Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Ивон Величковски: Кое е тоа Собрание што ќе гласа против 150 или 300 илјади граѓани за ЕУ?

    20.09.2026 во 12:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Претседателот на Европскиот совет: Македонија и БиХ можат да напредуваат до крајот на годината

    Претседателот на Европскиот совет: Македонија и БиХ можат да напредуваат до крајот на годината

    18.11.2025 во 21:02Updated:18.11.2025 во 21:123 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Напредокот на земјите кандидати во процесот на пристапување мора да се оценува исклучиво според Копенхашките критериуми, а блокадите од страна на земји членки поради политички мотиви надвор од овој рамки се неприфатливи, порача претседателот на Европскиот совет Кошта, во завршното обраќање на „Форумот за проширување на ЕУ 2025“ што се одржа во Брисел.

    „Треба да продолжиме со реформите во нашите земји кандидати, осигурувајќи се дека ги исполнуваат високите стандарди на Европската Унија за демократија, владеење на правото и фундаментални права. А тоа значи – процес на пристапување оценет само според Копенхашките критериуми и според ништо друго. Неприфатливо е да продолжи блокирањето на пристапувањето од некои земји членки од причини поинакви од оние утврдени во пристапот базиран на заслуги“, изјави Кошта.

    Тој порача дека проширувањето не е „апстрактна амбиција“, туку трансформативен процес и реална можност во следните години. Според него, ЕУ мора да ја покаже политичката визија и решителност да ги надмине историските поделби и да овозможи „Унија на заедничка иднина“.

    „Верувам дека Европа не смее да стане музеј на минатиот просперитет. Проширувањето е патот напред и единствениот начин Европа да остане глобална сила за мир, просперитет и стабилност“, нагласи тој.

    Кошта истакна дека во услови на геополитичка неизвесност, сигурната и предвидлива Европска Унија може да ја зајакне својата улога на глобалната сцена. Следното проширување, посебно кон Украина, Молдавија и Западниот Балкан, го оцени како „критично важно“.

    Во говорот тој ги наведе конкретните придобивки од процесот – од растечките економии на земјите кои се приклучиле по 2004 година, до плановите за раст за Западниот Балкан и Молдавија вредни до осум милијарди евра. Најави и дека од јануари 2026 година Украина и Молдавија ќе се приклучат на зоната за слободен роаминг на ЕУ.

    Оценувајќи ги напредоците по земји, Кошта посочи дека Босна и Херцеговина и Македонија „сè уште можат да постигнат напредок до крајот на годината“. Србија, според него, треба „во наредните недели“ да ги спроведе преземените обврски и да продолжи со усогласување со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

    За Црна Гора оцени дека има „најголем напредок“ и би можела да стане 28. членка на ЕУ во 2028 година, додека Албанија би можела да ги заврши преговорите до крајот на 2027. Тој додаде дека Украина и Молдавија го завршиле скрининг процесот „со рекордна брзина“, а Косово би можело да добие „позитивен сигнал“ по три години од поднесувањето на апликацијата.

    Кошта потенцираше дека паралелно со реформите на кандидатите, и Европската Унија мора да се подготви за прием на нови членки, вклучително и со „посилни заштитни мерки против назадување“.

    „Проширувањето не е само приклучување на повеќе земји. Станува збор за зајакнување на нашата Унија преку обезбедување дека сите членки се целосно посветени на заедничките вредности и дека остануваат посветени и по процесот на пристапување“, додаде тој.

    Прочитај повеќе

    Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар

    20.09.2026 во 15:42

    Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес

    20.09.2026 во 14:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.