Author: Author 03

„Денес не сум пред вас само како кандидат за нов мандат, туку како човек кој верува во себе и во Вас. Заедно покажавме дека општината може да се води со работа, чесност и визија. Ниту еден проект, ниту една промена не се случи сама од себе – сè што направивме е резултат на тимска работа, упорност и љубов кон нашата општина“, истакна на трибината на СДСМ и Коалицијата, кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип Драган Анастасов. Во своето обраќање пред присутните, Анастасов се осврна на сработеното во изминатиот период. „Од изградени и реконструирани улици, подобрени училишта и градинки, до нови паркови и…

Повеќе

Градоначалникот на општина Велес, Марко Колев гостуваше во емисијата Топ тема на Телма, каде што дебатираше со противкандидатот на СДС од Велес. Колев говореше за предизвикот со потребата од голем број на паркинг места, за којшто потенцираше дека во новиот мандат, односно следните 4 години, ќе биде решен. „Во соработка со ЈПДП, мостот кај Башино Село е веќе реконструиран, веќе имаме документација и обезбедени средства за изградба на нов мост, во близина на претходниот и секако обиколницата којашто треба да се гради некаде почетокот на 2026 година. Секако имаме и други проекти за кои имаме предвидено средства, така да ќе…

Повеќе

„Година и пол ВМРО-ДПМНЕ нема со што да се пофали, нема нови мерки, нема развојни политики и затоа ја почнаа старата проверена приказна со напади кон ДУИ. Јас ова го нарекувам стратегијата на политичките кукавици“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва во Пробиштип. „Национализмот и нападите со ДУИ им останаа како единствено оружје да ги оттргнат луѓето од реалните проблеми. Да заборават дека немаат доволно пари, дека цените растат, дека државата стои во место“, додаде Филипче. Претседателот на СДСМ порача дека триковите на ВМРО-ДПМНЕ се одамна прочитани од граѓаните. „Господа од ВМРО-ДПМНЕ, дали мислите дека можете повторно со истите…

Повеќе

На денешниот митинг во Струга генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски истакна дека со преземањето на одговорноста да ја води Владата, ВМРО-ДПМНЕ покажа како за кратко време, односно за година и половина може да се направат многу проекти кои го подобруваат животот на граѓаните. Сајкоски порача дека од новите советници на Општина Струга, како и од стружани кои се директните учесници во извршната власт се очекува да испорачаат проекти кои во градот ќе го направат услови за подостоинствено живеење кои го подобрат квалитетот на животот. Додаде дека време е Струга да добие надеж за подобра иднина, надеж за развој, надеж…

Повеќе

По големиот интерес во јавноста околу фотографијата со новиот iPhone 17 Pro Max, кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, Курто Дудуш, денеска се огласи на социјалните мрежи со демант дека телефонот всушност не е негов.Да ја разрешиме мистеријата за вистинскиот сопственик на iPhone 17 Pro Max – тоа е мојот братучед Алмир Дудуш, познат бизнисмен во Шуто Оризари. Со фотографијата сакавме да го промовираме бројот 17, со кој ќе настапиме на изборите со нашата партија Унија на Ромите. Тоа беше порака, а не промоција на телефон“, напиша Дудуш

Повеќе

Управата за јавни приходи веднаш пристапи кон спроведување на внатрешна проверка на наводите изнесени во објавата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и донесе решение за суспензија на вработените лица кои се опфатени во случајот, сè додека трае постапката за утврдување на фактичката состојба. -Оваа мерка е преземена со цел заштита на институционалниот интегритет, угледот на Управата и довербата на граѓаните, посочуваат од УЈП за МИА. Во објавата на ИРЛ беа презентирани комуникации меѓу вработени лица и даночен обврзник, кои укажуваат на можност за оддавање на даночна тајна, како и неовластено информирање за претстојни контроли и координирани активности со други надлежни…

Повеќе

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан денеска му порача на премиерот на Полска Доналд Туск дека со судир со Русија игра опасна игра со животите на милиони Европејци. – Драг Доналд Туск, можеби мислите дека сте во војна со Русија, но Унгарија не е. Истото важи и за Европската унија. Играте опасна игра со животите и безбедноста на милиони Европејци. Ова е многу погрешно, напиша Орбан на Х. Изјавата на Орбан следува откако Туск вчера во говор на Варшавскиот безбедносен форум, рече дека војната во Украина е дел од „страшен политички проект“. – Се допаѓа тоа некому или не, ова е…

Повеќе

Ова се локални избори каде што се одлучува за местото на вашето живеење за патот по кој одите, за училиштето во кое учи вашето дете, внук, за тоа како живеете, за парковите по кои шетате, но ова не се само обични локални избори, туку ова се избори во кои што се испраќа силна порака за политичката волја овде во Струга, во преубавиот град на Дрим, рече во своето обраќање претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во основа имаме два избори, едниот избор е изборот да одиме сите назад, дасе вратиме кон темното минато на криминалот, корупцијата, тендерите, распаднатата и одземена држава,…

Повеќе

Силен земјотрес со јачина од 6,9 степени денеска е регистриран во морето кај централниот дел на Филипинските Острови, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS), кој ја намали почетната проценка на јачината што првично беше 7,0. Филипинскиот сеизмолошки завод предупреди на можно „помало покачување на нивото на морето“ и ги повика жителите на централните острови Лејте, Себу и Билиран да останат подалеку од крајбрежјето. Епицентарот на земјотресот бил на 11 километри источно-југоисточно од Калапе, општина во покраината Бохол со околу 33.000 жители. Пацифичкиот центар за предупредување соопшти дека „нема опасност од цунами“. Филипините често се соочуваат со сеизмичка активност бидејќи се наоѓаат…

Повеќе

На овие локални избори Социјалдемократскиот сојуз го очекува уште еден изборен дебакл, порача вечерва од Вевчани лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. На Митингот пред вевчанци тој посочи дека иако лидерот на опозициската партија Венко Филипче кажал оти нема да води негативна кампања, ја злоупотребувал големат трагедија во Кочани, а но и оти, според Мицкоски, спремал ново предавство со т.н. „црвени линии“ со Бугарија. – Тоа е всушност реалното лице на опозицијата која во најновите пазарџиски трикови сака и да спакува нов поклон за нашиот источен сосед. Тоа е подарок којшто тие го нарекоа Резолуција или црвени линии, после кој СДСМ…

Повеќе