Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сопругата на Андреј од ДНК бара анкетна комисија за несреќата во Кочани

    Сопругата на Андреј од ДНК бара анкетна комисија за несреќата во Кочани

    15.11.2025 во 14:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на пејачот Андреј Ѓорѓиески од ДНК, кој загина во пожарот во т.н. кабаре „Пулс“, денеска во обраќање пред Собранието ги повика пратениците да помогнат во потрагата по вистината за трагедијата. Таа во име на семејствата на загинатите побара пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за, како што рече, целосно и независно испитување на случајот.

    „Бараме да се утврди зошто институциите задоцнија. Никој не треба да живее во мислата дека некој можел да биде спасен, а не бил. Никое семејство не треба да носи болка која е последица на ваков пропуст, негрижа или недејствување. Бараме да се утврди вистината, каде се случиле пропустите, кој не реагирал, кои институции задоцнија, кој ја имал должноста да спречи, а не спречил. Бараме посебна анкетна комисија, затоа што имаме право сите на вистина. Истражувањето што се водеше остана нецелосно, со многу отворени прашања, без одговор и недоразјаснети околности. Ние, семејствата, останавме со сомнеж дека вистината овојпат е сокриена“, кажа Ѓорѓиеска во говорот пред закондавниот дом.

    За неа, трагедијата во Кочани претставува сериозна навреда на најосновните човекови права – право на живот, на безбедност и право на навремено и ефективно постапување на институциите во ситуација со закана по живот. Таа вели дека Анкетната комисија е неопходна за проверка на постапувањето на сите институции од локално до централно ниво, да се утврди евентуална политичка или службена одговорност и да се подготват мерки кои ќе гарантираат дека ваква трагедија никогаш веќе никому нема да се случи.

    „Ние не бараме сочувство, тоа за жал не ги враќа нашите најмили и не може да ни ја избрише болката. Бараме институционална вистина, фер постапка и гаранција дека ниту едно семејство нема да се разбуди во ноќта којашто ние ја преживеавме. Ваша должност е да ја заштитите јавноста и сите граѓани“,им порача Ѓорѓиеска на пратениците.

    Таа посочи дека на денешниот марш зборуваат како луѓе, семејства и родители, кои сфатиле дека трагедијата што се случи во Кочани може да му се случи на кој било и дека никој не е заштитен кога институциите не ја вршат својата работа.

    „Маршот за ангелите“ во Скопје започна во 12:05 од плоштадот „Македонија“.

    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.