Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
    • Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
    • Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Не мируваат ниту Украинците, ниту Русите: Во нападите ноќеска загинаа две лица

    Не мируваат ниту Украинците, ниту Русите: Во нападите ноќеска загинаа две лица

    15.11.2025 во 12:201 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во синоќешните руски воздушни напади врз украинскиот град Днепар и регионот Синелникове загинаа две лица, а беше предизвикан и пожар кој зафати приватни објекти, домови, петкатна зграда, гасовод и повеќе автомобили.

    Украинската противвоздушна одбрана соопшти на Телеграм дека во текот на ноќта пресретнала и уништила „две балистички ракети ‘Кинџал’ и 91 беспилотно летало“. Според истите информации, една ракета и 41 дрон погодиле цели во 13 различни места во Украина.

    Во исто време, руското Министерство за одбрана објави дека синоќа биле пресретнати и уништени 64 украински дронови. Според нивните податоци, „дваесет и пет украински беспилотни летала биле пресретнати над Рјазанската област, 17 над Ростовскиот регион, осум над Тамбовскиот регион, пет над Воронежскиот регион, по два над Белгородскиот, Саратовскиот и Липецкиот регион, и по еден над Тулскиот и Самарскиот регион, како и над Република Татарстан“.

    Двете страни изнесуваат свои бројки за пресретнатите воздушни цели, додека украинските региони продолжуваат да се соочуваат со последици од нападите.

    Прочитај повеќе

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Земјотрес ја погоди Србија

    29.10.2026 во 22:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.