Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ќе спиеме еден час повеќе – За неколку дена ги враќаме стрелките на часовникот
    • Нема листи на чекање во градинките во Центар – проблем останува недостигот од кадар
    • Хорор го потресе светот – Мајка се обидела да ги убие своите две деца и сопругот
    • Македонската полиција влезе во домот на младо момче – Веднаш го приведе
    • ВРЕДИ: Нови можности за студентите, библиотеката „Кочо Рацин“ добива универзитетски статус
    • Трамп застана на страната на Русија – го брани Путин
    • Три дена одмор пред нас: УХМР со временска за продолжениот викенд
    • Се очекува температурата да падне до -40 степени – Градовите во оваа земја веќе се покриени со снег
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Попов: УМС е единствен претставник на младите во општините и парламентот

    Попов: УМС е единствен претставник на младите во општините и парламентот

    16.11.2025 во 14:582 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Македонија повторно стои исправено, а младите гордо и достоинствено го понесоа товарот да ги исправат неправдите кои со години ѝ беа нанесувани на нашата држава. По завршувањето на локалните избори и конституирањето на општинските совети, исклучително сум горд што Унијата на млади сили уште еднаш се потврди како силен генератор на нови кадри и политики кои носат визија и иднина. Благодарение на отвореноста на ВМРО-ДПМНЕ кон младите, поддршката од сениорските структури и препознавањето на енергијата која ја носи најголемата политичка младина во државата, денес можеме да се пофалиме со над 100 советници низ општините, како и со 3 пратеници во Собранието на Република Македонија – рекорден број досега, директно произлезен од нашите редови“, изјави денеска Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ.

    Овој успех не е случаен. Тој е резултат на макотрпна работа, упорност и континуирана борба. Тој е доказ за нашата зрелост, кредибилитет и довербата што младите ја градеа во Организацијата со години.

    Денес, одржавме состанок со нашите новоизбрани советници – состанок на кој се обврзавме заеднички, јавно и одговорно дека ќе работиме чесно, посветено и дисциплинирано во интерес на младите и во интерес на сите граѓани.

    За нас како младина, политичките функции не се привилегија – тие се обврска и должност кон државата и кон младите генерации. Како нови советници и пратеници, ја преземаме одговорноста да бидеме постојано достапни, да бидеме на терен, да работиме чесно и посветено за интересите на младите луѓе во Република Македонија.

    Наша цел не е само да слушаме и да констатираме факти. Наша должност е активно да создаваме услови младите да станат двигатели на промените: да ги вклучиме во процесите, да ги охрабриме да дискутираат, да предложуваат решенија и да ја почувствуваат локалната самоуправа како свој автентичен простор.

    Без разлика дали се работи за комунални прашања, урбанистички планови, спорт, култура, образование, младински иницијативи или екологија – младите ќе ја покажат разликата. Ќе покажеме дека можеме поинаку и подобро и дека можеме да испорачаме резултати што носат иновација, енергија и подобро утре.

    Почитувани,

    УМС е единствената организација која е кредибилен и доверлив партнер на младите, единствената која може да испорача конкретни резултати во нашето општество.

    Оттаму, уште еднаш ве повикувам да не се колебате и да се приклучите на нашата борба – со вашите предлози, сугестии и вештини, да покажеме дека младите не се само иднината, туку силата што ја движи Македонија напред, сега и денес“, изјави Попов од ВМРО-ДПМНЕ

    Канаѓанка ја тужи ЦИА поради „тајни експерименти“ во болница
    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: Нови можности за студентите, библиотеката „Кочо Рацин“ добива универзитетски статус

    21.10.2026 во 09:54

    ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ освои 707 гласови во Брвеница, резултатот е порака до Филипче

    21.10.2026 во 09:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.