- На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани
- ЦУК со детали: Беснее пожар во Штип – поради ветрот широко се проширил
- ВИДЕО од големиот пожар во Штип
- Голем пожар над Штип – градоначалникот свика итна прес-конференција
- Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат
- Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
- Стојаноска: СДС го имаа вториот Груби, но во Министерство за земјоделие, интерпелацијата за Трипуновски е неоснована
- Сиљановска Давкова: Освен уставните измени, Бугарите имаат барања поврзани со работата на историската комисија
Author: Author 03
Чест на исклучоци, но добар дел од судството и обвинителството ги интересира само зголемување на платите. Зошто толку бурно не реагираат на тоа што не одговараат на задачите кои ги имаат? Или пак зошто вака не реагираат за оние пријави што им стојат во фиока и со години не решаваат по истите? Ако проблемот е до платите, претседателот на Владата, Мицкоски најави дека ќе има зголемување во ставката за судиите и обвинителите во буџетот, и секако дека тие независно ќе си ги раководат парите, изјави денееска на прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО=ДПМНЕ. Но да напоменеме, мора да има одговорност за секој потрошен денар. Исто така, ако продолжат по истиот овој терк и граѓаните чекаат 5 можеби и некогаш 10 години за решавање на некаков случај во судството, ние не…
На 14.11.2025 во 15:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на две различни локации во водите на Охридското езеро кај охридското село Пештани пронајдени се четири неексплодирани експлозивни направи. Извршено е обезбедување на местата, а известен е и пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за безбедно подигнување на гранатите.
На 14.11.2025 во 14:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во кругот на поранешен стопански објект во Охрид на улица „7 Ноември“ во Охрид. Од преземените мерки констатирано е дека Б.С.(55) од Радовиш и Д.Т.(70) од Охрид, по чистење на поранешните деловни простории, надвор изнеле хартија, дрвени и други предмети, по што ги запалиле. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, а по целосно документирање на настанот против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.
Утре ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималните температури ќе се движат од –3 до 5 степени, а максималните ќе достигнат од 16 до 20 степени. Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Температурите ќе се движат од минимални 1 до максимални 16 степени. Според прогнозите на УХМР, во понеделник во земјава ќе има зголемена облачност,…
Наместо свеж кадар, реформи и фокус на напредок, Филипче по насока на неговиот ментор Заев, го постави Александар Трајановски за потпретседател на партијата. Ова именување е уште една потврда дека Заев и натаму ги држи конците во СДС и ја води партијата од сенка, изјави на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Филипче со ова покажува дека не му е важен напредокот на СДС. Тој избира кандидат кој ги загуби локалните избори, но истовремено е близок до него и до неговиот ментор Заев. Јавноста добро ги памети нивните летувања на скапите грчки плажи, уживајќи во ултра луксузната јахта на Заев. Со ова,…
Две жени биле нападнати од нивните сопрузи во два одделни случаи, соопшти денеска Секторот за внатрешни работи Куманово. Во СВР Куманово, вчера во 16:40 часот, 57-годишна жена од село во општина Липково пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг.Подоцна во текот на вчерашниот ден во 20:20 часот, 26 годишна жена од Куманово пријавила во полицијата дека нејзиниот сопруг и се заканувал со остар предмет. И за двата случаи полицијата, презема мерки за расчистување на случајот.
Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, изрази уверување дека разговорот меѓу претседателот Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин е клучен за пронаоѓање решение за украинското прашање. „Многумина го критикуваат американскиот претседател за разговорот со Путин. Но, ако сакате мир, мора да бидете силни и мора да разговарате“, изјави Венс за „Фокс њуз“. Тој нагласи дека Вашингтон треба активно да се вклучи во дипломатските напори со цел постигнување договор. Според него, Трамп е „првенствено фокусиран на мирот“, свесен дека продолжувањето на конфликтот води до дестабилизација, нови бранови бегалци и раст на цените на храната што директно ги погодува американските граѓани. Москва…
Се случи еден од најголемите и најшокантни скандали во здравството, откриени се најмалку 10 непотребни операции на срце. Но се уште нема кривични пријави и нема целосни информации во јавноста. Како е можно за ваков скандал без преседан, министерот да го презентира случајот на ваков начин, без целосни информации и без никакви пријави?, праша денеска на прес-конференција Симона Цветановски од членка на ИО на СДСМ. Министерот Алиу тврди дека комисија „утврдила“ непотребни операции, но во истата реченица вели дека извештајот не бил финален. Ако извештајот не е финален, како се утврдени шокантните факти? Ако е утврдено – зошто документот се крие? Зошто не…
Во синоќешните руски воздушни напади врз украинскиот град Днепар и регионот Синелникове загинаа две лица, а беше предизвикан и пожар кој зафати приватни објекти, домови, петкатна зграда, гасовод и повеќе автомобили. Украинската противвоздушна одбрана соопшти на Телеграм дека во текот на ноќта пресретнала и уништила „две балистички ракети ‘Кинџал’ и 91 беспилотно летало“. Според истите информации, една ракета и 41 дрон погодиле цели во 13 различни места во Украина. Во исто време, руското Министерство за одбрана објави дека синоќа биле пресретнати и уништени 64 украински дронови. Според нивните податоци, „дваесет и пет украински беспилотни летала биле пресретнати над Рјазанската област,…
Советот на министри на БиХ ќе формира Канцеларија на главен преговарач со ЕУ, изјави денес шефот на државната влада, Борјана Кришто, јасно ставајќи до знаење дека не ја прифаќа одлуката на Претставничкиот дом да ја изврши оваа работа, што е услов земјата да отвори преговори со Европската Унија. „Во согласност со член 22 од Законот за Советот на министри на Босна и Херцеговина, Советот на министри ќе го продолжи процесот на формирање на канцеларија на главен преговарач“, напиша Кришто на својот X профил. Во исто време, таа ги означи претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и комесарката за…
