Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Франција се подготвува за нови протести: Засилени безбедносни мерки и 2.500 приведени лица досега
    • Јавна дискусија за ЗОРОДУ: Jасни надлежности и одговорност како темел на функционална државна управа
    • Пренџов: Кандидатот на ДУИ за Брвеница е само обид на Ахмети да се врати на политичката сцена
    • Потврден случај на ебола во главниот град на Нигерија
    • Средба Шасивари – Малукос: Силна поддршка од Атина за европската интеграција и реформите во правосудството
    • Владини веб-страници исклучени поради критични безбедносни пропусти: Итна реакција низ Европа
    • Младинските политики остануваат само на хартија: Општините не го почитуваат законот
    • Скопје: Се судрија автобус и автомобил
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ Албанија има нови канцеларии: Мицкоски им отиде на гости

    ВМРО-ДПМНЕ Албанија има нови канцеларии: Мицкоски им отиде на гости

    20.11.2025 во 18:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска во Тирана во присуство на голем број Македонци од Албанија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата Христијан Мицкоски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоргија Сајкоски и претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска, на покана на Македонско здружение  “ВМРО-ДПМНЕ Албанија” присуствуваа на отворање на новата канцеларија на ова здружение.

    Мицкоски во обраќањето пред присутните ја нагласи и можноста на Македонците во Албанија да имаат свој клуб, можност за здружување, можност слободно да работат на зачувување на својата култура, идентитет, јазик и традиција, можност што ја немаат Македонците во Пиринскиот дел на Бугарија.

    -Македонците во Пиринскиот дел ја немаат оваа можност да се организираат, во 21 век се спречени да регистрираат невладино здружение, не можат да зборуваат слободно за својот македонски идентитет. Ние сме вредни, трпеливи и умни и ве уверувам дали сега или во периодот којшто следи, ќе дојдеме до таа цел, посочи Мицкоски.

    -Мене ми е драго што на сите овдека ни е јасен тој наш вековен автентичен македонски корен и наш вековен македонски идентитет. Како што можам да забележам македонскиот јазик се негува и се чува и тоа особено ме импресионира вечерва, направи споредба Мицкоски при отворањето на македонскиот клуб.

    -Македонската држава ќе биде столб на Македонците во светот каде и да се, држава којашто е нивна татковина, држава којашто со отворени раце ги чека да дојдат дома и да бидат заедно со Македонците во Македонија, им порача на присутните во Тирана на отворањето на клубот на македонско здружение  “ВМРО-ДПМНЕ Албанија”.

    Прочитај повеќе

    Пренџов: Кандидатот на ДУИ за Брвеница е само обид на Ахмети да се врати на политичката сцена

    21.10.2026 во 19:30

    Грција дава поддршка за македонските евроинтеграции, Шасивари се сретна со амбасадорот Малукос

    21.10.2026 во 15:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.