Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“
    • Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад
    • По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
    • Бугарија нема да учествува во новиот финансиски пакет: Радев ја одби европската иницијатива за нов заем од 70 милијарди евра за Украина
    • Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
    • Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
    • Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сопругата на Андреј од ДНК: Бараме правда

    Сопругата на Андреј од ДНК: Бараме правда

    15.11.2025 во 14:39Updated:15.11.2025 во 14:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сопруга на Андреј од ДНК, Наталија Ѓорѓиеска денеска на протестот „Марш за Ангелите“ порача дека тие не бараат сожалување, ниту пак сочувство, туку како што вели, тие бараат правда, вистина, фер постапка и гаранција дека ниту едно семејство нема да се разбуди во ноќта која тие ја преживеале.

    „Бараме да покренете иницијатива за одржување надзорна расправа пред надлежната собраниска комисија, како и да формирате посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата бидејќи трагедијата не е бројка, туку живот. Трагедијата претставува сериозна навреда на најосновните човекови права – право на живот, безбедност и право на навремено и ефективно постапување на институциите во ситуација со закана на живот. Бараме да се утврди зошто институциите задоцнија, никој не треба да живее во мислата дека некој можел да биде спасен а не бил“, вели таа.

    Наталија порача да се утврди вистината каде се случиле пропустите.

    „Кој не реагирал? Кои институции задоцнија? Кој ја имал должноста да спречи, а а не спречил? Бараме посебна анкетна комисија затоа што имаме право сите на вистина. Истражувањето што се водеше остана нецелосно, со многу отворени прашања без одговор и недоразјаснети околности. Ние семејствата останавме со сомнеж дека вистината овој пат е сокриена. Анкетната комисија е неопходно да го обезбеди следново: сите факти да излезат на виделина; проверка на постапување на сите институции од локално до централно ниво; да се утврди евентуална политичка или службена одговорност; да се подготват мерки коишто ќе спречат и и ќе гарантираат дека ваква трагедија никогаш повеќе никому нема да му се случи“, вели сопругата на Андреј од ДНК, Наталија.

    Прочитај повеќе

    Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“

    20.10.2026 во 23:46

    Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула

    20.10.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.