Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Претседателката отповика неколку амбасадори

    Претседателката отповика неколку амбасадори

    18.11.2025 во 20:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, потпиша укази за отповикување на тројца амбасадори на Македонија – во Италија, Австрија и Индија, додека амбасадорот во Бразил добива проширени надлежности, пренесе Слободен печат.
    Најновите укази предвидуваат престанок на мандатите на тројца актуелни амбасадори во наредниот период, со прецизно утврдени датуми за нивно враќање во земјата.

    Со Указ број 34, од должноста се отповикува Весел Мемеди, вонреден и ополномоштен амбасадор во Италијанската Република. Неговиот мандат, кој ги опфаќа и нерезидентните должности за Сан Марино и Малта, ќе престане заклучно со 31 јануари 2026 година.

    Со Указ број 35, Освит Росоклија е отповикан од позицијата амбасадор во Република Австрија. Неговата должност ќе заврши на крајот на февруари, односно заклучно со 28 февруари 2026 година.

    Третото отповикување се однесува на амбасадорот во Њу Делхи. Со Указ број 36, Слободан Узунов е отповикан од должноста амбасадор во Република Индија. Узунов, кој истовремено ги покриваше и Народна Република Бангладеш и Социјалистичка Република Шри Ланка на нерезидентна основа, ќе ја извршува функцијата заклучно со 19 декември 2025 година.

    Покрај отповикувањата, Претседателката донесе и одлука за проширување на дипломатското покривање во Јужна Америка.

    Со Указ број 37, Игор Попов е именуван за нерезидентен вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија за Ориентална Република Уругвај. Попов оваа функција ќе ја извршува од Бразилија, каде што е веќе стациониран како резидентен амбасадор.

    Сите укази стапуваат на сила со денот на донесувањето, а за нивното извршување е задолжен Министерот за надво

    Прочитај повеќе

    СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности

    19.09.2026 во 14:54

    11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола

    19.09.2026 во 14:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.