Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Тројца убиени во пукотница во шпанско одморалиште, меѓу нив бремена жена и дете

    17.08.2026 во 13:55

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Историско судење: Ако „Мета“ го загуби спорот, Instagram и Facebook би можеле засекогаш да се променат
    • Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“
    • Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“
    • Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките
    • Канада пред нов удар: САД воведуваат царини од 50 проценти во средa
    • Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување
    • Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
    • Почнува судењето за убиството на Тупак
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мајка на загинатиот Андреј до адвокатите на обвинетите: Со какви крвави пари ќе се вратите дома?

    Мајка на загинатиот Андреј до адвокатите на обвинетите: Со какви крвави пари ќе се вратите дома?

    19.11.2025 во 17:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Васка Лазарова, мајката на трагично загинатиот млад фудбалер Андреј Лазаров, по првото судско рочиште за несреќата во дискотеката „Пулс“ зборуваше за болката, разочарувањето и револтот што ја следат откако ја загубила својата единствена радост.

    Таа со тешко срце раскажа дека не успеала да го прегрне синот во миговите пред трагедијата, иако штотуку се вратил од странство каде тренирал фудбал.

    „Си дојде во девет и пол вечерта, излезе… Јас бев во Турција и не можев ни да го видам. Толку беше“, вели Лазарова, потсетувајќи дека последен пат го видела пред два месеци поради интензивните негови тренинзи и обврски.

    Таа говори и за скромните семејства кои ги изгубија своите деца, опишувајќи ги како „преталентирани, преубави, скромни“. Болката, додава, е иста за сите мајки – независно од тоа што работеле и каков живот имале нивните деца.

    Но најголемиот револт го упати кон адвокатите на обвинетите.

    „Нека се чукнат во глава… дали имаат тие деца и дали некој ден може и нивните да ги снајде истата судбина“, кажува Лазарова со силна огорченост.

    Потоа продолжува:

    „Со какви пари ќе се вратат дома? Со кои крвави пари?“ – прашува таа, алудирајќи дека постапките на одбраната дополнително ги повредиле родителите, исто толку силно како и денот кога ја доживеале трагедијата.

    Прочитај повеќе

    Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување

    17.08.2026 во 22:11

    Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров

    17.08.2026 во 22:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.