Close Menu
Press24
    Најново

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Испразнете ги базентите, август и септември се пикот на западнонилската треска, посочи Клековски

    17.08.2026 во 16:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Најмалку пет Палестинци загинаа во новите израелски напади врз Газа
    • Ангелов: Пожарот кај прилепското село Чаниште зафати најмалку една куќа и помошен објект, екипите спречија поголема катастрофа
    • (ВИДЕО) Мисајловски: Нека одекне гордоста
    • Стоилковиќ – Колумбиа: Продлабочување на соработката за поддршка на општините
    • Божиновска: Македонија се подготвува официјално да се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор
    • Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење
    • ФОТОВЕСТ: Колони автомобили на бензиските – сите точат пред големото поскапување по полноќ
    • ЦУК: Активни седум пожари, два под контрола и 13 изгаснати
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Заврши општата расправа за Предлог-буџетот за 2026, од утре амандманска

    Заврши општата расправа за Предлог-буџетот за 2026, од утре амандманска

    17.11.2025 во 17:314 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собраниската Комисија за финансирање и буџет, попладнево, по три дена расправа, го заврши општиот претрес по Предлог-буџетот за 2026 година. Расправата по поднесените над 100 амандмани ќе продолжи утре, по завршување на закажаната пленарна седница, најави претседателката Комисијата Јованка Тренчевска.

    Пратениците од владејачкото мнозинство и во попладневниот дел од расправата изнесоа ставови дека предложениот буџет е реален и развоен со индикатори базирани на подобрување на економскиот раст и силна реализација на проектите и приходите.  Со реалзиација на предложениот буџет, според нив, ќе се реализираат потреби и барања на граѓаните бидејќи се обезбедуваат повеќе средства за повисоки плати, пензии, нови училишта, градинки, развивање на инфраструктурата, дигитализацијата, капиталните инвестиции. Наспроти нив, опозициските пратеници сметаат дека предложениот буџет е нереален, неразвоен и социјален и нема да го подобри стандардот на граѓаните и услугите од државата. Критикуваа и дека ќе се зголеми јавниот долг и оти се намалени капиталните инвестиции.

    – Предлог буџетот е реален со силно изразена развојна компонента, ја изразува волјата на извршната власт за стабилизација и основа за развој, со непотребни трошоци сведени на нула. Сведоци сме на мерки и активности кои веќе покажаа резултати, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски.

    Тој дополни дека Фискалниот совет за Предлог-буџет првпат укажал дека има први знаци и чекори на фискална консолидација, како и  дека и Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка ги ревидираа на повисоко процентите за раст.

    Јаревски наведе дека приходите се проектирани на 374,7 милијарди денари, а расходите на 414 милијарда денари, со дефицит од 39 милијарди денари или 3,5 проценти од БДП, што, потенцира, е половина процент помалку за разлика од претходно.

    – Дефинираниот раст од 3,8 проценти е реален, имаме силна реализација на тековните проекти и на приходите. Инфлацијата е проектирана на 2,5 проценти, наведе Јаревски.

    Фатмир Битиќи од СДСМ во реплика го праша Јаревски за какви развојни проекти зборува  кога, како што рече,  во Извештајот на Европската комисија било укажано дека капиталните расходи се 46 проценти во средина на ноември.

    – Тагувам кога ќе видам ваков буџет и кога 7 проценти раст на платите го кажувате како револуционерно, а е поради усогласувањето со минималната плата, рече Битиќи.

    Неговиот сопартиец Димитар Ковачевски смета дека предложениот буџет не е фискално одржлив и развоен и оти не обезбедува соодветна фискална консолидација.  –  Ова е потрошувачки и социјален буџет за купување социјален мир бидејќи 91 проценти од расходите се за трошоци што не генерираат раст. Социјален е, а не развоен, затоа што социјалните трансфери и субвенции надминуваат 130 милијарди денари, за 30 проценти повеќе од сите расходи, што ја открива политиката на одржување статус кво, рече Ковачевски.

    Тој посочи дека Владата проектира 214,1 милијарди денари даночни приоходи, за 6 проценти повеќе од годинава,  истакнувајќи дека „значаен дел од тие средства наместо за инфраструктурни проекти ќе одат за покривање на тековните расходи“.

    Критикуваше  дека проектираните капитални инвестиции на износ од 40,5 милијарди денари се намалени за седум милијарда денари во однос на нивниот износ со последниот ребаланс.

    – Превладува инвестирањето во проектите на „Бехтел и Енка“ и на Коридорт 8 кон Бугарија кои од критикувани станаа двигатели на развој. Проектите во здравството и брзата пруга на Коридорт 10 се буџетирани со ниски средства што значи дека не се планира сериозно инвестирање, рече Ковачевски.

    Љупчо Пренџов од ВМРО-ДПМНЕ, реплицирајќи рече дека Ковачевски бил директен креатор на Буџетот како заменик министер за финансии и премиер во периодот од 2020 до 2024 година и оти во тој период имало зголемување на јавниот долг.

    Реплицираше и Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, кој во прилог на состојбите во економијата ја изнесе есенската економска прогноза за 2025 година на Европската комисија, каде меѓу, другото е наведено дека бруто инвестиции ќе бидат главен поттикнувач на растот, како и дека јавните работи на кородорите почнале во 2025, но и дека приватните ивестиции имаат корист од подобрувањето на амбиентот и кредитирањето од Унгарија и кредитните линии од ЕИБ.

    Вкупните приходи во Предлог-буџетот за следната година се проектирани на 374,7 милијарди денари, расходите на 413,9 милијарди денари, а капиталните инвестиции на 40,5 милијарди денари или 650 милиони евра. Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП.

    Прочитај повеќе

    Велјановски ги најави новите странски инвестиции во ТИРЗ зоните низ Македонија

    17.08.2026 во 11:37

    Петрушевски: СДС нема политика и измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

    17.08.2026 во 11:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.