Author: Author 03

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Саудиска Арабија се согласила да инвестира 600 милијарди долари во САД. – Сакам да ви се заблагодарам што се согласивте да инвестирате 600 милијарди долари во САД. Тој (Мохамед бин Салман) е мој пријател, можеби ќе инвестира до еден трилион долари, но ќе морам да соработувам со него, изјави Трамп на средбата со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман во Белата куќа. Салман вети дека саудиската инвестиција во САД ќе биде зголемена до еден трилион долари. Трамп најави и дека САД ќе и продадат на Саудиска Арабија воени авиони Ф-35. Такви воени авиони во…

Повеќе

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва имаше средба со германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул, кој престојува во работна посета на земјава во рамки на турнејата во земјите од Западен Балкан. На средбата, како што е објавено на Фејсбук профилот на премиерот Мицкоски, станало збор за тековните регионални предизвици и можностите за заеднички иницијативи. -Денеска остварив средба со германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул. Разговаравме за продлабочување на соработката меѓу двете земји, тековните регионални предизвици и можностите за нови заеднички иницијативи, се наведува во објавата на премиерот Мицкоски.

Повеќе

Руската противвоздушна одбрана синоќа уништила беспилотни летала кои се приближувале кон Москва, потврди градоначалникот Сергеј Собијанин. „ПВО-силите на Министерството за одбрана уништија дрон кој летал кон Москва. Службите за итни ситуации се на лице место“, напиша Собијанин на Телеграм, пренесува РБК Русија. Набрзо потоа, тој објави дека е соборен и втор дрон кој, како што наведе, ја нападнал Москва. Детали за причинета штета или евентуални жртви засега не се соопштени.

Повеќе

Напредокот на земјите кандидати во процесот на пристапување мора да се оценува исклучиво според Копенхашките критериуми, а блокадите од страна на земји членки поради политички мотиви надвор од овој рамки се неприфатливи, порача претседателот на Европскиот совет Кошта, во завршното обраќање на „Форумот за проширување на ЕУ 2025“ што се одржа во Брисел. „Треба да продолжиме со реформите во нашите земји кандидати, осигурувајќи се дека ги исполнуваат високите стандарди на Европската Унија за демократија, владеење на правото и фундаментални права. А тоа значи – процес на пристапување оценет само според Копенхашките критериуми и според ништо друго. Неприфатливо е да продолжи…

Повеќе

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, потпиша укази за отповикување на тројца амбасадори на Македонија – во Италија, Австрија и Индија, додека амбасадорот во Бразил добива проширени надлежности, пренесе Слободен печат.Најновите укази предвидуваат престанок на мандатите на тројца актуелни амбасадори во наредниот период, со прецизно утврдени датуми за нивно враќање во земјата. Со Указ број 34, од должноста се отповикува Весел Мемеди, вонреден и ополномоштен амбасадор во Италијанската Република. Неговиот мандат, кој ги опфаќа и нерезидентните должности за Сан Марино и Малта, ќе престане заклучно со 31 јануари 2026 година. Со Указ број 35, Освит Росоклија е отповикан од позицијата амбасадор…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во „Топ тема“ на ТВ Телма се осврна на работата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, потенцирајќи дека ниту тој лично ниту јавноста не е задоволна од неговата работа и логичен слет на настани би било негова смена. „Кога разговараме и кога ви велам дека не сум задоволен лично јас, но и јавноста од работата на јавниот обвинител, тогаш логичен след на настани после така јавно искажан збор е негова смена, многу јасно“, потенцираше Мицкоски. Тој исто така додаде дека граѓаните акламативно мислат дека Коцевски не си ја врши својата работа доволно добро, а буџетот кој…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски во „Топ тема“ на Телма телевизија говорејќи на тема судство и обвинителство истакна дека судиите во земјава бараат судски буџет далеку над европскиот просек, дури 75% повеќе, но кои резултати ги покажаа судиите за да го добиваат тој буџет, и затоа не гледа причина за зголемување на таа сума. „Ако зборуваме за буџетот една анализа да презентирам за македонските граѓани. Ова е европски извештај. Буџетот кој ние како држава го издвојуваме за правосудството е 0,39% од нашиот бруто домашен производ. За да знаат граѓаните соседна Грција издвојува 0,26%, Франција издвојува 0,2%, да одиме чекор понатаму, Германија издвојува…

Повеќе

Во интервју за телевизија Телма, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата не е задоволна од работата на Судскиот совет и на актуелниот обвинител. „Ние не сме задоволни како Влада од работата на овој Судски совет и на овој обвинител и тоа е наше право да не бидеме задоволни“, рече Мицкоски. На прашањето зошто беше прекината постапката, премиерот објасни „Имаше избори, еве сега веќе нема избори и може ќе ја продолжиме. Нормално е тоа. Еве година и половина ќе се навршат со обвинител избран од претходното мнозинство, не од оваа Влада. Претходно рековме да му оставиме шанса да се покаже дека…

Повеќе

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва изјави дека лично смета оти судскиот процес за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани мора да се одвива без политичко влијание, но предупредува дека има одредени политички партии кои, како што вели, се обидуваат да ја злоупотребат маката на оние што ги загубија своите најмили. -Лично мислам дека мора така да биде, не може да биде поинаку. Е сега има тука одредени политички партии што на овој случај, за жал, на маката на луѓето кои ги изгубија своите најмили се обидуваат да градат политичка кариера и затоа не можеме да кажеме дека…

Повеќе