Author: Author 03

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека неодамна спречила обид за атентат врз висок руски државен функционер. Нападот бил планиран да се изврши на гробот на неговите најблиски на московските гробишта, со помош на видеокамера скриена во вазна со цвеќе. Цел на нападот Руски медиуми наведуваат дека целта на обидот бил главниот советник за безбедност на претседателот и поранешен министер за одбрана, Сергеј Шојгу. ФСБ објави дека нападот бил планиран од специјалните служби на Украина. „Федералната служба за безбедност спречи терористички чин кога функционерот го посетил гробното место на блиски роднини на гробиштата Троекуровски“, објави ФСБ, без да го…

Повеќе

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.Т.(37) од селото Мешеишта, општина Дебрца. Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Имено на 02/03.10.2025 во атарот на струшкото село Мислешево, полициски службеници од ОВР Струга го затекнале пријавениот како управува патничко возило „митсубиши паеро“ без регистарски таблички натоварено со огревно дрво без документација. Притоа, тој се обидел со возилото да ги удри полициските службеници, по што е лишен од слобода

Повеќе

Жители на Појасот Газа кои неодамна биле префрлени во Јужна Африка тврдат дека морале да платат по 2.000 долари за да ги извлечат своите семејства од разурнатата палестинска територија. Двајца Палестинци за британските медиуми потврдиле дека биле дел од групата од 130 лица, на кои минатата недела им бил дозволен влез во Јужна Африка. Тие биле евакуирани со автобуси од Газа, а потоа пристигнале во Јоханесбург со авион по меѓуслетување во Најроби. Според нивните сведоштва, одговориле на онлајн оглас на организацијата Ал-Маџд Европа, во кој се нудела можност за напуштање на Газа – оглас кој, како што велат, бил наменет…

Повеќе

Три лица се повредени во вчерашната сообраќајка која се случила во 16:50 часот на регионалниот пат Валандово-Удово, соопштија денеска од СВР Струмица. Во несреќата учествувале автомобил „форд“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Е.А.(42) од село Старо Балдовци, општина Босилово и мотоцикл „бмв“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Г.Б.(52) од Кавадарци. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и неговата сопатничка Е.Б.(50) од Кавадарци, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник во патничкото возило, констатирани во Медицински центар Гевгелија, се наведува во соопштението на СВР Струмица. Увид на местото извршила екипа на ОВР Валандово.

Повеќе

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, испрати писмо до лидерите на земјите-членки на ЕУ во кое предлага три можни модели за финансирање на потребите на Украина во периодот 2026–2027 година. Три можни решенија за финансирање Првата опција предвидува секоја земја-членка да обезбеди билатерална неповратна финансиска помош за Украина. Втората опција е заедничко задолжување на ниво на Европската унија, при што државите-членки би морале да обезбедат правно обврзувачки, безусловни и неотповикливи гаранции за евентуалниот заем. Како трета и најконтроверзна опција, фон дер Лајен предлага репарациски заем од 140 милијарди евра, кој би се финансирал со користење на имобилизираните руски…

Повеќе

Пратениците на СДСМ и Коалицијата утре ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна Анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“ објави претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче повикувајќи ги сите пратеници да ги поддржат. „Пратениците на СДСМ и Коалицијата ги поддржуваат барањата на семејствата на загинатите и повредените во Кочани и утре ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна Анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“, за утврдување на вистината и одговори на сите прашања. На денешната координација на пратеничката група на СДСМ и…

Повеќе

Бране Петрушевски, пратеник од редовите ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, беше гостин во „Топ тема“ на телевизија Телма, каде се осврна на темата за Предлог-буџетот за 2026 година и во реплика на пратеничката од опозициската СДС, Јована Тренчевска, истакна дека Предлог-буџетот за 2026 година е домаќински и развоен. Тој се осврна на делот за пензии, кои како што вели, ќе се покачат за над 10%, а буџетот за социјална заштита како и во делот на здравството е зголемен, со средства за медицинска опрема како и подобри услуги за граѓаните во земјава. „Буџетот е домаќински скроен, служи за фискална консолидација и има развојна…

Повеќе

Хотелот Ciel Dubai Marina официјално е признат како највисок хотел во светот и деновиве ги пречека своите први гости во Дубаи. Со импресивна висина од 377 метри, Ciel Dubai Marina го надминува досегашниот рекордер – хотелот Гевора, висок 356 метри, кој исто така се наоѓа во Дубаи. Новиот небостар има 82 ката и вкупно 1.004 соби и апартмани, а во него се сместени и рекордни содржини, меѓу кои и највисокиот бесконечен базен во светот, поставен на 76-ти кат, на висина од 310 метри. Спа-центарот и теретаната отворени 24 часа се лоцирани на 61-ви кат. Дубаи, како глобален рекордер во луксузни…

Повеќе

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, учествуваше на 17тата седница на Управниот одбор на Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA) на министерско ниво, која се одржа во рамките на конференцијата „Партнерство за реформи: Министерски дијалог Западен Балкан – Италија“ во Рим, Италија. На седницата беа презентирани и усвоени Годишниот извештај за периодот од 19 октомври 2024 до 19 октомври 2025, кој ги акцентира постигнувањата во реформите на јавната администрација, како и Буџетот за 2026–2027 година, кој обезбедува континуитет во активностите и поддршката за земјите од регионот. Изгласана беше и Министерската декларација за реформа на јавната администрација, која потврдува заложбата за…

Повеќе

Дали ВЛЕН ќе добие еден член повеќе или ќе остане со шестмина во Владата, е дел од преговорите меѓу владините партнери, вели министерот за здравство Азир Алиу во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. „360 степени“: Можно ли е Беким Сали да биде нов ресорен министер, на пример, за европски прашања, на местото на Орхан Муртезани, и од таа позиција евентуално да биде вицепремиер, или можеби некој друг од министрите на ВЛЕН ќе биде вицепремиер? Алиу: Освен договор во којшто е креирана таа владина структура, исто така ние имаме и договор, бидејќи ВЛЕН е, нели, составена од четири политички…

Повеќе