Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Силно невреме ја погоди Грција: Поплави, лизгања и блокирани патишта

    Силно невреме ја погоди Грција: Поплави, лизгања и блокирани патишта

    21.11.2025 во 10:281 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Силното невреме со обилни врнежи од дожд, грмотевици и силен ветер предизвика сериозни штети на грчкиот остров Крф, во областа Епир, како и во градовите Јанина, Арта, Парга и Игуменица. Лизгања на земјиштето, паднати карпи, блокирани патишта и поплави ги погодија западните и северозападните делови на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

    На Крф, обилните дождови направија големи проблеми во северниот дел на островот, при што многу области останаа непроодни. Слична е ситуацијата и во поширокиот регион на Епир, каде што реката Каламас се излеа и поплави земјоделски површини.

    Според Националната опсерваторија во Атина, времето во Грција во периодот од вторникот до вчера покажало две различни „лица“: силни дождови и интензивни грмежи во западните и северните делови, додека на југ и исток врнежите беа многу ограничени и со слаба јачина.

    Најголемото измерено количество врнежи беше во Коница, каде што паднаа 246,8 милиметри дожд, а 29 од вкупно 543 активни метеоролошки станици регистрираа над 100 милиметри дожд. Во делови од Тесалија, централна Грција, Пелопонез, Евија, Крит и островите во Егејското море, во истиот период не е забележан дожд.

    Локалните власти апелираат до граѓаните да ги почитуваат предупредувањата и да се придржуваат кон мерките за безбедност на поплавените и небезбедни подрачја.

    Прочитај повеќе

    Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија

    18.09.2026 во 23:59

    Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград

    18.09.2026 во 23:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.