Author: Author 03

„Две недели по дебаклот на локалните избори и две недели по објавувањето на Извештајот за напредокот од Европската комисија, ДУИ и Арбер Адеми „се разбудија од зимски сон“ за да го изразат својот наводен „загрижен“ став за европскиот пат. Иронијата е длабока: со половина раководство на црните листи за висока корупција, тие излегуваат и држат прес-конференции за европски напредок, напредок што самите го блокираа со години. Уште поапсурдно е што на локалните избори, ДУИ отворено се здружи со нај анти-НАТО и анти-ЕУ партијата во државата – Левица на Апасиев, во Гостивар, Тетово и Струга. Кога им требаше власт, Европа беше…

Повеќе

На денешната комисиска расправа за Предлог – буџетот за 2026 година се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов кој истакна дека буџетот е уште еден доказ за посветеноста на Владата кон младите, со реализација на клучни проекти, реконструкција на студентски домови и мерки за самовработување наменети за сите млади. „Буџетот е уште еден доказ за посветеноста кон младите на оваа Влада. И повторно тоа не се празни зборови како што бевме навикнати во минатото, напротив резултатите се видливи и опипливи. Насекаде во државата се реализираат проекти кои се од младинско значење, после 7 години конечно се реконструираат студентски…

Повеќе

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на комисиската расправа , предложениот буџет го оцени како неконзистентен, нереален и директно штетен за економијата и граѓаните. Таа нагласи дека буџетот не содржи никакви политики за зголемување на платите, ниту мерки за справување со сè поголемата сиромаштија. „Цените растат, граѓаните должат повеќе, а примаат исто. Наместо да живеат подобро, тие повторно плаќаат повеќе“, рече Лукаревска. Таа посочи дека Владата нема стратегија за раст на доходот и нема никакви алатки за да ја сопре инфлацијата, која и понатаму е висока. „Нема развој, нема реформи, нема повисоки плати, нема мерки за сиромаштијата, има само задолжување, кратење…

Повеќе

„На 15.11.2025 околу 06:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје настанал пожар во автобус на ЈСП во движење, кој бил без патници“, информира МВР. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а повредени лица нема.

Повеќе

На 14.11.2025 во 14 часот, во ОВР Струга е пријавено дека на локален пат во струшкото село Радожда, две лица физички го нападнале Р.С.(20) од селото Франгово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно документирање на настанот

Повеќе

На 15.11.2025 во 03:45 часот во село Подгорци, струшко, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај  Струга го лишија од слобода Т.С.(39) од селото Оровник, општина Дебрца. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал Т.С., и притоа констатирале дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,71 промили алкохол во крвта. Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобзирно управување со моторно возило“.

Повеќе

Денеска (15.11.2025) во 06:00 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на регионалниот пат од место викано „Чавдарова чешма“ кон обиколница Богданци, патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(26) од с.Црничани, дојранско, удрило во канделабра и во сообраќаен знак, откако претходно избегнал и не удрил во домашно животно. Во несреќата со тешки телесни повредо се здобил возачот, констатирани во Општа болница Гевгелија. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.

Повеќе

Сопруга на Андреј од ДНК, Наталија Ѓорѓиеска денеска на протестот „Марш за Ангелите“ порача дека тие не бараат сожалување, ниту пак сочувство, туку како што вели, тие бараат правда, вистина, фер постапка и гаранција дека ниту едно семејство нема да се разбуди во ноќта која тие ја преживеале. „Бараме да покренете иницијатива за одржување надзорна расправа пред надлежната собраниска комисија, како и да формирате посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата бидејќи трагедијата не е бројка, туку живот. Трагедијата претставува сериозна навреда на најосновните човекови права – право на живот, безбедност и право на навремено и ефективно постапување…

Повеќе

Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на пејачот Андреј Ѓорѓиески од ДНК, кој загина во пожарот во т.н. кабаре „Пулс“, денеска во обраќање пред Собранието ги повика пратениците да помогнат во потрагата по вистината за трагедијата. Таа во име на семејствата на загинатите побара пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за, како што рече, целосно и независно испитување на случајот. „Бараме да се утврди зошто институциите задоцнија. Никој не треба да живее во мислата дека некој можел да биде спасен, а не бил. Никое семејство не треба да носи болка која е последица на ваков пропуст, негрижа или недејствување. Бараме…

Повеќе

Македонија има квалитетен систем на формално стручно образование кој во соработка со бизнис секторот продуцира кадар што му е потребен на стопанството. Тој систем постојано се надградува и неодамна се формирани седум регионални центри за стручно образование и обука, а паралелно фокусирани сме и на развој и промоција на неформалното образование и обука меѓу повозрасната популација за да продолжиме да го намалуваме јазот помеѓу понудата и побарувачката на пазарот на трудот. Овие два сегменти ќе бидат во фокусот на нашите образовни политики и во периодот што следи. Ова го посочи министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, говорејќи…

Повеќе