- Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности
- Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани
- На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани
- ЦУК со детали: Беснее пожар во Штип – поради ветрот широко се проширил
- ВИДЕО од големиот пожар во Штип
- Голем пожар над Штип – градоначалникот свика итна прес-конференција
- Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат
- Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Author: Author 03
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека барањето на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, членките на ЕУ да испратат повеќе пари на Украина го потсетува на обидот да му помогне на алкохоличар со испраќање уште една гајба вотка. Орбан рече дека денеска добил писмо од претседателката на ЕК во кое таа пишува дека финансискиот јаз во Украина е значаен и бара од земјите-членки да испратат повеќе пари. „Во време кога стана јасно дека воената мафија зема пари од европските даночни обврзници, наместо да бара вистински надзор или суспензија на плаќањата, претседателката на Комисијата предлага да испратиме уште…
На 15.11.2025 во 16:45 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.З.(40), постапувајќи по претходна пријава дека околу 15:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 71-годишна мајка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Германската полиција во понеделник пукаше кон 12-годишна девојка со српско државјанство во Бохум, откако, според нивните наводи, им се приближила вооружена со два ножа. Детето е тешко повредено и се наоѓа на интензивна нега. Истрагата ја води полицијата од Есен под надзор на Јавното обвинителство во Бохум. Девојчето било пријавено за исчезнато Според официјалното полициско соопштение:„Околу 00:30 часот, припадници на полициската управа во Бума интервенирале во станбена зграда бидејќи се верувало дека исчезнатото девојче е таму. Дванаесетгодишното девојче, кое има германско и српско државјанство, избегало од групен дом и има потреба од лекови што го спасуваат животот, кои можеби не…
Поради силен јужен ветер, кој го зафати скопскиот регион, два авиони се преусмерени за слетување кон приштинскиот аеородром, додека други два сеуште кружат и чекат насоки за слетување, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Ветрот дува на поголема височина.
На денешната седница Извршниот одбор на СДСМ донесе одлука да започне постапка за исклучување од членство член на Советот на општина Карпош, заради непочитување на одлуките и ставовите на СДСМ и работење спротивно на интересите на партијата. -Советникот гласаше за изборот на претседател на Советот во Карпош спротивно на партиските одлуки и ставови. Согласно Статутут на СДСМ, непочитување на одлуките, работење и гласање спротивно на интересите на СДСМ како и нанесување значителна штета на партијата повлекува одговорност а тоа се однесува и на сите избрани советници, информираат од СДСМ.
Началникот на Генералштабот на полската армија, генерал Виеслав Кукула, предупреди дека постојат сериозни индикации за подготвување вооружен напад врз Полска, пренесува „Радио Полска“. Коментарот доаѓа по изјавата на секретарот на Пентагон, Петер Хегсет, кој актуелната глобална состојба ја спореди со периодите од 1939 и 1981 година. „Многу добра споредба“, оцени генерал Кукула, истакнувајќи дека моменталната безбедносна динамика зависи „од ставот на Полска – дали може да го одврати непријателот или, обратно, да го турне кон агресија“. Генералот укажа на зголемен број кибер напади и саботажи пријавени од државните институции во последните недели, оценувајќи дека тие не се случајни. „Непријателот почна…
Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ веќе испорачува конкретни и мерливи резултати во економијата. Тој додаде дека 55.000 студенти ќе добијат ваучери за набавка на технолошки уреди, додавајќи дека есенската економска прогноза на Европската комисија предвидува раст на БДП во следните две години, што претставува силна потврда за добрите и одговорни политики што Владата ги спроведува. „Денес имаше две добри вести од аспект на економијата. Првата е што конкретно студентите ќе можат да добијат средства за да може да набават технолошко помагало, 55.000…
Полицијата примила повеќе од 1.000 итни повици во врска со наводна закана, соопшти портпаролот, пренесе ДПА. Според првичните информации, службите веруваат дека пораката претставува „лажна информација намерно дизајнирана да предизвика страв“. Во објава на платформата X, полицијата предупреди на ширење дезинформации и лажни вести. „Немаме индикации за каква било опасност или специфични закани“, рекоа тие во соопштение доцна во неделата. Институцијата најави дека училиштата во понеделник ќе работат нормално, а полициски службеници ќе бидат присутни во близина на објектите за брза реакција доколку се појави потреба. Предупредувањето предизвика голем број реакции на интернет.„Родителските разговори полудуваат во моментов“, напиша еден корисник.…
Биљана Кузманоска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, на денешната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година порача дека Предлог-буџетот за 2026 година носи ред, мерливи резултати и стабилен економски раст, со силен фокус на инфраструктурата и инвестиции кои треба да отворат нови работни места. ,,Буџетот за 2026 година не е само финансиска рамка, тој е одраз на новиот начин на работа, на новата политика што ја ветивме, политика на одговорност, ред и чесност“, рече Кузманоска и додаде: ,,Воведуваме јасни прагови за реализација, и тоа не на хартија туку со мерливи рокови. До крајот на првиот квартал, 15% до…
На денешната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година свое обраќање имаше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дијана Илиевска каде истакна дека Предлог-буџетот е развоен, стабилен и директно насочен кон подобрување на животниот стандард на граѓаните.„Предлог-буџет за 2026 година со рекорден износ од 6,7 милијарди евра и она што е особено важно, а граѓаните треба да го знаат е дека во овој буџет се обезбедуваат повеќе средства за повисоки плати, пензии, за нови училишта, нови спортски сали, игралишта, нови градинки, нови болници, за нови патишта, за развивање на инфраструктурата, за развивање на дигитализацијата, и најважно од се за реализација на…
