Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонец загина во трагичен судир кај Равена: Заедницата во шок по загубата на „Макс“

    Македонец загина во трагичен судир кај Равена: Заедницата во шок по загубата на „Макс“

    16.11.2025 во 15:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Тешка сообраќајна несреќа се случила на периферијата на Равена, во близина на каменолом, каде при судир на два камиона загина 60-годишен маж, а едно лице е повредено. Загинатиот е државјанин на Македонија кој живеел во Луго повеќе од две децении, пренесува скопје.инфо.

    Според првичните информации, несреќата се случила кога два камиона кои се движеле во спротивни насоки — едниот влегувал, а другиот излегувал од каменоломот — се судриле со силен удар. Италијанските медиуми објавија дека жртвата е Ислами Месут, во заедницата познат како Макс.

    Администрацијата на општина Луго изрази длабоко сочувство до неговото семејство – сопругата, двете деца и внуците.

    „Добро познат во нашата заедница. Го викавме Макс. Дошол во Италија пред 20 години да работи и секогаш го правеше тоа чесно и посветено“, напиша градоначалничката Елена Занони на социјалните мрежи.

    Од Советот на Волтана додаваат дека семејството на Месут е пример за успешна интеграција и трудољубивост.

    „Макс и неговата сопруга се почитувани низ цела Волтана. Нивната работа овозможи нивните деца да дипломираат и да купат куќа. Среќни сме што ги имавме за соседи и пријатели“, изјави претседателката Валерија Монти.

    Заедницата во Волтана е потресена од ненадејната загуба на човек кој, како што велат, зад себе оставил чесност, пријателство и пример за достоинствен живот во туѓа земја.

    Прочитај повеќе

    Пукање на универзитет, шест деца меѓу повредените во Талахаси

    26.10.2026 во 09:37

    Министер за меѓународни партнерства и странски инвестиции Зулфикар Зејнула во прва официјална посета на Турција: Средба со министерот за надворешни работи Хакан Фидан

    25.10.2026 во 12:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.