Author: Author 03

Американски неименуван официјален претставник потврдил дека САД се отворени за идејата за можно разменување затвореници со Русија, но нагласил дека засега не е постигнат никаков конкретен договор. Разговорите се одржале за време на посетата на Кирил Дмитријев на САД од 24 до 26 октомври. Дмитријев, кој го предводи Рускиот фонд за директни инвестиции и игра улога во дипломатските контакти околу Украина, изјавил дека се сретнал со американски претставници и членови на тимот на претседателот Доналд Трамп. Според него, дискусиите се однесувале на хуманитарни теми, вклучувајќи ја и можноста за размена на притворени лица. Како што пренесува „Аксиос“, враќањето на притворените…

Повеќе

Советот за безбедност на Обединетите нации го одобри мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Појасот Газа, кој предвидува распоредување меѓународни сили во регионот. Тринаесет членки на Советот гласаа „за“ резолуцијата доцна синоќа, додека Русија и Кина останаа воздржани, пренесе „Бета“. Американскиот амбасадор во ОН, Мајк Валц, го оцени документот како „историски и конструктивен“, истакнувајќи дека резолуцијата поминала низ повеќекратни измени за време на чувствителните дипломатски разговори. Резолуцијата го поддржува мировниот план на претседателот Трамп, кој резултираше со воспоставување кревко примирје меѓу Израел и Хамас на 10 октомври. Примирјето дојде по две години жестоки борби на палестинската територија, започнати…

Повеќе

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно ја вознемири американската јавност со своето однесување, откако во директен пренос навреди новинарка и ѝ се обрати со зборовите да „замолчи“, нарекувајќи ја притоа „свиња“. Инцидентот се случил кога новинарката го прашала Трамп за неговата евентуална поврзаност со електронската преписка на покојниот финансиски измамник и осуден сексуален преступник Џефри Епстајн. Настанот дошол само неколку дена пред Трамп да го промени својот став околу обелоденувањето на таканаречените Епстајнови досиеја, пренесе Би-би-си. По растечките реакции во јавноста, Трамп подоцна повика конгресмени да гласаат за целосно јавно објавување на документите. Во јавноста веќе кружат информации дека во…

Повеќе

На 17.11.2025 во 17:20 часот во ОВР Кавадарци, Љ.К.(60) од Кавадарци пријави дека при реновирање на нејзиниот дом, во подрумска просторија пронашла предмети за кои се сомнева дека се експлозиви. Пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ги подигнале предметите и констатирале дека се работи за 55 неексплодирани детонаторски каписли. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Повеќе

Поранешниот американски амбасадор Вилијам Монтгомери изјави дека САД денес имаат претседател со поинаков пристап кон Западен Балкан и дека очекува и односот кон Република Србија да се промени, што, според него, веќе го покажува укинувањето на санкциите. Говорејќи во Бања Лука, Монтгомери нагласи дека новата американска администрација веќе работи на измена на политиката кон регионот. „Добар знак е што санкциите се укинати и ако било кој ќе работи на промена на тој однос, тоа е администрацијата на Доналд Трамп“, рече Монтгомери пред студентите на Филозофскиот факултет, каде ја промовираше својата книга „Не/дипломатски животи“, преведена на српски јазик. Прашањето за Канцеларијата…

Повеќе

На 16.11.2025 во 19:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 15.11.2025 околу 13:00 часот на подрачјето на општина Аеродром, Р.З.(65) од с.Трубарево, скопско, по претходна расправија, бил физички нападнат од две женски лица, во чиј двор претходно извршувал работни задачи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Властите велат дека жената возела мопед со својата 9-годишна внука и кај неа е утврдено ниво на алкохол во крвта од 1,49 промили. Возач на камион, исто така, е казнет Бабата признала дека испил четири џин-кока-кола, а полицијата ѝ ја одзеде возачката дозвола на 15 дена, објави белгискиот јавен радиодифузен сервис VRT. За време на операцијата, полицијата, исто така, запрела романски возач на камион со ниво на алкохол во крвта од 0,90 промили, како и помлада жена која возела наназад на линијата за запирање со ниво на алкохол во крвта од 1,29 промили. И други без возачки дозволи Нивните возачки дозволи, исто така,…

Повеќе

На 16/17.11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.К.К.Ч.(26) од Турција, Ф.А.(39) од с.Љуботен, скопско, Д.Р.(23) и Ф.С.(27), двајцата од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Повеќе

Најмалку 25 ученички од интернат во северозападна Нигерија се киднапирани во раните утрински часови, а еден член на персоналот е убиен, додека друг е повреден, потврди полицијата. Нападот се случил околу 4 часот наутро во интернатот во Мага, државата Кеби, јавува Скај њуз. Детали за нападот Портпаролот на полицијата, Нафиу Абубакар Котаркоши, изјави дека напаѓачите биле вооружени со „софистицирано оружје“ и размениле оган со чуварите пред да ги земат девојчињата. Полицијата ги пребарува сомнителните патишта за бегство и околните шуми во потрага по киднапираните ученички и сторителите. Контекст: чести напади врз училишта Овој напад е последен во серијата киднапирања на…

Повеќе

„Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани, на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите“, напиша на социјалните мережи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев. За време на саботниот „Марш на ангелите“ во Скопје, семејствата на загинатите во „Пулс“ побараа пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна…

Повеќе