Close Menu
Press24
    Најново

    „Денови на Јустинијан I“ по 14-ти пат ги собира светските научници во Скопје

    30.10.2026 во 08:19

    Нов инфраструктурен зафат во Гази Баба – Мицкоски ќе го означи почетокот на работите

    30.10.2026 во 08:16

    Црногорскиот вицепремиер Ивановиќ во Скопје: Средби со Гаши и Николоски во рамки на посетата

    30.10.2026 во 08:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Денови на Јустинијан I“ по 14-ти пат ги собира светските научници во Скопје
    • Нов инфраструктурен зафат во Гази Баба – Мицкоски ќе го означи почетокот на работите
    • Црногорскиот вицепремиер Ивановиќ во Скопје: Средби со Гаши и Николоски во рамки на посетата
    • Ќе нема струја до 14 часот – Исклучување во делови на Скопје
    • На маса 124 амандмани – Продолжува собраниската расправа за буџетот
    • УХМР со многу лоша викенд временска прогноза
    • Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
    • Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Монтгомери: Новиот американски пристап кон Балканот веќе се гледа во укинувањето на санкциите

    Монтгомери: Новиот американски пристап кон Балканот веќе се гледа во укинувањето на санкциите

    18.11.2025 во 17:142 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поранешниот американски амбасадор Вилијам Монтгомери изјави дека САД денес имаат претседател со поинаков пристап кон Западен Балкан и дека очекува и односот кон Република Србија да се промени, што, според него, веќе го покажува укинувањето на санкциите.

    Говорејќи во Бања Лука, Монтгомери нагласи дека новата американска администрација веќе работи на измена на политиката кон регионот.

    „Добар знак е што санкциите се укинати и ако било кој ќе работи на промена на тој однос, тоа е администрацијата на Доналд Трамп“, рече Монтгомери пред студентите на Филозофскиот факултет, каде ја промовираше својата книга „Не/дипломатски животи“, преведена на српски јазик.

    Прашањето за Канцеларијата на високиот претставник

    Монтгомери истакна дека постоењето на Канцеларијата на високиот претставник во БиХ е едно од најитните прашања, бидејќи земјата, и по 30 години од војната, „ја нема својата судбина во свои раце“.

    „Како да е земја од втора категорија. Време е овие работи да се променат“, изјави тој, пренесува Срна.

    Дејтонскиот договор

    Говорејќи за 30-годишнината од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, Монтгомери нагласи дека договорот треба да се разбира како вид на примирје што им овозможило на сите страни да ги потврдат своите права и да го искористат преодниот период за донесување заеднички одлуки и резолуции.

    „На Дејтонскиот мировен договор му се пристапува како кон цврсто напишан збор, а на граѓаните им се потребни промени и прилагодувања“, посочи Монтгомери.

    Прочитај повеќе

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Земјотрес ја погоди Србија

    29.10.2026 во 22:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.