- Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности
- Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани
- На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани
- ЦУК со детали: Беснее пожар во Штип – поради ветрот широко се проширил
- ВИДЕО од големиот пожар во Штип
- Голем пожар над Штип – градоначалникот свика итна прес-конференција
- Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат
- Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Author: Author 03
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва изјави дека лично смета оти судскиот процес за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани мора да се одвива без политичко влијание, но предупредува дека има одредени политички партии кои, како што вели, се обидуваат да ја злоупотребат маката на оние што ги загубија своите најмили. -Лично мислам дека мора така да биде, не може да биде поинаку. Е сега има тука одредени политички партии што на овој случај, за жал, на маката на луѓето кои ги изгубија своите најмили се обидуваат да градат политичка кариера и затоа не можеме да кажеме дека…
Буџетот кој што владата го издвојува за правосудниот систем е повисок од 75 проценти од земјите членки на Европската Унија и јас апсолутно не гледам потреба за зголемување на таа сума, односно тој буџет, изјави премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма. „Што се однесува до делот за одобрување на плановите за вработување и унапредување, немам никаков проблем. Немам никаков проблем да се одобрува планот за вработување и унапредување од страна на судскиот совет и еве владата како небитна, само нека ја информираат. Нема никаков проблем“, потенцира Мицкоски. Тој додаде дека владата не се меша во судството,…
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија остарил средба со шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, поветена на координацијата околу претстојната институционална презентација во Брисел за Скопје – Европска престолнина на културата 2028. -Скопје кон Европа! Заедничка стратегија за презентацијата во Брисел – „Скопје – Европска престолнина на културата 2028”. Денес во Министерството за надворешни работи остваривме продуктивна и стратешки важна средба со министерот Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков, целосно посветена на координацијата околу претстојната институционална презентација во Брисел за Скопје – Европска…
Премиерот: Го прифаќаме предлогот на опозицијата за формирање Анкетна комисија за случајот со Кочани
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го прифаќа предлогот на опозицијата за формирање на Анкетна комисија во собранието за случајот со Кочани,изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ. „Во ред, ќе зборуваме, но ќе зборуваме и за сите останати големи трагедии кои што нѝ се случија во изминатите години. За се да зборуваме, затоа што сите виновници, апсолутно сите, да се изведат пред лицето на правдата. Во најмала рака, кога во парламентот има ваков тип на анкетна и надзорна расправа, тогаш граѓаните треба да видат и слушнат кој е тој што направил…
Премиерот Христијан Мицкоски ја обвинува опозицијата дека ја води најниската форма на политика – некрофилска политика. Во своето гостување на Телма, тој зборуваше за барањата за Анкетна комисија во врска со трагедијата во Кочани. -Внимателно ја слушам дебатата на политичката сцена. Од опозицијата стигнуваат какафонични пораки. Претседателот на СДСМ од една страна обвинува дека судството и обвинителството се под политички притисок од оваа Влада која јас ја предводам, и сега кога овој случај е таму воден од обвинителството, а започнува во судството, тој вели „не, дебатата да ја пренесеме во Парламентот“. Тоа не го прават тие за да ја истераат…
Сиљановска-Давкова: Творештвото на Чемерски заслужува темелно да се истражи, документира и претстави
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими сопругата и ќерката на уметникот Глигор Чемерски, придружени од кураторот д-р Кирил Пенушлиски. Членовите на неговото семејство изразија загриженост за состојбата во којашто се наоѓаат делата на великанот Чемерски и ја потенцираа потребата од нивна реставрација и презервација, по примерот на успешно обновениот Споменик на слободата во Кочани. Претседателката сподели искрена желба да придонесе во заштитата на делата на Чемерски, укажувајќи дека некои од нив ја красат свечената сала и претседателскиот кабинет. Таа го поддржува проектот „Топла земја: Монументалното творештво на Глигор Чемерски“, којшто цели темелно да го истражи, документира и претстави неговото творештво, со фокус на мозаиците,…
Партијата Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД) на Милорад Додик ќе плати казна од 15.000 евра поради поттикнување омраза и навредлив говор кон Бошњаците на предизборен митинг. На собир организиран во рамките на кампањата за предвремените претседателски избори во Република Српска, Додик ги спореди Бошњаците со „амеби“ и ги нарече „лажливи Турци“. „Никој не лаже полошо и повеќе од Турчин“, изјави Додик на 10 ноември, повикувајќи ги локалните власти да спречат купување станови од страна на Бошњаците на територијата на РС. Централната изборна комисија на БиХ (СИП) со мнозинство гласови оцени дека неговите изјави претставуваат говор на омраза, за кој согласно…
Најмногу дожд до 16:30 часот денеска наврна на Попова Шапка, а најмалку во Штип, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи за последните девет часа. Според УХМР, на Попова Шапка биле измерени 35 литри дожд на квадратен метар, во Лазарополе и Пожаране 29 литри, во Тетово 25, во Маврови Анови 19, а на Скопје – Зајчев Рид 17 литри. Во Крушево и Тополчани наврнале по 10 литри, во Претор 7, во Охрид 6, а по 5 литри се измерени во Крива Паланка, Ѓуриште, Битола, Велес и Пожар. Прилеп добил 3 литри, Струмица и Берово по 2, а во Штип само…
Комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос, на Форумот за проширување во Брисел изјави дека ЕУ е целосно подготвена да ја интегрира Црна Гора дури и без значајни внатрешни реформи. Таа посочи дека земјата е мала по обем – „една третина од големината на Виена, големината на Тулуз или Штутгарт“ – и затоа нејзиното членство нема да претставува оптоварување за Унијата. Кос потсети и дека во 2004 година Унијата успешно интегрирала 70 милиони нови жители. Сепак, таа нагласи дека во пристапниот процес нема да има „кратки патишта“ и дека Брисел нема да прави компромиси со европските стандарди и неопходните…
Во објава на социјалната мрежа Фејсбук, тој изјави дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, испратила вонредно писмо до земјите-членки, барајќи дополнителни средства „за финансирање на Украина“. „Ќе имаме што да кажеме и за тоа“, рече Орбан. Во прилог на објавата е фотографија од Орбан во консултација со шефот на кабинетот на премиерот Гергел Гуљас, министерот за надворешни работи Петер Сијарто, министерот за национална економија Мартон Наѓ, политичкиот советник Балаш Орбан и државниот секретар задолжен за програмското биро на премиерот Јан Матео.
