Close Menu
Press24
    Најново

    Градежна офазива на Истокот: Одобрена изградба на 840 стана ширум државата

    10.07.2026 во 14:07

    Спорно било четвртото лице кое сакало да влезе во Албанија: Министерство за надворешни работи разговарало со претставник на Албанија

    10.07.2026 во 14:00

    Со 2,41 промили алкохол зад волан: Пијан охриѓанец заврши зад решетки, а останал и без автомобил

    10.07.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Градежна офазива на Истокот: Одобрена изградба на 840 стана ширум државата
    • Спорно било четвртото лице кое сакало да влезе во Албанија: Министерство за надворешни работи разговарало со претставник на Албанија
    • Со 2,41 промили алкохол зад волан: Пијан охриѓанец заврши зад решетки, а останал и без автомобил
    • Николоски за Тетово: Касами е прагматичен и ќе најде најдобро решение за улиците
    • Ако ве фатат со алкохол или дрога во студентски дом – забрана од пет години за сместување
    • Битола на нозе: Над 1.400 бомби и гранати од Прва светска војна пронајдени на „Тумбе кафе“
    • Драма на македонското небо: Мотор се откачил на авион на „Рајанер“, повреден Србин
    • Кузеска: Изборниот законик – уште една лага и манипулација на Мицкоски
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Не е една мака: Босанците не можат да се договорат кој ќе ги води преговорите со ЕУ

    Не е една мака: Босанците не можат да се договорат кој ќе ги води преговорите со ЕУ

    15.11.2025 во 12:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Советот на министри на БиХ ќе формира Канцеларија на главен преговарач со ЕУ, изјави денес шефот на државната влада, Борјана Кришто, јасно ставајќи до знаење дека не ја прифаќа одлуката на Претставничкиот дом да ја изврши оваа работа, што е услов земјата да отвори преговори со Европската Унија.

    „Во согласност со член 22 од Законот за Советот на министри на Босна и Херцеговина, Советот на министри ќе го продолжи процесот на формирање на канцеларија на главен преговарач“, напиша Кришто на својот X профил. Во исто време, таа ги означи претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и комесарката за проширување и европско соседство, Марта Кос, за својот став на социјалната мрежа.

    Во објавата, таа истакна дека законодавната власт, особено Претставничкиот дом, нема право да формира привремени канцеларии кои не се предвидени со закон. Таа додаде дека оваа одлука ја донел само еден дом на Парламентарното собрание на БиХ, кој го изоставил горниот, национално конципиран Дом на народите, што според неа дополнително ја компромитира одлуката.

    Владејачките бошњачки партии, со поддршка на опозициските српски партии, одлучија да ја формираат Канцеларијата на главниот преговарач со Европската Унија. Со овој потег, тие се обидуваат да ја исклучат СНСД на Милорад Додик од процесот на формирање на канцеларијата на главниот преговарач. Кришто истакнува дека таков потег е неуставен.

    Шефот на дипломатијата на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, не се согласува со ова, наведувајќи дека одлуката е законска и дека Европската комисија ќе ја прифати.

    Прочитај повеќе

    Драма на македонското небо: Мотор се откачил на авион на „Рајанер“, повреден Србин

    10.07.2026 во 12:37

    Голомеов: Современото рударство е безбедно, економските придобивки воопшто не се за занемарување

    10.07.2026 во 11:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.