Author: Author 03

По речиси тридневен прекин што беше нареден од владата на талибанците од денеска низ цел Авганистан се обновени оптичкиот интернет и мобилните услуги. Оптички интернет и телефонскиот сигнал се обновени во главниот град Кабул, како и во провинциите Хост на исток, Кандахар на југ и Херат на запад од земјата. Претходно денеска талибанците негираа дека интернетот и мобилниот телефонски сигнал се прекинати во земјата, објаснувајќи дека е во тек замена на застарените оптички кабли. Неколку провинции во Авганистан минатиот месец потврдија дека им е блокиран оптичкиот интернет поради декретот на лидерот на талибанците, Хибатула Ахунџада, кој тврди дека со ваквата…

Повеќе

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Конче кој е во рамки на кампањата за локалните избори која се води под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ укажа дека кандидатот за Конче, Златко Ристов ќе направи се за жителите на Конче, за подобри услови за живот. Мицкоски укажа дека е вообичаено да се стави акцент на локалните теми, но оти мора да се споменат непринципиелните коалиции. Според него треба да се гласа така за да се стави крај на корупцијата и корумпираните политичари. „Корумпираните политичари кои не бираат средства да се дограбат до фотелјата,…

Повеќе

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Конче, Златко Ристов на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, прво се осврна на досега сработеното во изминатите четири години. Ристов посочи дека со чесна и посветена работа во Конче реализираше капитални проекти вредни милиони денари, како што се пречистителната станица, реконструкцијата на патишта, нови улици, водоводи и хортикултурно уредување во сите населени места. Затоа, истакна Ристов, сега е време да се продолжи и со нови проекти, за уште посилен развој и уште подобри услови за сите генерации, при што ќе…

Повеќе

Има предлог, кој со сигурност ќе го прифатиме за повеќекратно да се зголемат казните, од сегашните 20 000 евра, за непочитувањето на Законот за нефер трговски практики, најави заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески. Ристески денеска имаше средба со бизнисмените од прилепската регионална стопанска комора. -Еден од предлозите, кој сигурно ќе го прифатиме за поголемо почитување на Законот за нефер трговски практики е зголемувањето на казнената политика. Предлогот е сегашната казна од 20 000 евра повеќекратно да се зголеми што и не е многу со оглед што станува збор за големи супермаркети и трговски компании во земјава. Инаку,…

Повеќе

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, остварил билатерална средба со својот колега, министерот за јавна администрација на Црна Гора, Мараш Дукај, кој е во работна посета на земјава. Целта на средбата, како што информирааат од кабинетот на Минчев, е зајакнување на билатералната соработка помеѓу двете земји во областа на јавната администрација. Минчев и Дукај, се вели во соопштението, размениле визии и идеи за унапредување на реформските процеси и примена на современи методологии кои ќе придонесат кон создавање на поефикасна, транспарентна и граѓански ориентирана администрација. -Реформата на јавната администрација не е само внатрешна обврска, туку и надворешен сигнал, дека нашите институции…

Повеќе

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски денеска во изјава за медиумите најави дека Општина Аеродром ќе добие нов кружен тек, нов мост и уште многу други инфраструктурни проекти. -Еден од првите проекти што ви ги претставувам како дел од мојата програма е редизајнот на ова вкрстување меѓу булеварите „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Јане Сандански“ со улиците „Руди Чаевац“ и „Симеон Кавракиров“. Оваа точка ќе ја решиме со проектирање на модерен кружен тек, според највисоки европски стандарди со безбедносни острови, јасна сигнализација, уредени пешачки премини и оптимизирани пристапи. Така ќе обезбедиме побезбедно, побрзо и поефикасно движење…

Повеќе

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, вечерва во Драчево одржа средба со граѓаните која, како што истакна, прераснала во вистински митинг. „Она што требаше да биде мала средба, вечерва прерасна во вистински митинг,“ напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи. Тој додаде дека во присуство на вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, како и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, пред граѓаните ја претставиле визијата за „достоинствено Скопје“. Посебно, како што нагласи, е горд на најавата од Николоски дека утре ќе се потпише договорот за почеток на проектот „Градски воз“. „Првата линија ќе минува токму низ…

Повеќе

САД испратија опрема за борба против дронови во Данска за европските самити на 1 и 2 октомври, соопшти денеска данското Министерство за одбрана, приклучувајќи се на бројните европски земји кои понудија поддршка откако дронови беа забележани над земјата. – Задоволни сме и благодарни што и САД ја поддржуваат Данска со капацитети за борба против дронови во контекст на претстојниот самит, објави Министерството на Х. Последните извештаи за дронови над Данска доведоа до затворање на неколку аеродроми, меѓу кои и аеродромот во Копенхаген, најголемиот во северна Европа. Дронови биле забележани и над дански воени објекти, но од 27 септември нема нови…

Повеќе

„Ова е момент на нов почеток. Ако се откажеме, ќе ја оставиме иднината во раце на оние што ја враќаат старата матрица: блиските добиваат, останатите не се важни“, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче на граѓанска трибина во Штип каде беше презентирана програмата на СДСМ и коалицијата „Се бориме за нашиот дом“. „Секој член, секој симпатизер, секој што верува во социјалдемократската идеја станете, вклучете се. Организирајте го маалото, разговарајте со соседот, помогнете на терен. Нема мал придонес. Секој повратен глас е цигла во нашиот заеднички дом. СДСМ на овие избори излегува со нова понуда и нова енергија: чесни и проверени…

Повеќе

На денешниот митинг во општина Ресен, кандидатот за градоначалникот Јован Тозиевски посочи дека се реализирани 170 проекти во сите области спрема потребите на граѓаните на Ресен и Преспа и даде краток осврт на тоа што е сработено изминативе 4 години и кои се клучните проекти кои ќе се реализираат понатаму, во периодот што следи. „Асфалтиравме околу 23 километри локални и селски патишта, на 50 локации низ Преспа, Во однос на социјалната заштита: воведовме еднократна помош за новородено дете, првачиња и средношколци во нашата општина, и дадовме еднократна помош на лица од социјално-загрозени семејства. Во следниот период од 4 години, за …

Повеќе