Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ќе спиеме еден час повеќе – За неколку дена ги враќаме стрелките на часовникот
    • Нема листи на чекање во градинките во Центар – проблем останува недостигот од кадар
    • Хорор го потресе светот – Мајка се обидела да ги убие своите две деца и сопругот
    • Македонската полиција влезе во домот на младо момче – Веднаш го приведе
    • ВРЕДИ: Нови можности за студентите, библиотеката „Кочо Рацин“ добива универзитетски статус
    • Трамп застана на страната на Русија – го брани Путин
    • Три дена одмор пред нас: УХМР со временска за продолжениот викенд
    • Се очекува температурата да падне до -40 степени – Градовите во оваа земја веќе се покриени со снег
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хорор во Македонија: Ја киднапирал, ја избодел до смрт и ја закопал во дворот

    Хорор во Македонија: Ја киднапирал, ја избодел до смрт и ја закопал во дворот

    16.11.2025 во 15:08Updated:16.11.2025 во 15:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СВР Штип во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава против Д.А (74) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство” по член 123 и “противправно лишување од слобода” по член 140 од Кривичниот законик. Toj се сомничи дека во домот во кој живее во Штип без нејзина волја ја држел Б.Н.(79) од Штип, а потоа со остар предмет и нанел убодни рани од кои починала, по што телото го закопал во дворот.

    Имено, на 24.10.2025 во СВР Штип, Д.О.(84) од Штип пријавила дека од домот се оддалечила нејзината сестра Б.Н.  По преземени мерки, а поради сомнение дека противправно ja држел во неговиот дом, на 10.11.2025 со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом и биле пронајдени и одземени повеќе предмети и траги од крв. По претресот, тој бил лишен од слобода и му била изречена мерка притвор во траење од 96 часа и бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Куманово.

    По дополнително преземени мерки и добиено вештачење на одземените траги и предмети, во СВР Штип повторно е извршен разговор со Д.А. во кој тој детално го појаснил начинот на кој го извршил убиството.

    Телото е пронајдено и по наредба на јавен обвинител било дадено на обдукција, а Д.А. бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

    Прочитај повеќе

    Македонската полиција влезе во домот на младо момче – Веднаш го приведе

    21.10.2026 во 10:00

    Хорор за скопјанка: Екс-партнерот ја истепал и ја оставил без телефон и паричник

    21.10.2026 во 09:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.