Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Тројца убиени во пукотница во шпанско одморалиште, меѓу нив бремена жена и дете

    17.08.2026 во 13:55

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Историско судење: Ако „Мета“ го загуби спорот, Instagram и Facebook би можеле засекогаш да се променат
    • Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“
    • Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“
    • Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките
    • Канада пред нов удар: САД воведуваат царини од 50 проценти во средa
    • Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување
    • Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
    • Почнува судењето за убиството на Тупак
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Брисел предупредува: Нема едноставни решенија, Европа не смее да биде парализирана

    Брисел предупредува: Нема едноставни решенија, Европа не смее да биде парализирана

    17.11.2025 во 21:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, испрати писмо до лидерите на земјите-членки на ЕУ во кое предлага три можни модели за финансирање на потребите на Украина во периодот 2026–2027 година.

    Три можни решенија за финансирање

    Првата опција предвидува секоја земја-членка да обезбеди билатерална неповратна финансиска помош за Украина.

    Втората опција е заедничко задолжување на ниво на Европската унија, при што државите-членки би морале да обезбедат правно обврзувачки, безусловни и неотповикливи гаранции за евентуалниот заем.

    Како трета и најконтроверзна опција, фон дер Лајен предлага репарациски заем од 140 милијарди евра, кој би се финансирал со користење на имобилизираните руски средства. Украина би го враќала заемот само ако и откако Русија ќе плати воени репарации.

    Иако Европската комисија понуди три решенија, во пракса првите две се оценуваат како речиси невозможни поради слабата фискална состојба на голем дел од земјите-членки. Како што наведува фон дер Лајен, тие опции би го зголемиле фискалниот притисок затоа што помошта би доаѓала од директни буџетски средства или од ново задолжување на финансиските пазари со дополнителни трошоци за камата. Од друга страна, репарацискиот заем, според Комисијата, не би предизвикал нови трошоци, ниту би влијаел врз националните буџети.

    Огромни финансиски потреби на Украина

    Според писмото, Украина ќе има потреба од 83,4 милијарди евра во 2026 и 2027 година за финансирање на воените и одбранбените капацитети, како и 52,3 милијарди евра за економска стабилизација и покривање на буџетскиот дефицит – вкупно 135,7 милијарди евра.

    Одлука на самитот во декември

    Лидерите на ЕУ треба да донесат одлука околу моделот на финансирање на претстојниот самит на 18 и 19 декември. На претходниот самит одржан на 23 октомври, државите-членки ѝ наложија на Комисијата да изготви опции за финансиска поддршка на Украина во следните две години. Меѓутоа, прашањето за користење на замрзнатите руски средства остана отворено поради противењето на Белгија, која бара гаранции дека ризикот од евентуални арбитражни пресуди ќе го поделат сите земји-членки.

    Во документот од последниот самит беше наведено:
    „Европскиот совет се обврзува да одговори на итните финансиски потреби на Украина за 2026 и 2027 година, вклучително и за нејзините воени и одбранбени напори“, текст поддржан од 26 земји-членки, со исклучок на Унгарија.

    Во своето писмо до лидерите, фон дер Лајен заклучува дека:
    „Јасно е дека нема едноставни решенија, но Европа не може да си го дозволи парализирањето – ни преку двоумење, ни преку потрага по совршени или едноставни решенија што не постојат.“

    Прочитај повеќе

    Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“

    17.08.2026 во 23:21

    Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“

    17.08.2026 во 23:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.