Author: Author 03

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски информираше дека во рамки на неговите денешни активности, заедно со дел од раководството на Министерството, бил во посета на Отсекот за оружје, експлозивни и опасни материи – Скопје и ОВР Гевгелија каде одблиску направил увид во работењето. „За забележување е дека граѓаните на скопскиот регион во споредба со останатите низ државата малку подолго чекаат за своите одобренија и дозволи за оружје, но благодарение на добрата соработка со судската власт, од денес овозможена е електронска проверка и во прекршочната евиденција на судовите. Дадени се насоки на вработените во најкраток рок, хронолошки, да ги извршат сите преостанати…

Повеќе

Утринава делумно се урна облакодер во њујоршкиот округ Бронкс, а првичните информации за причините за колапсот укажуваат на експлозија на гас, објави локалниот сајт fox10phoenix.com. Инцидентот се случил утринава кратко по 8 часот, во станбениот комплекс Мичел Хаус на Александар Авенју број 205. Станува збор за 20-катна зграда во која, според противпожарната служба (FDNY), се урнало окното за палење на отпадот, што се протега по целата височина на зградата. На терен веднаш излегле бројни противпожарни екипи. Снимките од воздух покажуваат десетици пожарникари како ја проценуваат ситуацијата, додека зградата јасно покажува како окното се одвоило од остатокот од структурата. Според првичните…

Повеќе

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната граѓанска трибина во Македонски Брод, го повика премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, да не глумат лажни патриоти и да наоѓаат маани во предлог Резолуцијата на СДСМ за црвените линии во преговарачкиот процес со ЕУ, туку да покажат надпартиски однос за доброто на државата. „Велеа сакаме гаранции. И ние јасно им кажавме – гаранции може да имаме дома. Многу јасно и едноставно, како што тоа го прават во секоја држава. Еве ви ги црвените линии – ова се нашите црвени линии, нема преговори за ниту едно идентитетско прашање. Јасно и гласно.…

Повеќе

Српските студенти во блокада ги повикаа граѓаните во државата да бидат на собир во Нови Сад на 1 ноември, на годишнина од падот на бетонската настрешница на железничката станица во тој град. „Следниот месец се навршува една година од падот на бетонската настрешница. Ние, студентите, ве повикуваме да одржите помен низ цела Србија, но и да бидете со нас во Нови Сад, централното место на таа трагедија и солидарност со нашите колеги од Универзитетот во Нови Сад, како и со семејствата кои ги загубија децата, роднините, пријателите“, наведе студент, пренесоа српски медиуми. Истиот повик беше испратен и од Нови Сад.…

Повеќе

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, во Македонски Брод, нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ нема ниту една политика, ниту проект за развој на економијата, што е доказ за нивната безидејност и незаинтересираност. „Трет ден е од почетокот на кампањата, јас полоша кампања на ВМРО-ДПМНЕ не сум видел. Но јасно е зошто е така. Безидејноста доаѓа од фактот што немаат што да кажат. Што да каже ВМРО-ДПМНЕ? Со што да се пофали? Нема ништо, нема ниту еден проект, ниту една политика во интерес на граѓаните. Економијата потона, граѓаните потешко живеат,“ рече Филипче. Во обраќањето…

Повеќе

Соња Стаменкова, кандидат за градоначалник на Македонска Каменица од СДСМ и Коалицијата „За локални избори 2025″ преку јавна објава ја претстави својата визија и приоритети за развој на општината. „Безбедни и обновени улици, модерни и топли училишта за нашите деца и целосна и функционална канализација за секое населено место – ова не се само ветувања, ова е моја обврска“, порача Стаменкова, потенцирајќи дека како жител и активен граѓанин на Македонска Каменица сака општината да оди напред. Таа истакна дека верува во чесна, транспарентна и ефикасна локална власт и дека нејзината кандидатура е мотивирана од потребата за подобро управување и вистински…

Повеќе

Носителот на листата за Град Скопје, Даме Димитровски, во дебата на Канал 5 посочи дека граѓаните на главниот град се оставени без систем и без ред, а претпријатијата едвај опстојуваат поради блокадите и долговите што ги наталожила актуелната градоначалничка Арсовска. Според него, Вардариште можело одамна да биде претворено во зелена површина, но четири години останало само неостварено ветување. Тој истакна дека управувањето со отпад е еден од најгорливите проблеми на Скопје и дека е крајно време да се воспостави ред. Димитровски објасни дека првиот чекор е систематизација на управувањето, потоа воведување селекција со втора и трета канта, за во „Дрисла“…

Повеќе

„Македонија не се брани со навреди и кавги, со лажни повици за национално обединување, а подземни игри за поделба. Патриотизмот и достоинството не се злоупотребуваат за политички рејтинг,“ порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, од вечерашната трибината во општина Кичево. Тој истакна дека достоинството на граѓаните и на државата се брани единствено со силни институции и сериозен план, а не со празни зборови. „Достоинството се брани со луѓе што искрено мислат добро и на државата и на идните генерации. Се брани со паметна, цврста позиција и со резултати дома: со држава што функционира, со реформирани институции…

Повеќе

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Неготино во рамките на изборната кампања за локалните избори со слоган „Вистински избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, порача дека поддршката на овие избори и единствената алтернативата е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која значи одење напред и градење на иднината, а другите се СДС и ДУИ, потпомогнати од Левица. Мицкоски посочи дека оваа нивна коалиција е гаранција за враќање назад, за стагнација и за длабока криза, партии кои речиси никогаш не дошле на власт на фер избори, туку како последица на интриги, подземни игри и трикови, какви што прават и…

Повеќе

Над 400 лица се уапсени, а околу 300 се повредени поради насилство што избувна во вторникот вечерта на протести во неколку марокански градови, каде граѓаните бараат реформи во секторот здравство и образование, соопшти денеска мароканското Министерство за внатрешни работи. Непријавените протести, кои се одржаа четврти ден по ред по повик на групата GenZ 212 – која неодамна се појави на платформата Discord, а иницијаторите се непознати – резултираа со судири со полицијата во градови како Ужда (исток) и Инзеган, предградие на Агадир (југ). Министерството за внатрешни работи соопшти дека за време на насилството, демонстрантите користеле ножеви, Молотови коктели и камења, при што биле повредени 263…

Повеќе