Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Попов: Довербата на младите во институциите се враќа со работа дома

    Попов: Довербата на младите во институциите се враќа со работа дома

    19.11.2025 во 19:563 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сергеј Попов, пратеник во македонското Собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, денес гостуваше во емисијата „Само вистини“ на телевизија Канал 5, каде се осврна на темата за младински политики, и ја нагласи улогата на УМС на ВМРО-ДПМНЕ како мост меѓу раководството на партијата и младите. Според него, враќањето на довербата на младите во институциите не зависи исклучиво од евроинтегративниот процес, иако евроинтеграцијата останува важен приоритет.

    „УМС на ВМРО-ДПМНЕ е практично мостот или линкот меѓу постарите раководства во ВМРО-ДПМНЕ и младиот човек во Република Македонија“, посочи Попов.

    Тој вели дека довербата на младите во институциите на државата се гради преку конкретна работа дома, како реновирање и изградба на студентски домови, нов медицински факултет, ваучери за студенти за набавка на електронски уреди и отворање можности за младите специјализанти во земјава.

    „Најмногу довербата на младите во институциите се враќа со работење дома во рамки тие институции, за тие млади луѓе. Нема потреба од никаков евроинтегративен процес за да реновираме студентски домови, нема потреба од евроинтегративен процес за да изградиме нов студентски дом во Штип, и да изградиме нов медицински факултет во Штип, никако не зависи евроинтегративниот процес до тоа да им дадеме на 55 илјади студенти ваучер од 250 евра за да си купат електронски уред“, вели Попов и додава:

    „Не влијае евроинтегративниот процес за да им ја влееме довербата на младите специјализанти, дека може да најдат работа овде во Македонија. Не ни треба исто така евроинтегративен процес, низ кој ќе се обезличуваме како народ, за да на пример, започнеме со дигитализација на факултетите и на индексите“.

    Според него, младинската политика не е само делот на образование, туку и сите проекти што ја подобруваат секојдневната средина како нови патишта, почисти градови и подобри услови за живеење на младите во земјава. Како што вели тој, довербата кај младите се враќа со резултати и работа, а не со прифаќање национални компромиси во име на евроинтеграциите.

    -И овде мислам на сите работи кои што ги реализираа оваа Влада, бидејќи исто така сум голем поборник на тоа да не гледаме младинска политика само во изградба на школо, факултет или реформа во високо образование. Младинска политика е се ова што се случува околу нас. И кога ќе тргнеме накај Охрид по новиот пат, и кога ќе тргнеме накај Прилеп по новиот пат, и сега кога ќе излеземе кога ќе го видиме градот почист од тоа што беше, се е тоа една младинска политика, и се е тоа камче во мозаикот како се враќа доверба од страна на младите во институциите. А не се враќа сигурно со коленичење и виткање кичма, и гледање на евроинтeгративниот процес строго како низ процес на национални отстапки, потенцира Попов.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.