Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кризна состојба во Србија: Владата заседава секојдневно поради НИС

    Кризна состојба во Србија: Владата заседава секојдневно поради НИС

    16.11.2025 во 15:053 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Палатата на Србија денеска се одржа вонредна седница на Владата на Србија, посветена на состојбата во Нафтената индустрија на Србија (НИС). Седницата ја водеше претседателот Александар Вучиќ, кој најави дека до следната недела мора да биде донесено конкретно решение за иднината на компанијата, во која доминантен сопственички удел имаат руските партнери.

    „До следната недела мора да донесеме одлука и да имаме решение за НИС. Се надевам дека азиските и европските партнери, со кои разговараат руските партнери, ќе прифатат да преговараат за сопственоста, што би значело дека можеме да го информираме ОФАК со заедничко писмо“, изјави Вучиќ. Тој додаде дека, доколку Русите не успеат да постигнат договор со своите партнери за цената, Србија ќе биде подготвена да понуди подобра цена за рускиот удел во НИС.

    Премиерот Ѓуро Мацут оцени дека Србија се наоѓа во кризна состојба од прв степен, истакнувајќи дека Владата ќе заседава секојдневно сè додека не се стабилизира ситуацијата. „Мораме да ја одржиме стабилноста на државниот систем, особено во јавните услуги и во сè што е поврзано со секојдневното работење. Ќе се состануваме секој ден, ова е кризна состојба од прв степен“, рече Мацут, пренесува РТС.

    Претседателката на парламентот, Ана Брнабиќ, на седницата изјави дека, доколку биде потребен ребаланс на буџетот, Собранието ќе реагира брзо. Вучиќ нагласи дека е важно граѓаните да ја разберат сериозноста на ситуацијата. „Гледам дека некои повикуваат на национализација, но нашата политика е поинаква – партнерска и пријателска. Со Руската Федерација ќе почекаме до последен момент и ќе им дадеме можност да ги продадат своите средства“, истакна тој.

    Вучиќ ги презентираше и актуелните оперативни резерви на НИС, нагласувајќи дека нема простор за паника: 7.200 тони бензин, 33.000 тони дизел и 3.800 тони керозин. Дополнително, Српската армија располага со 15.000 тони керозин, а државните резерви вклучуваат 50.340 тони бензин, 92.654 тони дизел, 8.128 тони течен нафтен гас, 84.000 тони сурова нафта, 188.000 тони дизел и над 68.000 тони мазут. „Имаме стабилни резерви и никој не треба да се грижи за авионите или снабдувањето со гориво“, рече Вучиќ.

    Претседателот му наложи на директорот на „Србијагас“, Душан Бајатовиќ, да ги заврши заостанатите инфраструктурни проекти. „Да се заврши гасоводот до Ваљево, гасоводот Александровац–Тутин и делницата од Лесковац до Врање. Потребен ни е интерконектор со Северна Македонија, за да можеме да обезбедиме повеќе гас во иднина. Не ме интересира кој има нешто против тоа“, потенцираше Вучиќ.

    Во заклучокот, Вучиќ повтори дека Србија нема намера да презема еднострани мерки за национализација или заплена на имот на НИС, туку ќе бара партнерско и економски одржливо решение. „Нашата политика не е конфискација, туку партнерство. Србија ќе ја заштити својата енергетска стабилност, но и меѓународната соработка,“ изјави претседателот.

    Прочитај повеќе

    Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија

    18.09.2026 во 23:59

    Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград

    18.09.2026 во 23:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.