и одзема куче кое било држено во нехумани услови. Кучето повеќе од две години било чувано во мал бокс, без вода, со сув леб и во измет. Видеото погледнете го ТУКА. Ова не е глад од неколку часа, туку е глад од години занемарување. А ова видео е мал дел од реалноста во која живеел – затворен, осамен, без вода, без грижа, хранет со сув леб и оставен да пропаѓа пред очи на сите. Сега е на безбедно. Сега јаде. Јанез нѐ има сите нас да бидеме…
Британското Министерство за одбрана потврди дека руски разузнавачки брод навлегол во британски територијални води и насочувал ласерски зраци кон пилоти на Кралските воздухопловни сили, пренесе The Guardian. Инцидентот се случил оваа недела и веднаш предизвикал дипломатски тензии меѓу Лондон и Москва. Според британските власти, руското пловило изведувало „провокативни и опасни маневри“, вклучувајќи насочување ласери кон воени авиони кои извршувале рутински летови во регионот. Ова однесување претставува сериозен ризик по безбедноста, бидејќи може да предизвика заслепување на пилоти додека се во воздух. Министерството за одбрана го осуди инцидентот како „недговорно и неприфатливо однесување“ и најави дека прашањето ќе биде покренато на…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 73-годишниот Е.А. од тетовското село Селце, поради сомнение дека извршил кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. Според полицијата, пријавениот како инвеститор изградил семејна куќа на катастарска парцела која е во сопственост на Муфтиството на Исламската верска заедница, без да обезбеди потребно одобрение за градба од Општина Тетово. Објектот бил подигнат без никаква валидна документација, а со тоа, како што наведуваат од СВР Тетово, бил узурпиран имот што не е во негова сопственост.
Градот Скопје целосно ставен во служба на граѓаните – изготвени се 1032 решенија за данок на имот Во текот на денешниот ден потпишав вкупно 1.032 предмети од данок на имот, данок на промет, наследство и подарок, како и решенија за комунална такса за фирмарина. Ова е јасен показател дека институциите работат со динамика која им доликува на граѓаните, информираше на ФБ градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Станува збор за предмети од сите правни основи, за кои отсега ќе стане пракса да се изработуваат со забрзано и уредно темпо. Овие готови решенија во најкраток можен рок ќе бидат дистрибуирани до…
Од Националниот парк Шар Планина објавија видео на кое се гледа како кафеава мечка со нејзините деца се шета на планината. Кафеавата мечка е еден од највпечатливите и најзначајни видови на Шар Планина. Овој сештојад вид се храни со растенија, плодови, инсекти, како и со мали и поголеми животни. Како строго заштитен вид, мечката има суштинска улога во одржувањето на природната рамнотежа во нашиот национален парк и пошироко на Балканот. Во видеото што го споделуваме, планинари на високопланинските пасишта среќаваат мечка со две мечиња, родени во јануари–февруари 2025 година. Малечките во следните две години ќе учат од својата мајка како…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција остро реагираше на изјавите на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова дека сега не е време за реформи, затоа што е време на војни. „Не може да си дозволи претседателка на државата, која пред само година ипол доби половина милион гласови, да каже дека ова не е време за реформи. Неколку дена пред тоа Никола Груевски од Будимпешта напиша пост во кој зборуваше дека Европа е во време на војни. Се повеќе ќе станува јасно дека ВМРО-ДПМНЕ го контролира Никола Груевски од Будимпешта. И тие се само извршители на неговите политики и ништо друго,“ рече…
Сообраќајот на регионалниот пат Маврово – Дебар, во близина на селото Врбјани, од 16:40 часот попладнево се одвива по една коловозна лента на делница во должина од околу 10 метри. Од АМСМ информираа дека причината за изменетиот режим на сообраќај е одрон на патот. Екипи се на терен и работат на расчистување на коловозот.
Обвинителот Борче Јанев на судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, истакна дека денеска се бара одговорност по име и презиме, а општеството мора да се соочи со болната вистина и да извлече легитимни одговори за тоа кој дозволил, кој молчел и кој не спречил, бидејќи, како што рече, се бара правда не како утеха или одмазда, туку како последица на незаконитост. „Не е важно само кој го запалил огнот, важно е кој имал кофа вода и не ја истурил“, рече Јанев, нагласувајќи дека катастрофата не е резултат само на пиротехниката, туку на години институционален молк, пропусти и…
Бројот на жртви од денешниот руски воздушен напад врз западноукраинскиот град Тернопол се искачи на 25 загинати, пренесуваат украинските медиуми повикувајќи се на службите за итни случаи. „Во Тернопол, 25 лица, меѓу кои три деца, беа убиени како резултат на руското гранатирање на градот, додека 73 лица, меѓу кои 15 деца, беа повредени. Четиринаесет психолози од Државната служба за вонредни ситуации од различни региони на Украина работат во близина на оштетената зграда и веќе им пружиле помош на 150 лица“, објави службата на социјалната мрежа „Фејсбук“. Спасувачките операции продолжуваат без прекин. „Вклучени се повеќе од 160 спасувачи, вклучувајќи специјалисти за…
